Инфо за сите: Кејот конечно е осветлен повторно (за делот Центар, Карпош). Тие што не трчале навечер може не знаат, но веќе подолго време светилките беа изгаснати и освен делот од реторанот парк кај скејт паркот до источен влез на стадион и мал дел кај градска плажа, друго се беше темно, единствени светилки беа некои далечни светла од Палас, но на многу места и воопшто не се гледаше на што трчаш, па скроз можеше да нагазиш на камен, некоја дупка или еже/патка што поминувала, што и ментална бариера ти прави во трчањето. Се надевам нема пак да се повтори ова и дека светлото од канделабрите ќе свети, барем секоја втора нека е упалена. Не секој може да стигне да трча/вози точак дур е светло.
Патем ептен сакам да пишувам на темава и да е активна, бидејќи секогаш убава енергија има тука и луѓето се поддржуваат меѓусебно. Браво за
@Anon и за останатите на изминатите страни што споделуваат тренинг програми и други општи совети околу трчањето. Сметам дека тоа е единствено исправно, бидејќи има и некои ликови што наплаќаат за тие тренинг програми, не само во трчањето, туку и во фитнес, што за мене во никој случај не е океј, освен ако се работи за ликови со слаби примања и тоа им е единствен начин на егзистенција, тогаш имам разбирање. Дека вака, не може од една страна да се залагаат за развој на атлетика, да се жалиме дека нема добри резултати кај нас, а да им наплаќаш на луѓето и да го правиш нештото лимитирано само за луѓе што можат да си дозволат.
Моментално јас не трчам на премногу трки како порано, но тренирам речиси секојдневно, не трчам поради високите котизации на сите трки и тоа што никнуваат трки на секој чекор, со цел организаторите да си го наполнат џебот и не ми прави кејф да учествувам на такви настани и да одвојувам енормен буџет. Оваа полусезона се пријавив само на 3 трки, 10ката Колорран на која искрено се пријавив само да си направам личен на 10ка, бидејќи немаше други шанси во оваа полусезона, а според тренинзите гледав дека можам да дојдам до такво нешто и успеав, 38:31 ја истрчав што е за 36 секунди подобро од прошлото најдобро на 10ка кое ми датира уште од 2018 година, освен оваа се пријавив и на скопски полу и во Љублана на полу. Тука немам преголеми очекувања да бутнам личен, ама кога е полу во пршање искрено сум задоволен и да истрчам блиску до личниот, а да ми е лесно истрчано без многу мачење.
Околу тренинзите мој совет ви е кога се наоѓате неколку месеци пред трка се до некаде 4 недели пред истата, да правите должини со комфорен пејс, да имате база зад себе, исто така еднаш неделно да вметнеме трчање со побрз пејс на минути и да накачувате (почнете од 5, па следна неедела 6 минути), трчајте малку побрзо од 5км пејсот на трка. Како се наближува трката, вметнувајте интервални тренинзи, едни пократки интервали 200,300,400, едни подолги 1000,1500 во неделата, па секоја недела повеќе на број накачувајте ги. Недела пред трка немојте многу да форсирате, тренинзите нека ви се лесни, еден интервален со сите брзини 200-400-800-1500 или 2000-1000-400, но само со по едно повторување, ви е сосема доволен, нека бидат нозете одморени за трката. Јас вака правам, си запишувам во тефтерче секој тренинг уште од 2019 па навака, па си споредувама кога како сум се чувствувал и така горе доле знам што да трчам, кои тренинзи кога ми годат, сам сум се учел, а тренинзите ко тренинзи нешто од интернет ќе видиш, нешто сам ќе го измислиш да пробаш, нешто другар ќе ти каже уз муабет, битно е да се трча паметно и да се избегнат повредите.
На трки колку и да ве носи атмосферата немојте да се залетувате, верувајте секогаш подобро ќе истрчате ако во главата успеете да одолеете на еуфоријата почетна и на тој налет што ве тера да се пуштите и вие, бидејќи сите почнуваат брзо и не ви е убаво кога некои рендомци ве поминуваат, ама своја трка си водите, они со нивното, вие со вашето, контролирајте се на старт и веќе пола работа сте завршиле.