Италјанциве имаат голема шанса да освојат ЛШ, ако сите поминат, а верувам дека ќе поминат. Послем тоа останува само Реал и Баерн, уште овие ако се паднат меѓу себе топ. Имаа малце среќа и во ждребката, сите јаки противници ги избегнаа.
Шпанците се избламираа во првиот дел,. Англиските тимови што се во ЛШ се во катастрофална ситуација, тие што играат фудбал се во ЛЕ. Сити не направи ништо претходните сезони кога играа фудбал, оваа сезона нема шанси, ништо чудно и да испаднат дома.
Чекај прво да поминат Интер и Милан и во 1/4 финале. Ќе треба меѓу себе да се паднат, па така да се провлече некој до 1/2 финале или среќа во ждрепка.
Во Лондон ќе мора убаво да се намачи Милан.
Овие Порто не делуваат како некои што би сакале да напаѓаат, имаат проблеми со повреди, а еве и поради црвен нема да им игра важен фудбалер, но се покажаа како доста незгоден противник. До црвениот имаа и подобри шанси.
Мислев дека полесно ќе паднат. А Бенфика, Дортмунд, па и Лајпциг да помине, се подобри од Порто.
По игра Наполи влева некоја надеж, но Сити делувале и подобро, па го јаделе, а Реал е доказ дека треба и нешто повеќе од "убаво играат" за да се стигне далеку во ЛШ.
Баш би сакал во некоја следна фаза да се паднат Реал и Наполи, ме интересира како ќе изгледа тоа.