Епа вака со бифшата раскинавме пред 1 месец ама сеуште не можам да ја забораам секој момент мислам на неа , се скаравме поради моето пошање не знам колку и двајцата сме плачеле имаме и лоши и добри спомени многу не знам не сакам да прифатам ддка веке не ми е девојка планиравме да се запросиме иначе она има 18 и ја сум и прв дечко а јас 20, работев по 12 саати само за да отидам до кај неа инаку она живее во друг град знам машко сум не е убо да плачам ама шо да праам кога премногу ја засакав и премногу се заљубив секад коа и да се сетам на неа плачам зошто ете не знам да се врати времето повторно би бил со неа, а сеа сеа како да ниедно девојче не е како неа сите као да ми се гадни она да ми е најубавата не знам ако има шанса пак да се вратам со неа би се вратил.
Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Еден месец е многу рано за заборавање. Не се плаши.
Сѐ уште сте на возраст сами себе си кога си се спознавате, што ви годи/пречи, како и не помалку важното кое ваше однесување годи /пречи и сл.
Мада имам приметено и кај машки и кај женски промени во однос на како реагираат во врска. Реакциите на жените во првите врски се слични со реакциите на мажите во подоцнежните. Жените на почеток пресекуваат директно кадешто е штетниот дел без поправка и обично правилно постапуваат.
Потоа што веќе, дали биолошки часовници, мајчински инстинкти кај подоцнежните 20ти влегуваат во I'll fix him фази и неутрализираат и толерираат што треба и не треба, за понатака како попаметни да не ни почнуваат врски со такви како оној со којшто прекинале на 18.
Маживе па, обратно, во првите врски максимум инвестираат слепо и трпат и после обично фини девојчиња патат од тоа, ги влечкаат со години, па после пред врата на матично ,, срце, ја не можам " моменти.
Никој не е добар, лош, прав или крив. Компатибилност.
Многу очекувано е таа врска да не заврши со
среќни до крајот на животот. И многу е очекувано да те боли вака, на пример и кај мене првата љубов долго беше на многу важно место.
Самиот го спомна твоето понашање, има некои моменти коишто едноставно кршат филм и еден гест дава информација за 3 карактерни особини, така што преиспитај си го тој дел.
Искуство е многу битна работа. Но ние тоа погрешно го сфаќаме. Не мора со сите со коишто сме се запознале и излегле на состанок да бидеме интимни. На времето тоа машките што се обидувале со месеци да излезат на кафе со женско уствари била правилна работа токму поради овие наши различни особини. Ем машкото ќе види дали е тоа навистина нешто што вреди да се доживее и женското ќе го запознае дечкото во разни ситуации и на крај и двајцата носат правилни одлуки, еден куп такви примери познавам, најновите сега славеа 12 годишнина од брак и никој од нив се нема разведено.