McLovin
Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
- Член од
- 11 август 2016
- Мислења
- 3.427
- Поени од реакции
- 13.491
Ако ова ти е прво влегување во теретана, според мене, имаш одлични резултати и напредок. За 4-5 месеца. Особено за pull ups. Јас на pullups единствено со асистенција се дигам кај шо симнува по 20кила.Јас од почеток идам chest/arms (ма да раце прекинав пред 2 месеци да вежбам па сега тој ден вежбам стомак или кардио), shoulder/abs, back/triceps/cardio, legs/abs. 6 дена во неделата идам.
Јас почнав во март и првиот месец само со шипка можев да правам, ептен бев за нигде. Последниот пат кога кревав успеав 10×20, 7x25 и 5×27.5. Мислам дека ќе можам повеќе ако има некој за сигурност, ама до сега не сум пробал.
Тежок сум 74 кила иначе. Со chest за сега немам проблем, најмногу сум задоволен од нив
Да не идеш на бенч незагреан па рамо те боли? Јас на пример правам други вежби па идам на бенч. Или пак можеби рацете ги ставаш во иста линија со рамото? Треба малце накај телото да ти се за да избегнеш повреда на рамо.
Исто back немам проблем.Почнав pull ups со 10кила тег на мене, 4-5 серии од 8 до 12 кревање. Пола тренинг го поминувам на pull ups, дур не се исцедам и приметам дека не можам два пати да се кренам. Послем идам на друго.
На почетокот не можев три пати без никаков тег да се кренам.
Дедлифт не правам, правев на почетокот ама приметив дека не го правам правино и баталив, ќе ти ебам вежбата. Проблем ми што имам мала дланка, и цело време не можам да ја фатам убаво шипката, се ми се лизга. И осеќам можам да кревам, ама не можам зошто се лизга.
Нозе сум задоволен. Ама кај нив немав ни на почеток проблем, зошто возам многу велосипед.
Рамо, е тука се осеќам заглавен. Последниве 2-3 месеца како да нема напредок и во сила и на изглед. Пример на shoulder press 40кг ми е максимум, послем тоа веќе кичма кинам за да кренам.
Раце како што кажав прекинав. Некако не сакам големи раце, раст сум 171cm и на ниски луѓе не ми допаѓаат големи раце. А кај мене еден период почна ептен на виделина да ми се рацете. Кога ќе видам пад на нив ќе им се вратам. Трицепс вежбам.
Стомак, како што гледаш форсирам многу стомак. Кога почнав немам некој голем стомак да речеме ама целиот беше желе, за нигде. Напред гледам резултати, се зацврстив, ама со спојлерите имам мака.
Автоматски споено мислење:
Иначе бев 79кг ама последниве 2 месеца изгубив килажа, 5кг. Еднаш фатив стомачен вирус, цела недела ме држеше, дихидрирав. Се што ставев во уста искачаше за 10мин. Тука скратив 2.5кг.
Претходната недела имав тровање, два дена повраќање, тука скратив килажа.
И плус требаше да зголемам на калории заради топлово, повеќе ме цеди времево ама се заебав продолжив како што си терав.
Ја моментално сум 76 кила, ама како шо рече и ти спојлерите малку ме клецаат и сало малку долу. Не знам како да постапам сега зимата, дали да идам докај 80 па догодина да симнувам.