FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.996
Поени од реакции
37.286
Drishyam

што и да значи ова. ОК, вака - филмов иде од крајност во крајност. Од една страна приказната е интересна, убаво смислена, напишана и се, ама од друга страна, технички ова беше под секое ниво, не само под ниво на добар филм. Прво: има сцени кои траат од по 5-10 минути а во кои актерот не се помрднал со прст - снимката е успорена, има драматична музика во позадина, и истото едно единствено движење на актерот е повторено можеби сто пати, од 100 различни агли. Ова искрено не се сеќавам дека го имаше во RRR, а може и го имало, не знам, само не ми паднало во очи зашто имало за што друго да се фатам. Овде сметам дека филмот ќе беше покомпактен, поубав и минимум еден час пократок да ги немаше сите овие повторувања. Мене искрено ме вадеа од такт и на моменти сакав да ги прескокнам. Ме потсети на турска / индиска серија со прегласната драматична музика во позадина и буквално неслучувањето ништо. Второ: ужасен звук и монтажа на звучни ефекти! Особено изразено во сцените кога полицајциве го малтретираа семејството. Ко ќе клоцнеше тој ѓупакот некого со нога, излегуваше звук ко секира ко ќе се одбие од дабово дрво со 15 чвора. Исто и кога копаа - ко да цепат дрва. За музиката спомнав дека беше прегласна... Премногу дистракција беше за мене сето ова. И трето - претставувањето на полициската бруталност во филмов беше too much за мене. ОК, сфаќам дека Индија по 1947 и прогласувањето независност била земја од „третиот свет“ и и покрај големиот БДП, во делови од земјата се уште животот е под секое ниво, но да гледам како некој шлака малолетници (и жени), и остај што шлака - уште и да ги клоца со нога (или барем проба), беше премногу. Кога ќе одземам се ова што ми сметаше во филмов, се што уствари останува е одличната приказна која како костур не може да донесе одличен филм самостојно. Од мене само климава 6/10 за филмов.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Drishyam (2015)

не очекував многу од филмов али искрено многу јако испадна на крајот, вредеа тие 3 саата чекање да заврши.
8/10
(btw каде можам да ги најдам вашите letterboxd профили, дали ги има во форумов негде прикачени? ме интересира што глеате. еве го мојот ако сте заинтересирани (y))
@Zlatikevichius
имам https://letterboxd.com/JullieV/
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Drishyam

6.5/10

Мојата оценка оди за приказната како концепт и добриот старт со приордните пејзажи пропратени со нежно свирење гитарче. Стварно добра замисла за филм ама реализацијава баш и не ме хајпна нешто многу. Еден куп повторувања особено во очи ми бодеа сцениве дома со неговите едно те исто. Типично индиско со драматичната музика што трештеше во позадина, ко да гледам малечката невеста со дарамрач махијаванши. Баш никакво чуство не добив дека гледам мистерија или трилер, многу лајт го доживеав. Според мене приказнава џабе добра кога не ми ја изнесоа во право светло или ја барем така го доживеав цел филм.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Drishyam (2015)

Yes, he deserved to die and I hope he burns in hell.

Приказната ми беше добра, ми држеше внимание цел филм иако се предвиде на пола филм што ќе се случи, сепак беше забавен за гледање. Очекував понапнат трилер, во овој имаше и комични елементи, ама како да не ми сметаше тоа. Неамериканскиве филмови цело време пред очи ти покажуваат кој е типичен негативец по неговите постапки, нема многу психолошки игри.
Пак ќе речам, интересно ми е што песните во позадина се за самото дејство во филмот.
Благодарност до предложувачот што ни дава забавни филмови од Индија, кои никогаш немаше да ги изгледам. И онака само некои драми се популарни од таму.

Од мене добива 7/10.

