
Нашата најомилена сезона - започнува! Тоа е сезоната на голите мажи што истрчуваат од позадина, сезона на бакнежи, на шамари, на радост и качување по столчиња, сезона на селфија и многу други нешта на кои ќе се потсетуваме подолу. Зашто за жал веќе сезоната стана многу поинаква од минатото. Знаете за што станува збор - сезоната на Оскарите!
Освен лани, кога малце закаснив, секогаш последната недела во ноември ја отворам оваа тема во која се помалку и помалку дискутираме, па полека се претвора вомој монолог. Но традицијата мора да се испочитува, па, еве ме пак! Ако ништо друго, бар ќе ви помогнам ако ви се гледа нов филм а поим немате што да гледате.
Ова е 14 моја тема за Оскарите на Кајгана форум! Полека тргнуваме во средно.
Ако некој сака временска машина за минатото, бујрум:2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020/21
2021
2022
2023
2024
98 награди на Американската филмска академија, популарно наречени по името на статуетката која се доделува - Оскари, ќе биде за најдобар филм прикажан низ американските кина во периодот 01 јануари 2025 до 31 декември 2025, и имале минимум непрекинато прикажување од една недела. Оскарите ќе бидат традиционално доделени во Dolby Theatre во Холивуд, на 15 март 2026. Конан О'Брајан, кој ја водеше церемонијата на Оскарите 2025, ќе се врати како водител по втор пат и во 2026. Тој е телевизиски водител, сценарист, продуцент и комичар, освојувач на ЕМИ награди. Телевизиски, шоуто ќе биде продуцирано и пренесувано од ABC, исто така втора година по ред.
Шеснаесеттите Governors Awards, или попознати како „Почесни Оскари“, се доделија пред некој ден, на 16.11.2025. Добитниците беа објавени во јуни 2025, а Оскари добија: актерката, режисерка и продуцентка Деби Ален, актерот и продуцент Том Круз и продукцискиот дизајнер Вин Томас. Jean Hersholt хуманитарниот Оскар го доби пејачката, актерка, филантроп и бизнисменка - Доли Партон.
Трета година по ред важат новите woke правила за да можат филмовите да бидат eligible за Оскар:
Но оваа година има нови правила од кои се засегнати членовите на Академијата, па така за некој да може да гласа во одредена категорија, ќе мора да докаже дека ги гледал сите филмови во таа категорија. Секако, си останува правилото дека секоја посебна бранша си гласа во својата категорија, а сите можат да гласаат за најдобар филм. Ова лани го објаснивме подетално како функционира, па така ако сакате да прочитате повеќе, отворете ја ланската тема.Со други зборови, ова означува:
- претставување на инклузивност на малцинства, теми и наративи на самиот екран
- креативно водство и управување со самиот проект
- пристап во индустријата и можности
- целна група (развивање за одредена публика)
- дел од ликовите да се припадници на традиционално помалку вклучените: расни и етнички групи, жени, LGBTQ+ лица, или лица со когнитивни и физички недостатоци, или глуви и со проблеми со слухот, или темите во филмот да се поврзани со тие малцинства
- дел од тимот кој го снимал филмот или актерската екипа да се припадници на традиционално помалку вклучените: расни и етнички групи, жени, LGBTQ+ лица, или лица со когнитивни и физички недостатоци, или глуви и со проблеми со слухот,
- овозможуваат вработување во филмската индустрија на било кој начин на лица од расни и етнички групи, жени, LGBTQ+ лица, или лица со когнитивни и физички недостатоци, или глуви и со проблеми со слухот,
- филмовите се наменети за лица од расни и етнички групи, жени, LGBTQ+ лица, или лица со когнитивни и физички недостатоци, или глуви и со проблеми со слухот.
Е сега, знаете дека пред 3 години „го пензионирав“ системот кој го користев цела деценија пред тоа за одредување на главните фаворити, зашто сметав дека е непотребен затоа што The Gold Derby рангирањето го прави на сличен начин, па затоа не гледам потреба од дупла работа кога горе-долу ќе ги добијам истите резултати. Затоа ви ги презентирам филмовите кои се главни фаворити за Оскар во главните категории на начин како што The Gold Derby ги има презентирано на ден 22.11.2025 во 20:00 часот:
____________________________________________________________________
ФИЛМ (ранк-листа)
(со кликање на името или постерот, одите до Letterboxd страницата за филмот)
01. One Battle After Another - Paul Thomas Anderson (94,10% шанси за номинација)

02. Hamnet - Chloé Zhao (93,91% шанси за номинација)

03. Sinners - Ryan Coogler (91,22% шанси за номинација)

04. Sentimental Value - Joachim Trier (89,42% шанси за номинација)

05. Marty Supreme - Josh Safdie (87,37% шанси за номинација)

06. Wicked: For Good - Jon M. Chu (83,08% шанси за номинација)

07. It Was Just an Accident - Jafar Panahi (81,67% шанси за номинација)

08. Frankenstein - Guillermo del Toro (79,08% шанси за номинација)

09. Avatar: Fire and Ash - James Cameron (61,24% шанси за номинација)

10. Bugonia - Yorgos Lanthimos (50,22% шанси за номинација)

...to be continued!














































































































штета за Силјан што не се пласираше...