Like Stars on Earth (2007)
Горе доле се сложувам со се што сте напишале. Пак ќе кажам, мене филмот ми е 90% приказната 10% се останато. Индицијте се чуден народ, работев со нив на многу филмови. Ако им дадеш идеја, ќе го направат тоа што си го замислил. Ако оставиш на нив да смислат, доаѓаат овие малку нетипични кадри, музики, пост продукција, глума итн.
Мене приказната ми беше совршена и погодена скроз. Горделив татко кој не може да се помири дека син му има потешкотии или како што он вика ретардиран, мајка која не смее да писне поред таткото, а срце и плаче. И братче ко братче, проба да му помогне ама ете не биваше.
Професорот маестрален! Поголем татко од таткото, лик како што секое дете заслужува. Музиката беше истотака фантастична, сите песнички ме бендисаа.
Во целина филмот не е нешто невидено ама ете ме погоди кај што требаше.
На малку друга тема, вакви филмови многу ми лежат после толку гледање на Холивуд. Не можам да се помирам дека секој филм у први 30 минути имаат лапање или секс сцена што скоро па никако не дава на приказната или дека веќе се е клише и обработено. Не велам дека оваа приказна не е клише, ама од малку поинаква перцепција ми е сосема ок, и повеќе од ок.
Biased, ама 10 од 10.