Fun for the whole family.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Извини Гранде, по твојот опис очајно сакав да го сакам ама освен тоа што ме измачи, Drishyam не ми остави ништо друго. Се трудам да најдам едно нешто кое ми се допадна (покрај идејата) и не ми оди, предрасудите ми се покажаа оправдани. Непотребно одолговлечен, до некаде и неубедлив. Сцената со испрашувањето, каде веројатно требаше да ја доживее кулминацијата, ја доживеав како изнудување на шок, без ни малку да ми е грижа за исходот. Сега ми е криво за оценката на RRR.
5/10
@Варвара - мислам дека нема акаунт
Еве ме! :giggle:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100
Drishyam (2015)

Приказната беше океј ама ми изгуби интерес на пола филм. Музиката беше исто океј. У принцип кога гледам одреден жанр или филм од некоја држава у принцип ги споредувам со филмови од таа категорија/држава. Со оглед на тоа дека имам се на се 4-5 индиски филмови изгледано овој ми е убедливо најслаб. Ќе добиеше повеќе ако беше бар до 2 часа вака ептен ја отупе. А, и не ми беше типичен индиски филм кај што се дешава хаос цело време и ги има сите жанрови застапено. Ама океј филмче беше, што секако не би го репризирал ко RRR на пример.

6/10

ps. ВАРДАР ВО ПРВА ЛИГА АОАОАОЕОАОАОЕОАО:vozbud:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Филмов го гледав после 2 месеци гледање скоро само Индиски филмови, па дали заради тоа или не, воопшто не го осетив како предолг или предраматичен Бандини стил. Они си се повеќе драматични, ама ако добро е изведено поефективно се соживувам со филмот.
Ми одговараше спориот почеток за убаво да се поврзам со семејството за после во вториот дел кога почна напнатото да навивам 100% за нив. Од друга страна мајката на убиениов, со сите одења во крајности пак можеше да се разбере, сакаше без разлика на сѐ да дознае кај му е телото и се чувтсвуваше нејзината болка.
За Гаитонде убаво кажа Џонтра :uzi:.
Глумата ми беше доста добра од сите, ама најмногу ме купи со приказната, кога тргна подинамично искрено не трепнав, поготово на крај со неизвесноста дали ќе издржи семејството да не се скршат.
Висока 8,5/10 од мене, а на тие што им се бендиса има и втор дел, по оцена е ист, мене ми е една оцена подоле
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас па RRR сакам да го гледам сега пак, некако осеќам дека сум му дужен на филмот.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Јас па RRR сакам да го гледам сега пак, некако осеќам дека сум му дужен на филмот.
Јас првиот пат 8ца му даов, со секое глеање боље е, сите емоции, визуелно бонбона, музика прва класа, топ броманса, иновативни акциони сцени... 7 пати мислам го изглеав и ми е сеа чиста 10ка :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Drishyam (2015)

Интересна ми се виде приказната, необична, дека човекот што го видовме дека сака правда, наеднаш се најде во ситуација да прикрива убиство.
7/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Почастете се малце, ова е сопругата на тој бркот, Нандини.

Иначе Мира полицајката е милфицата што ја фалев у Андандун. Што би се рекло, добра кока. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Туууууууууу што не кажете бе дека вчера беше понеделник. :pos:

Го нема Злате со статистика, ама ајде чим сте нестрпливи ондак
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOODDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
MOOOOOOOOOOOOOOOOORNIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIINNNNNNNNNNNNNNGGGGGGGGG
VIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIIEEEEEEEEEEETTTTTTTTTNAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAMMMMMMMMMMM


УУУУУУУУУУУУУАААААААААААААААААААУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ
АААААААААЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ ФИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИЛ ГУУУУУУУУУУУУУУУУДДДДДДД
ТЕНОНЕНОНЕНОНЕНО

Филмов пред неколку месеци можда и година го изгледав за прв пат и кога отворив летербокс да видам кој како го оценил мислев дека ќе видам листа од 2-30-40 души што го логирале. Арно ама таму стојат само CoolerKing и 1233456 што ме зачуди и од тој момент знаев кој ќе биде следниот мој предлог овде.
Станува збор за култен филм, познат по она урлање на I feel good песната од страна на Робин Вилијамс.
Вистинска приказна за една позитивна будала, дејство сместено во Виетнам, Робин Вилијамс во една од своите најдобри улоги. Филм што мислам и очекувам дека ќе ве расположи на максимум, времето е преубаво надвор и тотално одговара со атмосферата во самиот филм.

:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom