Малце каснам со 3тава сезона ама каков брутален завршеток, последните 2 епизоди беа ремек дела
Предпоследната епизода ги имаше можеби и најдобрите сцени (разговорт на Шив со мајка и , вечерата на Кен со Логан и крајот со петардата Роман)
Финалето се билдаше бавно за на крај да експлодира и помалку окечувано Логан им се помоча во фаца "
You nosy fucking pedestrians" докажа уште еднаш дека му е гајле за децата и цело време ги користи како пиуни, најбитното му е секогаш да победува.
Околу ликовите фантастично се доразвиваја, навивав за Кендал и уште од почетокот ми е омилен лик, ги имаше картите сезонава ама на крајот ја усра работата. Роман конечно собра храброст да оди контра Логан после сето умилкување, а и Шив која низ целата серија ми е антипатична и ме иритира со цинизмот ги донесуваше правите одлуки сезонава. Најбитното е што конечно застанаја сите заедно и тоа би требало да е клучно за наредната сезона. За Конор имам само едно нешто да кажам
"I am the eldest son"
Најголемата промена сезонава беше кај Том и Грег, особено првиов кој после цело понужување и користење од страна на Шив, покажа муда и направи јак контра потег, на вториов му се набилда самодовербата ама е уште истиот крајнџ лик, сцените кога флертуваше беа најсмешни сезонава.
Дијалозите низ цела сите сезони се маестрални ама во последнава искинаја начисто, би слушал 10 сезони од ликовиве само со дијалози, особено ми се допаѓа речникот и кодираното, никогаш искрено, одоколу суптилно разговарање.
Убедливо најдобрата серија изминативе години и ако продолжи на ова ниво уште 2-3 сезони со сигурност ќе важи за топ 5 најдобри серии од ХБО некогаш.