Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Која програма ја следиш дали може да ми пуштиш да споредам со мојата, и јас сакам слично време 1:40 да направам
Да ми пишеше пп веројатно ќе ти одговорев порано затоа што на меил ќе ми стигнеше. Не го отворам форумов често.
Оваа програма ја следев но после 3-4 недели направив корекции (исфрлив асфалт на Водно, исфрлив брзо одење, исфрлив полиција-цветкова-врв и ги заменив со лесно трчање или точак а додадов и 2 пати во неделата темпо/интервали кои пак беа малку коригирани според VDOT на Jack Daniels).
5та недела си направив трка сам на 5км, истрчав за 21:40.
А на Kolorrun 10км неделата истрчав за ~45:00
1695457816178.png
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.257
Инфо за сите: Кејот конечно е осветлен повторно (за делот Центар, Карпош). Тие што не трчале навечер може не знаат, но веќе подолго време светилките беа изгаснати и освен делот од реторанот парк кај скејт паркот до источен влез на стадион и мал дел кај градска плажа, друго се беше темно, единствени светилки беа некои далечни светла од Палас, но на многу места и воопшто не се гледаше на што трчаш, па скроз можеше да нагазиш на камен, некоја дупка или еже/патка што поминувала, што и ментална бариера ти прави во трчањето. Се надевам нема пак да се повтори ова и дека светлото од канделабрите ќе свети, барем секоја втора нека е упалена. Не секој може да стигне да трча/вози точак дур е светло.

Патем ептен сакам да пишувам на темава и да е активна, бидејќи секогаш убава енергија има тука и луѓето се поддржуваат меѓусебно. Браво за @Anon и за останатите на изминатите страни што споделуваат тренинг програми и други општи совети околу трчањето. Сметам дека тоа е единствено исправно, бидејќи има и некои ликови што наплаќаат за тие тренинг програми, не само во трчањето, туку и во фитнес, што за мене во никој случај не е океј, освен ако се работи за ликови со слаби примања и тоа им е единствен начин на егзистенција, тогаш имам разбирање. Дека вака, не може од една страна да се залагаат за развој на атлетика, да се жалиме дека нема добри резултати кај нас, а да им наплаќаш на луѓето и да го правиш нештото лимитирано само за луѓе што можат да си дозволат.

Моментално јас не трчам на премногу трки како порано, но тренирам речиси секојдневно, не трчам поради високите котизации на сите трки и тоа што никнуваат трки на секој чекор, со цел организаторите да си го наполнат џебот и не ми прави кејф да учествувам на такви настани и да одвојувам енормен буџет. Оваа полусезона се пријавив само на 3 трки, 10ката Колорран на која искрено се пријавив само да си направам личен на 10ка, бидејќи немаше други шанси во оваа полусезона, а според тренинзите гледав дека можам да дојдам до такво нешто и успеав, 38:31 ја истрчав што е за 36 секунди подобро од прошлото најдобро на 10ка кое ми датира уште од 2018 година, освен оваа се пријавив и на скопски полу и во Љублана на полу. Тука немам преголеми очекувања да бутнам личен, ама кога е полу во пршање искрено сум задоволен и да истрчам блиску до личниот, а да ми е лесно истрчано без многу мачење.

Околу тренинзите мој совет ви е кога се наоѓате неколку месеци пред трка се до некаде 4 недели пред истата, да правите должини со комфорен пејс, да имате база зад себе, исто така еднаш неделно да вметнеме трчање со побрз пејс на минути и да накачувате (почнете од 5, па следна неедела 6 минути), трчајте малку побрзо од 5км пејсот на трка. Како се наближува трката, вметнувајте интервални тренинзи, едни пократки интервали 200,300,400, едни подолги 1000,1500 во неделата, па секоја недела повеќе на број накачувајте ги. Недела пред трка немојте многу да форсирате, тренинзите нека ви се лесни, еден интервален со сите брзини 200-400-800-1500 или 2000-1000-400, но само со по едно повторување, ви е сосема доволен, нека бидат нозете одморени за трката. Јас вака правам, си запишувам во тефтерче секој тренинг уште од 2019 па навака, па си споредувама кога како сум се чувствувал и така горе доле знам што да трчам, кои тренинзи кога ми годат, сам сум се учел, а тренинзите ко тренинзи нешто од интернет ќе видиш, нешто сам ќе го измислиш да пробаш, нешто другар ќе ти каже уз муабет, битно е да се трча паметно и да се избегнат повредите.

