FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Избегнувам филмови со деца и вакви осетливи тематики ама го изгледав успешно до крај.
Една година работев со деца имаше вакви/слични ситуации и групна терапија на цел клас е навистина потребна и е ефективна пред се. Не само за децата туку и за наставниот кадар.

Трејлерот не го ни изгледав само го вклучив филмот без никакви очекувања. Како течеа сцените мислев децава ќе почнат нешто да се допираат да експериментираат затоа што делот со спиењето постојано заедно некако ми алудираше натака ама сум промашила целосно.

Филмов ми ја отсликува денешнава реалност меѓу децава. Нема училиште кај што не се случуваат вакви работи, нема дете што не е кршливо ама има деца што не знаат да покажат, да разговараат туку се затвораат и завршува фатално. Во најмала рака пројавуваат анксиозност и депресија на години во кои не разбираат за што точно станува збор ниту пак можат да разговараат дома што е уште потрагично.

Се стопив.Го стопирав филмов кога се качи мајката на Лео во автобус јер знаев што следи. Си земав една минута па се вратив.

За Реми ненадејната одлука на Лео да се отргне од него е исто како мајка му да му рече јас се селам од утре не се гледаме. Начинот на кој тој се чуствува отфрлен не може да се објасни. Јас би се осеќала ко парче месо некој да ми откине и да ми рече добра си ајде терај даље. Од друга страна Лео, важно му е мислењето на другите и нивното социјално прифаќање.
Премногу детски, премногу наивно што е сфатливо за деца од 13 години.

Јас филмов би го сумирала како лекција за едно големо преживување и исцелување што секој го имал порано или подоцна на овој или оној начин. Тоа го споредувам со сцената кога му го вадат гипсот и го прашуваат дали при движење се уште боли. Исцелувањето боли како скршената коска а може и повеќе. Треба време а треба и сила а се тоа е бавно и болно патување кое на крајот ќе те обликува во сосема поинаква личност како резултат на тагата и вината.

9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902
Избегнувам филмови со деца и вакви осетливи тематики ама го изгледав успешно до крај.
Една година работев со деца имаше вакви/слични ситуации и групна терапија на цел клас е навистина потребна и е ефективна пред се. Не само за децата туку и за наставниот кадар.

Трејлерот не го ни изгледав само го вклучив филмот без никакви очекувања. Како течеа сцените мислев децава ќе почнат нешто да се допираат да експериментираат затоа што делот со спиењето постојано заедно некако ми алудираше натака ама сум промашила целосно.

Филмов ми ја отсликува денешнава реалност меѓу децава. Нема училиште кај што не се случуваат вакви работи, нема дете што не е кршливо ама има деца што не знаат да покажат, да разговараат туку се затвораат и завршува фатално. Во најмала рака пројавуваат анксиозност и депресија на години во кои не разбираат за што точно станува збор ниту пак можат да разговараат дома што е уште потрагично.

Се стопив.Го стопирав филмов кога се качи мајката на Лео во автобус јер знаев што следи. Си земав една минута па се вратив.

За Реми ненадејната одлука на Лео да се отргне од него е исто како мајка му да му рече јас се селам од утре не се гледаме. Начинот на кој тој се чуствува отфрлен не може да се објасни. Јас би се осеќала ко парче месо некој да ми откине и да ми рече добра си ајде терај даље. Од друга страна Лео, важно му е мислењето на другите и нивното социјално прифаќање.
Премногу детски, премногу наивно што е сфатливо за деца од 13 години.

Јас филмов би го сумирала како лекција за едно големо преживување и исцелување што секој го имал порано или подоцна на овој или оној начин. Тоа го споредувам со сцената кога му го вадат гипсот и го прашуваат дали при движење се уште боли. Исцелувањето боли како скршената коска а може и повеќе. Треба време а треба и сила а се тоа е бавно и болно патување кое на крајот ќе те обликува во сосема поинаква личност како резултат на тагата и вината.

9/10
Welcome in The Club :love:
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
166
Поени од реакции
769
IMG_20230124_153333.jpg

Изминативе години навивав за Сорентино, Аида, Медена земја, Студена војна што мислам дека доволно зборува за тоа кои се шансите за успех на филмов :icon_lol:
Како и да е, може сега конечно ќе го скршам проклетството. Woohoo!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548
Close (2022)

Ред точаци, ред хокеј, ред фарма, ред школо. Исплакни, па повтори. Така некаде до скоро половина филм, па нешто се деси, па после пак истото. Некој може ќе рече филигрански се граделе ликовите, слој по слој. На почетокот имаше неколку можни правци во кои може да се развива приказната, но веднаш се откри приказната и оттаму веќе стана лесно предвидлив.

