Газење на трибина, преубава атмосфера и за ваква депресивна утакмица одлична бројка и на навивачка трибина и на обична.
Победа на крилја на публиката, запнавме второ полувреме, перфектно го одигравме.ПОд
Прво полувреме тиња. Многу подобри беа противниците, имаа статива, една чиста шанса и неколку полуприлики. Од половина не излеговме. Тој 47цата сто петици ни удри

Многу добра акција имаа при крај на прво полувреме кога нивниот напаѓач не ја закачи топката за сигурен гол.
Серафимов најлош на терен, очаен натпревар одигра, заедно со Вецевски кој како брз воз го поминуваа, ама се извади со голот. Николовски го замени Панта, Размоски и Митев по крило, Десниќ шпиц, Јаневски позади него, Нијаз во средина.
Во прво полувреме тотално индиспонирани, со топка не се составивме.
Едино Мишевски искина. Каков играч, класа. Одма се гледа кој е класа кој не. Џабе, децава немаат квалитет да го заменат. Корне со клизачи, он треба да е капитен, а не манекенот Глишиќ што отиде во Чаир да игра.
Е второ полувреме им го кажавме вицот. Влегоа Велковски, Цветаноски на крило, Жоглев напред.
Жоглев беше нешто болен и затоа не стартуваше.
Велковски одигра можеби најдобар натпревар во Вардар досега.
Овој пат они не излегоа од половина. Притисокот резултираше со прекрасен гол на Вецевски. Како само ја распука во агол, делириум се случи.
Акцијата за вториот гол уште подобра, со топ завршница на Деки Цветаноски.
Многу важна победа, издвојувана во тежок период. Може Детонит остана без неколку играчи на полусезона, ама се уште се јаки и добро не испотија, решаваа нијанси.
Секоја чест за сите играчи, ако по некоја случајност влеземе во прва лига, сите би ги задржал од првотимциве, нека отпаднеме пак, нек си ебе мајката. Браво што играат во вакви услови. Реално, освен 3-4ца, останатите не ни имаат квалитет за повеќе, ама сепак хемијата што ја имаат со публика, атмосферата во клубот, се е тоа за пофалба.
Се славеше после утакмица уште 10 минуто со играчите, сите песни ги пејат, шутка со правеа на ГРАДОТ СКОПЈЕ ИМА САМО ЕДЕН КЛУБ
Да се надеваме дека ќе стигнат маааалку добри вести во поглед на финансиите, да се истурка некако сезонава.
Следуваат малку полесни натпревари, кои мора да се добијат, пред главните предизвици...