Не молење, туку труд, од двете страни.
Не зборам за топло ладно што ми е најомразената тактика на свет.
Значи не ги разбирам жениве коишто инсистираат на такви тактики затоа што машко што стварно сака нема да трпи до крај. Љубовта желбата ќе олади, а наредната фаза е каприц и во најдобар случај тој што трчал е тој што остава.
Зборам за одржување на контакт и постепено зближување, а со постепено зближување и постепено растење на број на состаноци. Татко ми пример какви изговори наоѓал да доаѓа кај мајка ми на работа, па како ѝ го пратил првиот букет, ма си знаеле они сѐ, со мерак си искусувале сѐ како кавијар и фино вино, во соодветни дози и брзини.
Значи еден период со друштво ќе излезете, па поневин тип на состаноци, тие динамики малку у природна брзина да идат, овие новиве џаци задникот преку глава, сѐ обратно прават, прво Нетфликс енд чил па ќе размислиме.
Другар ми женет, вика сега гледам со жена ми не сме ни флертувале како луѓе, да се гледаме, да одиме на место кадешто знаеме дека ќе го начекаме другиот, да пуштиме поздрав по некој другар/ка. Почнаа во брак на дејтови да иџлетуваат. Дистопија. Сѐ се сведе на zdr kako e click. И дел од жените попуштаат си вика ако не сега, за 3 секунди ќе најде нова на Инстаграм ене ги чекаат напучени.