Сѐ беше во функција да измами емоција од гледачите. Искористено секое можно клише, но доста вешто, тоа морам да признам. Врнеше баш кога треба, цвеќињата цветаа и венеа кога треба, ѕидовите менуваа боја кога треба, се појавуваа бебиња кога треба и сѐ друго што за што се знае дека влијае на чувствата се појавуваше кога треба. Го претераа троа, заедно со крупните кадри кои доминираа низ целиот филм од истата причина. Едно време се запрашав да не се вика филмов Close up. Кај крупни па и долги. Барем анфас да беа, па да видевме израз, нешто, а не само тил. Сцените дозирани колку да бидат во функција на идејата.
Дечките одлично изглумија.
Завчера го номинираа и за оскар за странски филм или како и да ја викаат сега таа категорија.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.106
Поени од реакции
34.902
@grande-juve , @Darklady , @Violetova , @zmija1 , @Dumbledore , @The Cooler King - уште денес и утре на менито е Close.

@Erich Zann , @wot , @__Vita____ , @Shutmanga - уште еден повик до вас - ако сакате да предложите филм во кругов, се што треба да направите е да изгледате само 1 филм од последните 3, ете, последниов нека е, Close.

@devilko , @Setsuko , @Gazpapir , @Corvus , @Anon , @Комита Ултрас - last call for you too - ако остане се како што е, следните 2 недели се можеби последни во овој круг. Ако не се вратите до тогаш, го губите местото за предложување во следниот круг.

@Miss.Independent - мало појаснување и за тебе: правилото вели - за да можеш да предложуваш, треба да изгледаш минимум 1 филм од последните 3, и минимум 3 од последните 10 (вклучувајќи го и тој 1 од последните 3). Првиот дел од правилото го исполнуваш, 1 од последните 3 имаш гледано, ти фалат само уште 2 филма. Да претпоставиме дека овој кој ќе биде следен, а воедно и последен во кругот ќе го гледаш. Тогаш ти треба само уште еден за тој сепак да не биде последен и ти да предложуваш филм во овој круг. Значи во наредните 2 недели треба да го гледаш следниот филм кој ќе биде предложен плус еден од овие 8:

Willow
RRR
Dancer in the Dark
Shadow of a Doubt
Barfly
Look Who's Back
A Christmas Carol (1938)
Fiddler on the Roof

и да напишеш рецензии за двата тука. Ако не успееш, пак ништо не е страшно - почнуваме нов, трет круг, само во него ќе почекаш додека да дојде твојот ред за предложување.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Fiddler on the Roof (1971)

Иако лично не преферирам да гледам мјузикли, со филмов се запознав преку Бродвеј препорака на Јутуб. Претпоставувам алгоритмот ме поврзал преку ова видео (знам дека е лигле, но е доста талентирано лигле) кое го гледав претходно, но мислев дека станува збор некоја негова композиција која ми беше доста catchy. Во тоа време го изгледав и филмот, најголемиот проблем ми беше тоа што за мене сите изгледаа ко дедовци, со сиво-бела несредена брада, пуштил мев, и он ќе се жени! Но во обзир се земале прво културниот основ, а потоа и општествениот статус и класа, кои биле пресудни и одлучни пред физичкиот изглед. Овој феномен и ден денес игра голема и важна улога во еврејстката традиција и култура.

Филмов веќе ми е гледан, можеби некогаш би го репризирал, сега не. 7


Close (2022)

Од една страна имам аверзија кон Оскарите, од друга страна не претпочитувам да гледам општествено идеолошки екслоативни тематики кои последните 10 години репетиторно ги окупираат речиси сите високо буџетски филмови, па и сите големи филмски продукции. Така, чисто се соменвам дека воопшто ќе го гледав да не беше предложен во Клубов. Но овој филм призлегол надвор од Холивудските порти, површински задира во тие тематики, но тоа на страна, филмов ми беше крајно асодржински и многу многу досаден. Од класичните училишни одмори, се селиме кон плантажите за цвеќиња, па потоа вон наставните активности на Лео, како играње хокеј. 1, 2 и 3. Очекував филмот некако да се развие, започнува некако, проследуваме извесно дружење, меѓу Лео и Реми, каде секоја секунда ја поминуваат заедно. И после самоубиството на Реми 1, 2 и 3. 2
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.854
Поени од реакции
5.991
Баш би сакал да се вратам. Клубов ми е при срце. Уште од самиот почеток од првата верзија а во далечната 2015/6 кога почнавме сум член.
Тука филмски созреав, изгледав преубави филмови, потрошив доста квалитетно време.