На трки колку и да ве носи атмосферата немојте да се залетувате, верувајте секогаш подобро ќе истрчате ако во главата успеете да одолеете на еуфоријата почетна и на тој налет што ве тера да се пуштите и вие, бидејќи сите почнуваат брзо и не ви е убаво кога некои рендомци ве поминуваат, ама своја трка си водите, они со нивното, вие со вашето, контролирајте се на старт и веќе пола работа сте завршиле.
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.365
За во недела што е подобро за 5км, да се наместиш понапред или да чекаш да се расчисти па да тргнеш? Лани почнав негде со гужвата во средина и сакав да истрчам под 25мин ама не успеав најмногу поради гужвата, негде 25:40 имав. Сега сакам да се спуштам под 24мин.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Напред. Максимум 50-100 души пред тебе да има само.
 
Член од
7 март 2020
Мислења
15
Поени од реакции
8
Здраво друштво, ако може некоја препорака за добра патика за трчање по асфалт со цена до 4-4.5к ден.
Вообичаено трчам 5-7 км на кеј и имам намера до макс 10 км да стигнам.

Како што гледам овие ми влагаат во буџет со некои попусти

NIKE Revolution 5
NIKE Revolution 6 Next Nature
NIKE Downshifter 12
ASICS Venture 9
ASICS Trail Scout 2
ASICS TRAIL SCOUT 3
ASICS Gel-Sonoma 7
ASICS GEL-EXCITE TRAIL 2
...

Благодарам однапред
 
Мој совет ти е ако не ти е итно, да гледаш некој попуст во Лисиче аутлетот на 50% да начекаш Најк Пегасус, излага тој ценовен ранг од 4к до 5к. Јас сите досега ги имам земено во тој ценовен ранг, додека во Најк продавница во СЦМ истите биле 8к+. Од таму имам земано 2 пати и Лунарглајд 8 за 2.4к брзо откако излегоа, а едно време имаше за 2.4к Пегасус 36ка женски модели, се начекуваат и на 70% попусти, вреди да се прати и да се биде стрпелив. Од тоа што е сега на попуст, има 10% на веќенамалените продукти во Спорт Вижн (патем има попусти и во Баз, Спорт Реалити, Спорт М), гледам 42 бројче има Пегасус 40ка за 5790 (10% генерира откако ќе се додадат во кошничка), има и 39 Шилд за 5179 . Од овие што ги наброја Најк и Револушн и Дауншифтер се лесно потрошливи патики со многу малку заштита и ептен базична технологија на ѓонот, супер патики за одење, ама би ги одбегнал за трчање. Асикс моделиве не ги знам, ама некој делуваат дека се тешки патики со ѓон за трејл, што ако трчаш на кеј не знам дали ти треба, повеќе би одел да е рамна подлогата и да е полесна патиката, полесно да се витка ѓонот да не е тврд и тежок.

П.С. Ако нарачувате онлајн гледајте пробајте во некоја продавница истиот модел за да се осигурате за бројчето, пример овие Пегасус јас 42.5 број ги носам (напред v форма имаат), а други патики за трчање 42 сум носел.
П.С.2 Јас моментално трчам со Пегасус 38, врв патика, имам веќе 1300км со нив абер си нема од трошење или распаѓање, душата им ја вадам, обично зимаат луѓето една супер лесна патика за трки и брзини, а друга некоја постабилна за долги трчанки, али со Пегасус јас се правам и не би го менувал моделот. Имам зимано и Ултрабуст, Лунарглајд по неколку модели, Пегасус е најдобар.
 
