Succession

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Колку е потценета серијава е чудо некое. Епизодава треба да остане како masterpiece во историјата на телевизијата.

Во најавата цело време форсираа свадба, свадба. Слики од Конор и жена му по социјални мрежи (морам да ги пофалам тука, за разлика од социјални медиуми на други серии што спојлаат) и на крај нѐ тресна ова.

Каква епик глума. Мајстори!
 
Колку е потценета серијава е чудо некое. Епизодава треба да остане како masterpiece во историјата на телевизијата.

Во најавата цело време форсираа свадба, свадба. Слики од Конор и жена му по социјални мрежи (морам да ги пофалам тука, за разлика од социјални медиуми на други серии што спојлаат) и на крај нѐ тресна ова.

Каква епик глума. Мајстори!
Верувам скорот ќе падне, ама досега не сум видел некоја епизода да има 9.9 оценка како што има последнава.
 
Благодарение на вас дечки , почнав да ја гледам , една од подобрите серии што сум ги гледал во последно време. Ќе пишам импресии кога ќе завршам со прва сезона.
 
Нешто помеѓу тахикардија и тага осеќам вечерва. Оваа епизода треба да се студира на факултет, отсек Режија. (само не на ФДУ, секако)
Сите останати серии ќе го чуваа овој настан за финалето, па вака во рандом вторник епизода 3, Succession уште еднаш докажа зошто е најдобра серија.
Автоматски споено мислење:

Верувам скорот ќе падне, ама досега не сум видел некоја епизода да има 9.9 оценка како што има последнава.
За оваа серија мислиш конкретно или општо? Инаку Озимандиас од Брејкинг Бед има 10.00 скор до ден денес, и тоа од речиси 200к гласа.
 
HOLY FUCK!

ОВА БЕА НАЈДОБРИТЕ 59 МИНУТИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА!


Се после ова и пред ова е минорно! Не само глума и режија: движења на камера, кадрирање, говор на тела, музика... овде буквално дури и тишината раскажуваше! Ова мора да се репризира!

И нека стои тука:

SUCCESSION S04E03 го достигна врвот!
 
Прешкртано беше или подвлечено ? :icon_lol:
Јас мислам: или пречкртано или - ни тоа ни тоа. Стариот беше заебано копиле, затоа се уште не можам да одлучам дали се она што им го правеше на децата беше оти не му значеа ништо или оти сакаше да ги направи исти како него. Имаше еден момент на крајот од втора сезона, кога Кендал го предаде на пресот и кога Логан се насмевна под мустаќ во стил: конечно создадов некој бескрупулозен, како мене. Е па овој момент можам да го толкувам слично - тоа што не го пречкртал или не го подвлекол сосема, ко да сакаше да го натера Кендал да загризе исто ко тогаш, односно да биде новиот Логан. И овој оди кај Хуго и му вели: „ќе какаме врз тато“. Logan is re-born!

А, и патем: сите се тотално сјебани во мозоците! Конор го сметав за глуп, ама сепак најприземен и најнормален од четворицата, а тој - на денот на погребот на татко му му ја купува куќата и се спрема за реновирање. :tapp: Сепак бил исто срање у различито паковање.
 
Навјасаа жените ко сколовранци, a на Кери изгледа најтешко и падна :D

Посталожена епизода, што е и нормално после оној бродолом од претходната недела.

Првичниот впечаток ми беше дека Френк и Карл намерно им го покажаа документот затоа што знаеја дека ако Кендал види дека било како е спомнат таму, инстантно ќе се компромитира тоа „единство“ што го имаа тој, Шив и Роман, па ќе им се олесни патот на некој од старата гарда да преземе.

Во многу интересна насока замина оваа сезона, не можам ни да претпоставам накај би се движела следно.
 
Ова последна сезона е?
 
Абе не зезај, риборн од една одлука дека ќе какал врз него :D

Интересна епизода беше, ама стојам на тоа дека тројцава ма кој сака друг нека е и Грег и маженцево на Шив сите нека се соберат ни 10% не се од Логан. Легендарен карактер, влага во соба сите погледи во него се од страв. Една Гери си игра курташак со овие тројцава.
Инаку за подвлечено или прешкртано и мене ми текна на таа сцена од 2ра сезона кога се насмевна. Интересна теорија е дека е намерно така за да го повлече пак да гриза.

Ко што кажа џимеј, сезонава никој не би можел да предвиди каде ќе движи што ја прави уште поинтересна. Би типувал на сценарио каде што губат се затоа што никој не може да го замени Логан факинг Рој, ама од друга страна има и логика да заврши со 3 мали Логанчиња (Грегчиња). :pos:
 
Јас очекував читање на тестамент како во Маратонци, се да си препиши сам себи :ojeaa: А тргна на таму работата со идејата да го скријат тестаментот. Кутрата Шив пак ја насанкаа, по стоти пат ќе го јади и не и иди паметот.
 
Тогаш да ја завршам Озарк и да ја почнувам.

Моја препорака, немој индијанско бинџање. Јас така утнав со првите сезона и пол и ми се промакнаа легендарни сцени и моменти. Овде има стварно материјал за упивање и тумачење. Со умерено темпо и кроце гледај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom