А не е без веза што на пример некои од вас сте активни на темата за да го исмејувате?
Како сака нека си навива, за него Дјурант и Брадата и Ембиид се најдобри играчи, така тој гледа на работите... колку е реално тоа во дадена ситуација и колку е можно некој од нив да дојде до титула не можеш со сигурност да кажеш. Макар и да не може и да не е реално, тоа е негов став и не треба да биде исмејуван за истиот. Едно е да се нашалиш, друго е да исмејуваш.
Навивачки типува човекот според тоа што го сака и во истото нема грев, не е злонамерен. Јас се сеќавам на минатиот профил го блокираа баш по твоја провокација, кога ти даде и што треба и што НЕ треба во коментари. Банот беше заслужен, ја претера ама САМО тој не беше кабает, јас да сум тебе ќе те банирав првенствено пошто го провоцираш (пример).
Доколку не ти се свиѓа како на секое вика брадата најдобар играч, дјурант вечер е овер, гркот е ѕвер и слично тогаш стави го на игнор и нема да го читаш. Едноставно, така?
Од една страна као нешто смета човекот, а од др страна ајде ќе го исмејуваме. Не оди тоа така другар.
Тој става еден куп пари на кладиона, дали игра навивачки, како игра, негова работа ама тука е, на темата пишува редовно, редовно прати НБА и на свој начин си придонесува со години. Некому изгледа тоа смешно ама ликот не е злонамерен, едноставно навивачки си коментира (нешто што сите ние го правиме за омилениот тим или играч, нормално е).
Не го исмејувајте, не е во ред. Мајтап до одредена доза на зезање и слично е океј ама исмејување не. Крај краева ова е една од ретките теми на форумот каде не си даваме куреви и мадиња на секое и нормално коментираме, останете на тоа.