Најлесно е преку фејсбук на дивите продавнички, си оставаш податоци и оп - не го добиваш тоа што си го нарачал
Или ќе ти го пратат преку Карго Експрес и ќе се молиш со недели да ти го донесат и на крај ќе ти се јават и дрско ќе те обвинат тебе зашто они се крш.
Не, шега на страна, не дека сме си наши, да имаше навистина нешто - ќе си кажев, јас сум секогаш искрен кога нешто ми смета, нарачките преку Kajgana Shop се едни од најпозитивните искуства кои сум ги имал при нарачување онлајн, од нарачка, услуга, па се до достава и квалитет на производи. Доколку се двоумите да нарачате поради било каков проблем кој сте го имале со другите интернет продавници, верувајте дека тука нема да имате таков проблем (добро, освен што нема платнени торби во понудата
). Thumbs up, само продолжете така!