Но, за жал времето се менува и повеќе не можам да држам чекор со вас, затоа и стихијно се повлеков.

Оставете ми поздравени, посебно @Zlatikevichius кој неизмерно вложува дел од себе да го направи филмското катче најубав дел од форумов.

Не е ова збогум, туку: "се читаме повторно, некогаш во иднина".

Че се врнам. :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.190
Поени од реакции
56.760
Корвус фати дечко и ни стави крст на нас, бедниците овде што се трудиме од петни жили да преживееме. Фала ти. Не треба да ме цитираш да ми се правдаш бла бла. Покани ме на веридба а после и на свадба. :smirce: :smirce: :smirce:
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.481
Поени од реакции
7.304
Close (2022)

Не знам точно зошто, ама не успеа да изнуди филмов поголема емоција од мене.
Темата чувствување вина и загуба после самоубиство на најдобриот другар и тешкото справување и прифаќање, сето тоа технички добро скоцкано со фантастична глума од децата би требало да се доволни ама не се кликнавме убаво.
Мислам дека дел од тоа што ми сметаше беше малку нереалната зрелост на 12-13 годишни деца, па уште и фаќаат сигнали дека соучениците им делуваат на геј пар.
Друго, иако технички скоцкан супер, сепак раскажувањето делуваше доста репетитивно и споро ама без ефект. Не силуваше да измами емоција, тоа со сила барање емоции го мразам во филмови, тука беше посуптилно, ама пак некако не ми делуваше "природно".
Мајка му на Лео кога му соопшти во автобус што се случува и кога плачеше на доктор не поради раката туку поради загубата, тие две сцени ми беа емоционални.

6,5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.365
Поени од реакции
28.133
Close 2022

Убаво почна ама целиот филм ми беше конфузен. Да не беа сцените со далиите кога умираа и ги садеа, чинам целиот филм се одвиваше во размак од 5-7 дена. Блискоста на Реми и Лео беше сервирана во нецели 15-20 минути, возеа точак, отидоа на школо 2 пати, трчаа по шумата и толку.
Зрелоста на 13 годишни деца беше исто вештачка, поготово со прашањата што си ги поставуваа во креветот кога лежеа. Не дадоа што направил Реми, ама се алудираше на самоубиство, што донекаде и е разбирливо за дете од 13 години после тоа отфрлање од страна на Лео. Сакав да знам повеќе за Реми и како тоа се чувствуваше и справуваше со тоа, се што видовме е еден излив на емоции во школскиот двор. АМА, во ниту еден момент немав грутка во грлото или да изнуди некоја поголема емоција од мене.
Сметам дека ваков филм мора посериозно и да најде поубав пристап до публиката. Секој човек е различен ама на ваква загуба очекував повеќе плачења, и емоции.
Се што добивме е 20 кадри од лицето на Лео, 5 кадри како Лео ја гледа мајка му на Реми и мајка му на Реми како го гледа Лео барајќи го Реми и одговори.

Јас искрено не видов овде емоција кај Лео за загубата на Реми, видливо беше чувството на грижа, па дури и во последната сцена кога конечно се расплака. И тогаш не добив впечаток дека тоа е за Реми туку дека конечно прозборе и ја кажа вистината што го мачеше. Мајката на Реми исто, скоро цел филм беше изгубена, ама требаше и некоја солза плус да видиме.

Технички освен живописноста на боите, другото не ми се допадна. На неколку наврати кога Лео беше задишан се приметуваше дека аудиото е вештачко и не беше синхронизирано со неговото дишење. Камерата често знаеше да биде вон фокус на места каде што требаше да биде во фокус. А, кадрите беа доста репетитивни што исто ми сметаше.

Во филмов за чиста 10ка се глумата на Лео и Реми.

Она што највеќе ми фалеше е повеќе емоции. Далеку од тоа дека ги нема, ама кога филм пробува да обработи ваква тематика, очекувам многу повеќе. Севкупно сметам дека филмов требаше да има многу поинаков пристап. Можеше подобро затоа што има потенцијал.

Деца на 13 години не треба и не смеат да се соочуваат со вакви проблеми, уште помалку па и со загуба на близок пријател, ама живтот е таков за жал.
Во основно т.е. во 6то одделение загубивме соученик додека бевме на распуст. Нема да влагам во детали ама не беше лесен период. Ја тргам еве конкретно оваа тематика на страна, ама основно и средно не се лесни, поготово за луѓе што многу им значи коментарот и мислењето на другите. Многу деца минуваат низ вакви проблеми каде што се психички малтретирани од врсници, ама за жал јас не гледам решение тука. Колку сакаш работи ти со нив, сепак се деца. И многу малку фали за ваква глупост.

