На листата ми е. Ама барам нешто налик LOST, The Leftovers, The 100. Некако после Lost има празнина кога гледам серии, сакам пак некое слично искуство.
Manifest е слична по тематиката, ама ужасно ја тупат. Јас ја прекинав зашто почна да ми станува срцепарателно тапкање во место.
Друга слична е The 100, ама губи квалитет од +100 до -100 како одминуваат сезоните, но ако се поврзеш со ликовите може и да ти се погоди. The 100 може е и најблиска до Lost, зашто дел од ликовите умираат во текот на серијата, не е баш така предвидлива како многу други.
Уште една онака,гледлива - Lost in Space, ама ништо WOW.
Пак ќе речам, мене од таквите кои не се фокусирани само на 1-2 лика најмногу мерак ми прави Outlander. Една од ретките е кај која според мене не паѓа квалитетот. Историска драма-романса е, ама има елементи на научна-фантастика кои се само позадина на случувањата. Накратко: жена од 20 век сосем случајно и без да сака се враќа во крајот на 17 век во Шкотска (подоцна дејството се префрла во Америка), каде ја наоѓа љубовта на својот живот, но и еден суров свет во кој е тешко да си жив.