Jeux interdits / Forbidden Games
Полет, мало девојче од добро ситуирано семејство додека бегаат од бомбардирање ги губи родителите, и веднаш потоа се сретнува со Мишел, кој ја носи во неговото (типично селско) семејство.
Иако почнува со типична сцена за воени филмови и прилично интензивна и реална, не го доживеав до толку ко (анти) воен филм на пример како Grave of the Fireflies. Фокусот тука е на односот на Мишел кон Полет, неговата грижа, емпатија и работи што ги прави за она да не мисли на трагедијата која и се случи.
Мишел можеби беше најмал но емоционално најсозреан од целата фамилија на чело со таткото, на кои главна преокупација им беа комшиите(и обратно). Затоа и татково ја прибра дома Полет, прво одби, па прифати откако Мишел рече дека можеби комшиите ќе и помогнат.
Како и да е, филмов го носеа двеве дечиња, преубаво одглумија. Мишел како малку поголем правеше сѐ за да ја зачува таа невиност и наивност на Полет, а она ја чувствуваше таа љубов и грижа. Тоа се виде и на крајот, кога веќе го немаше Мишел покрај себе, почна да плаче за мајка ѝ.
Имаше доста и комични ситуации, убаво снимен, музиката што се повторуваше во позадина исто убава и меланхолична.
Чист, едноставен и емоционален.. јака 8ца