Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурен си дека добро се загреваш пред оптеретување?

Не, прашањето не ми е зошто ми се деси, добро знам зошто, минимално загревање, преоптеретување и сл.

Прашањето ми е дали е една од тие зезанции што се дешава кај секој и поминува со тек на време, или е нешто посериозно
 
Дали е нормално и нема да има последици тешко дека некој ќе ти каже со издржан факт, а на повеќето пред загревање ни крцкаат и ко што имам читано во тек на загревање и движење на зглобот почнува природно да се подмачкува.
Така да загревај се и тренирај паметно и немаш утка.
 
Не, прашањето не ми е зошто ми се деси, добро знам зошто, минимално загревање, преоптеретување и сл.

Прашањето ми е дали е една од тие зезанции што се дешава кај секој и поминува со тек на време, или е нешто посериозно
Па не дека поминува, само се навикнуваш да тераш така, и да го прилагодиш телото да го намали отпорот на проблематичните делови.

Најдобро да отидеш и да те види лекар, но ако не ти се оди веднаш по лекари пробај со нешто вакво:
 
Не, прашањето не ми е зошто ми се деси, добро знам зошто, минимално загревање, преоптеретување и сл.

Прашањето ми е дали е една од тие зезанции што се дешава кај секој и поминува со тек на време, или е нешто посериозно
Ништо сериозно. Пред 6 години го повредив рамото во теретана, месец дена не можев ни бицепс да вежбам од болка а камо ли друго. Работев месец два со лесни килажи повеќе повторувања, само од себе помина, ама пак ако се оптоварев многу ќе почнеше да ме боли, на кикбокс тренинг крошето од таа страна не можев да го удрам од болка.
Кога фати короната 3-4 месеци дома одморив од теретана, вежбав чучњеви, шадоубокс и скокав јаже. Од тогаш како се вратив во теретана и на тренинг рамово е супер, ни болка ни ништо дури на многу поголеми килажи од претходно.

А тоа дека крцка охоо не да крцка, ама не му се замарам ич пошо не ми смета тоа, само нека не боли :)
 
Фала ви на одговорите дечки :)

Намалено ми е крцкањето од вчера.
 
Знае ли некој кој прави успешно декомпресија на ишијадикус со масажа?
 
Здраво
Некој совет за поефикасно намалување на "спојлерите" како шо ги викате, страничните делови на стомакот, вежбам активно но ефектот баш на тој дел е мал.
Некој совет ако некој има за ова нека напише.
 
Дали кога вежбате нозе се правите свињи? Премогу се потам кога вежбам нозе, во рок од 10мин сум како од туш да сум искочил.
 
Нема топење од каде што сакаш, генетски е тоа, ќе си намалиш на калории и ќе ги скинеш заедно и со салце од други делови на телото.

Дали кога вежбате нозе се правите свињи? Премогу се потам кога вежбам нозе, во рок од 10мин сум како од туш да сум искочил.
Па најголема група се, и зависи многу од интезитетот со кој вежбаш, јас се потам на секоја мускулна група, за 40мин тренинг менувам по 2 маици.
 
Дали кога вежбате нозе се правите свињи? Премогу се потам кога вежбам нозе, во рок од 10мин сум како од туш да сум искочил.
Да.
Автоматски споено мислење:

Здраво
Некој совет за поефикасно намалување на "спојлерите" како шо ги викате, страничните делови на стомакот, вежбам активно но ефектот баш на тој дел е мал.
Некој совет ако некој има за ова нека напише.
Алкохол аут, благо аут, пржено аут, фаст фуд и газирани сокови аут = спојлери аут.
 
Дали кога вежбате нозе се правите свињи? Премогу се потам кога вежбам нозе, во рок од 10мин сум како од туш да сум искочил.
Не само што се потиме туку и едвај кењаме у наредни 2 дена :)
 
Најдобро чувство, седнување на шоља и качување скали :)
Качување скали ми е тешко ама ми се навикнуваат после 3-4 секунди ама спуштање удолница ми е смрт поготово после 36 саати
 
IMG_20230701_180114.jpg
Joesthetics
Уште една легенда не напушти. Имаше одлични совети околу фитнесот.
Почина денес од аневризма на мозокот. Имал и проблем со хернија на стомак.
 
го пратев Џо одвреме на време, имаше добри совети, и многу океј типче. Стварно штета, иако ова не верувам дека е поврзано со билдингот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom