Друже знаеш колку играчи се исконтактирани од нашата струка, меѓу кои и Кочоски што го споменуваш, но дали мислиш дека ќе се залетаат за Вардар да потпишат, каде е прашање дали првата следна плата ќе ја добијат. Сите тактизираат во моментов да видат дали некоја попримамлива варијанта ќе излезе, па ако не излезе нешто до крај на месецот, тек тогаш може Вардар да се надева.
А можеби причината треба да се бара во оној бесмислен потег да се дојде најкасно саат време пред почетокот на утакмицата. Па не може да му наложуваш на некого со купена сезонска карта кога да влезе на трибина, особено во сред лето, на плус 30 степени. Сепак не се играше ЛШ, туку меч од домашна лига. Да не се претерува со некои нерезонски одлуки.
Па луѓе имаат фамилии, работни обврски, не секој може да одвои 4 саати во денот за фудбал.