Good Morning Vietnam
Го имам гледано пред 15тина години ама не му ги фатив првите 10тина минути тогаш, а сеуште свеж ми делуваше во сеќавањата. Можда зашто има само неколку работи што се случуваат, а најголемиот дел е Робин Вилијамс како остава душа на терен. Улогата му е напишана за баш да дојде до максимален израз и со огромна слобода во изведбата, веднаш се приметува дека голем дел е импровизација.
Сепак иако Робин остави душа, филмот ко целина ко да немаше доволно душа. Не знам дали стварно толку улога имало радиото за војнициве во Виетнам, ама по мене премногу се издигна. Исто, иако ми беше смешно, малку ме вадеше од филм коа им држеше стендап настапи у школото, сите паѓаат од смеа иако пробуваат да научат основен Англиски, а он им кажува сложени фрази за Амерички луѓе.
Заплетот со женската ми беше исфорсиран, заплетот со брат ѝ ми се свиѓаше.
На крај, иако се обиде, не успеа да изнуди некои поголеми емоции кои се очекуваат во филмови поврзани со војни, ама затоа беше во голем дел филгуд со супер музиче.
За Робин 10ка, за филмот 6,5