Цитирам:
Волф вели дека документите на Фајзер „содржат докази за најголемото злосторство против човештвото во историјата на нашиот вид“.
1. Фајзер знаеле дека вакцината не го запира ковидот, дека имунитетот од нив не само што брзо паѓа туку оди и во таканаречена негативна ефикасност (вакцинираните имаат поголеми шанси да фатат ковид).
2. Брзо откако ги пуштија вакцините, Фајзер фати да вработува 2.400 луѓе да се бават со папирологија на случаите на луѓе кои претпреле оштетувања од нив.
3. Фајзер и Агенцијата четири месеци ја задржувале информацијата дека вакцините прават проблеми со срцето кај млади, додека истовремено со жестока кампања убедија уште илјадници млади да се вакцинираат.
4. Фајзер знаеле дека опасните липидни наночестички од вакцината брзо се дистрибуираат по телото и завршуваат во мозок, црн дроб, се таложат во јајници....
5. Документите на Фајзер, само во првите три месеци регистрираат над 42.000 несакани појави, вклучително и 1.200 смртни случаи, вклучително мозочни удари, хеморагии, згрутчување на крвта, згрутчувања во белите дробови, во нозете, невролошки нарушувања, деменција, Гилијан-Баре, фацијалис....
6. Пред да стане легално, биле вакцинирани над 1.000 деца а документите на Фајзер регистрираат висока стапка на сериозни проблеми.
7. Документите на Фајзер откриваат „експеримент од типот Менгеле... за тоа како да се наруши човечката репродукција.“ Достапни записи на учесници во студија кои зачнале деца покажуваат дека 80% ги изгубиле своите бебиња.
8. Фајзер знаел дека постои опасност за плодноста. Липидните наночестички ја оштетуваат плацентата за време на бременоста, предизвикувајќи предвремени породувања.
9. Документите на Фајзер покажуваат дека липидните наночестички влегуваат и во мајчиното млеко и преку него прават разни белји на бебињата.
10. Биле забележани 16% репродуктивни пореметувања. „Какви се тоа монструми кои ќе најдат 16% репродуктивни пореметувања и ќе продолжат како ништо да не било?“
11. Документите на Фајзер откриваат дека липидните наночестички „ги деградираат машките бебиња во матката“ со тоа што ги минуваат тестисите и оштетуваат два типа клетки кои во суштина се „фабрики на машкоста“. Овие клетки „се одговорни за машката хормонална рамнотежа која создава работи како длабоки гласови, влакна на нивните тела, широки рамења, сите работи што ги поврзуваме со нормалната мажественост. И тоа се деградира“. „Значи, не знаеме дали овие малечки бебиња на вакцинирани мајки ќе можат да пораснат во сексуално функционални возрасни мажи“, предупреди Волф.
Затворен цитат!
...инаку вчерашното торнато „прати порака“ и до Pfizer, може Урсула ќе знае да ја „прочита“