Како не е проблем? Зошто доби црвен Лукаку, ќе објасниш? Наведи ми една валидна причина.
Брат ја ќе ти наведам. Провоцирање на публиката.
Така славел и со Белгија. Па шо кур? Толку долго нема дадено гол шо ја не се ни сеќавам како славел.
Треба ли фановите на Јуве да знаат како слави Лукаку и сеа да го испоштуваат?
Мега дерби е Интер-Јуве.
Грешката е во судијата и федерацијата. Како прво, ако цела трибина урлала У У У како мајмуни за да го провоцираат на расна основа на Лукаку работа е да си ќути и да си игра. Судијата да побара од официјалниот да се прекине натпреварот додека не се прекине со урлањето, и да ги предупрепрат фановите дека нема да се продолжи да се игра додека не престанат. Автоматски после утакмица 3 кола без публика цел стадион на домашен терен.
Ако продолжат после прекинот да урлаат, бапни им 10 кола без публика.
Нека изгуби Јуве(кој и да е) приходи од 10 кола, да видиш после како уште на врата ќе ги враќаат тие што укаат. И овоа треба да си биде применето во цела лига и црнциве да си знаат, ако некој им урла ги вреѓа на расистичка основа, ќути си доиграј си, 10 кола по ред на домашен терен е страшна казна, посебно сеа како што тешко наоѓаат приходи. Додади и клубот што бил домаќин да се извини на играчот јавно и да му исплати пола миљонче на сметка на навредениот играч.
Со самиот факт што он им покажа да ќутат со прстот ги испровоцира доволно за да продолжи урлањето. Провокациите на терен се пренесуваат и после утакмица надвор кај фановите, тоа е балканскиот менталитет што го имаат ултрасите. Федерацијата не пропишува никакви правила нити се бори да го искорени проблемот, а реално е проблем.
Воведи вакви строги правила, и си знаеш, урламе ние 30 души У У У на Лукаку, после 10 кола никој нема да го гледа Јуве, пола милион зијан, ти и другарите сте си доживотно банирани од клубот што го сакате да му отидете на стадион и летоска Влаховиќ пошто зашто ќе го продаваш за да покриеш дупка од намалени приходи. Само вака, изгори ги два клуба, кој и да се и ќе ќутат горе на трибините.
Капак на целата работа од федерацијава ти е и двојниов аршин. Нашле двајца ги казниле да не идат на фудбал и толку, и простија на трибината. Ако има дух на простување и пренесување на работата понатаму, требаше да се ослободи и Лукаку директно, не преку претседателот на федерацијата откако увиде дека цел свет ги распна по медиуми за тој двоен аршин. Федерацијава на Италија има премногу работа да направи, а реално само повеќе ги расипува работите.