Уф.
Знам да пишувам ептен на долго и широко и да се изгубам во пишување на глупости, па само ќе пробам да останам на ова:
Ја и ти збориме за други работи.
Не го кажувам ова како контра твоево, туку... различна ми беше поентата.
Јас зборев од еден аспект, твоево е гледање од сосема друга поента.
Ова твоево, да, ок, тамам е за на форум вака да си збориме и да дебатираме што како, моево беше повеќе од финансиски и економски аспект, а верувај ние обичните смртници немаме уддел во овие работи.
И овие информации како "тој и тој филм изгубил толку пари" ги знаеме само базирано на обична математика и логика.
Дури и овие, бокс-офис бројки што ги знаеме се базирани на многу точни предвидувања и математики, ама никогаш не се 100% точни кога излегуваат секоја недела.
Нејсе, сакав да кажам... ок е, ама твојов коментар е на сосема различна тема од мојава
Е сега кога отвори нова тема, различна од мојава може за ова да збориме што ти го отвори како тема.
Ок, твоево гледиште е од аспект на обичен човек вака од страна.
Арно ама..
Види што викаат од Дизни:
Викаат дека проблемите со последните флопови на Дизни се тоа што се оригинални приказни.
Елементал, Strage World се оригинални приказни, па затоа флопнале. И Лајтјир исто, не бил директно поврзан со Тој Стори и затоа флопнал.
Тоа ти викаат од Пиксар.
Од друга страна кој е број #1 на бокс офис годинава во САД? Супер Марио.
Ти гледаш "Ахам, значи филм што е true to the original успева"
Ама од Дизни гледаат "Ахам, значи луѓево сакаат филмови базирани на нешто што има историја од 30-40 години. Значи да одиме со Toy Story 6"
Втор? Into The Spider-Verse
Ти викаш "Ахам значи луеѓво сакаат забавни филмови"
Од некое студио викаат 'Ахам, значи луѓево сакаат мултиверзум приказни"
Од трето студио викаат "Ахам, значи мора франшизи само за успех, не палат оригинални ствари"
Од четврто студио викаат "Ахам, Спајдер-Мен сите го знаеа како белец, а тука главниот Спајдер-Мен е црнец, значи луѓето сакаат кога се менува расата на главните ликови"
Трето место?
Гардијанс оф д Галакси 3
"Ахам значи луѓево сакаат франшизи и продолженија, а не ориигнални приказни"
Погоди кој е четврто место во САД во моментов оваа година?
The Little Mermaid
"Ахам, се потврдува тоа дека луѓето сакаат race swaps на ликови, се потврдува дека луѓето сакаат римејкови, се потврдува дека никој не сакаа оригинални филмови"
Значи дека ова што ти или некој друг го гледа...не значи дека го гледаат и тие главните во Холивуд.
И пак да потенцирам ова што тука го пишувам е различна тема од првичната.
А ете, види го и линков горе, букваллно да видиш од Дизни како гледаат на флоповите како Strange World.
Еве, од поновите флопови - Флеш и Индијана.
Колку ЛГБТ ликови и црнци имаат двата филма?
Сигурно некој у моментов во Холивуд објаснува "Ете, ви реков, филмови без малцинства флопнуваат. Малечката Сирена си е таманка, Спајдер-Верс си растура... вие уште сте се фатиле за белци во главна улога..."