Фала за совет FilipMKD007!

Инаку за zoom pegasus истото мислење го имам буквално , само за 32ка. Купени за околу 2-3к пред многу години со 300та попусти и без намера за трчање. Душата им ја извадив и се уште им ја вадам и плус трчам со нив и се уште се здрави, само веќе почнаа позади да ми прават плускавци и реков да ги сменам.
Значи да избегнувам trail патики ако трчам нс кеј и да чекам zoom pegasus на ултра попуст :D 43 носам така што во моментов нема за мене на попуст(n)
 
Последно уредено:
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.310
Поени од реакции
4.570
И моите се пегасус 38, година и 10 месеци веќе може и 2000км, бојата малку е за никаде светло зелена, кога ќе ги извалкаш изгледаат ко од контејнер да си,ги нашол
Ама ќе доодат до крај на годинава :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Здраво друштво, ако може некоја препорака за добра патика за трчање по асфалт со цена до 4-4.5к ден.
Вообичаено трчам 5-7 км на кеј и имам намера до макс 10 км да стигнам.

Како што гледам овие ми влагаат во буџет со некои попусти

NIKE Revolution 5
NIKE Revolution 6 Next Nature
NIKE Downshifter 12
ASICS Venture 9
ASICS Trail Scout 2
ASICS TRAIL SCOUT 3
ASICS Gel-Sonoma 7
ASICS GEL-EXCITE TRAIL 2
...

Благодарам однапред
https://www.sportreality.mk/obuvki/47541-nike-renew-ride-3

Еве ти добра патика за трчање у граници на буџетот.
 
Член од
7 март 2020
Мислења
15
Поени од реакции
8
https://www.sportreality.mk/obuvki/47541-nike-renew-ride-3

Еве ти добра патика за трчање у граници на буџетот.
Фала ти, ја пробувам во моментов ама премногу е крута и не ми лежи на нога.
Ми ја препорачаа во sportvision asics gel-pulse 14 https://www.sportvision.mk/obuvki/8542186-asics-pulse-14

Има 20% попуст и додатно ваучер 1000 денари до денес ако се купи. Излегуваат 4.400 денари.

Што мислите?
 
Член од
28 мај 2023
Мислења
168
Поени од реакции
164

Пегасус се подобри, се слагам со членот погоре, ако си од Скопје да одиш до лисиче аутлетот многу веројатно е да најдеш пегасус 37/38 за 40% попуст. Исто пробај и нешто од New Balance ако имаш среќа да начекаш 1080 моделот на убав попуст би го земал пред пегасус.
 
Zoom Pegasus 37 shield

Има во sportvision за 3.400 ден со сите попусти и моја големина само во Струга (n)
Да одам на ризик да ги порачам без да ги пробам па...
Пегасус 32 ги имам, презадоволен, ваљда нема да згрешам :cautious:
 
Јас носам 46ка број ама пегасусот ми се 47, треба да земеш во обзир дека нозете се шират при трчање па подобро да одиш пола број/број поголеми неголи да ти трнат нозете после 3км. Ако сакаш ризикувај, мада не е ризик бидејќи можеш да ги вратиш, само што ќе изгубиш време. Јас кога ги земав првите патики за трчање морав да ги нарачам онлајн од Спортвижн и незнаев кој број па ги нарачав трите броја меѓу кои се мислев и 2 им вратив.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.365
Сум се изненадил денеска 22:57, пред некој ден првпат истрчав под 25мин и за цел имав под 24мин. Воопшто се немам спремено, 30км вкупно дали сум истрчал цела година.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.310
Поени од реакции
4.570
Солидно, презадоволен како што не сум спремен ова е 10ка, прва половина саат и 43, втора рамно 2 саата

Никаква криза ни болки, само еден гел имав со мене, ама елекѕролити на секоја станица бев.

Патикиве ми се доодени јште утре мислам да лупнам 6000-7000 за Сттумица да се брка халфче 1:35, ако не таму Солун недела покасно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom