- Член од
- 2 март 2022
- Мислења
- 97
- Поени од реакции
- 457
Athena (2022)
Не сум знаел дека режисеров на филмов му е син на Коста Гаврас, човекот чии политички трилери ги обожавам. Синот тргнал по стапките на таткото.
Темата е актуелна, деновиве има редовно немири во Франција што се сепак од социјална природа, не од расна. Според мене не е ни проблемот воопшто на расна или религиска основа туку на класна пред се, ама тоа во некоја друга прилика.
Ми се допадна тоа што е посветено многу внимание на детали, како на пример дејствувањето на полицијата во вакви ситуации, нивната опрема, герила тактиките на бунтовниците како од handbook извадени.
Кинематографијата беше супер, особено ми се допаднаа долгите секвенци, почнувајќи од правата, даваа чувство како да си таму и да почувствуваш колклу е реално ризична ситуацијата.
Едно семејство ја поремети цела Франција. Што се однесува до самиот наратив, ми беше во ред се додека Абдел не се сврти за 180 степени после смртта на Карим. Добро беше се додека Абдел беше глас на разумот. Крајот ми беше очекуван. Се на се не ми беше воопшто досаден цел филм.
Музиката исто така ми придонесе многу за уживањето во филмот, ненаметлива ама секогаш присутна во најбитни моменти.
После ова ќе мора да го изгледам Les Misérables (2019) очигледно.
Благодарност до предложувачот за добриот филм.
Од мене ќе добие 8/10 како прв впечаток, ама во иднина сигурно ќе ми падне оцената.