Околу коментарот на Злате за срце-камен. Не се сложувам. Во животот имам загубено многу блиски и драги луѓе ама не на ваков начин. Глупи и досадни филмови/серии изнудиле повеќе чувства кај мене само затоа што сум можел да се поврзам со некој момент или емоција. Во овој филм тоа го немаше, и мило ми е што не сум само јас што го критикува. Мислев ќе звучам сурово ако сум само јас.

Нејсе, филмов е 7/10 иако на еден поинаков пристап лесно можеше да отиде и до поголема оценка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Close 2022
Го почнав пред два дена, ама многу ми се виде досаден и долг: две деца најдобри другари, што би рекле ние, постојано се заедно, дури и спијат еден кај друг. Па почнуваат средно, таму другите деца им лепат етикета дека се пар педери, што на едното дете почнува да му смета, па се олабавува од блискоста со другото дете. Можеби и јас така би постапила ако ми лепат етикети дека се дружам со некого. На милијарди луѓе на светот, нема потреба од вакво нешто.

Другото дете преемотивно, почнува да покажува (солзите додека доручкуваа) дека не му е сеедно што другарчето го оттурнува полека од себе. ОК, едниот секогаш е повреден кога другиот решил прв дека треба да се олабави врската: меѓу другари, меѓу љубовни партнери... таков е животот.

Прееска го догледав, да не беше за Клубов немаше да го догледам. Реми се убил, Лео чувствува одговорност, можеби затоа не плаче; мајката на Реми барајќи одговори осеќа дека причината можеби е во другарувањето со Лео, и откако Лео ѝ кажа, нему му олеснува, но не на мајката, иако ја гледаме дека го гушна, и толку после тоа. Животот на Лео си продолжи: си најде ново другарче за играње видео игри и преспивање еден кај друг; се вклучи поативно во бизнисот со цвеќиња, и среќен и насмеан ја заврши школската година.

Според мене, главната линија не е дека ги исмеваа во школо, тој дел не беше толку силно прикажан, Реми не се уби заради тоа, туку затоа што Лео се оддалечуваше од него: на одмор во школо веќе не стоеја заедно, на спиење, Лео му рече да си оди во другиот кревет...

6/10
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.522
Поени од реакции
33.704
Јас избрав најлош период да се активирам во филмскиот клуб, пак ми се насобрале а бев со таков ентузијасм.
Предлозите ми се симнати и имам во план да ги гледам дечки, извинете што скокам ред.

Го гледав сношти Close.

Си реков покрива доста земјиште, оскари, филмски клуб плус зборат по малце Dutch па таман може и ќе научам нешто бидејќи ќе морам б2 у скорешна иднина. Искрено сакав да ја испоштовам и на Џонтра симпатијата такоџе како за прв предлог. :smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce::smirce:

Се накострешив кога видов дека е квир во улога на двајца тринаесегодишњаци, како повеќето. Уште на почеток сакав да се направам дека никогаш не сум го видел ова - дури мавтајќи си себеси со раката како кога Оби Ван вели дека тие не се дроидите што ги бараат. Сношти навистина не бев расположен за уште еден пропаганден филм и навистина не почнавме на права нога, јас накострешен. Он дрзок.

Исто немам проблем со такви долги vague кадри и без дијалог ала A24 филмови каде само играат хокеј или го даваат во тил низ цвеќињата, има далеку подобар пејаут кога преку тој начин некој ќе те натера да сочувствуваш бидејќи си го прешол прегот на пола-внимание-телефон-музика и само читање титлови и си целосно инвестиран и следиш како што замислил филмот. Тоа функционира кај мене но само кога убаво ќе се постави од старт филмот и ме впие и секако ако е убаво одглумен. Проблемот беше моето касно давање шанса на филмот, после претпазливоста, и неговото премногу барање, нешто што спомна moon goses. Премногу агресивно побара емпатија, ептен фрлено во лице црната хроника што само по себе не гарантира сочувство и емпатија без основа. Го имав тоа чувство на горделивост од филмот, како - отидовме таму, гледај само да не сочувствуваш и да плачеш, ќе бидеш осудуван!

Интересно играње со вина, тоа е единствено што функционираше. Ме замисли, се прашував сам, ја прашував жена ми, го прашував и филмот на неколку наврати шо би направил, што требало да се направи, дали има виновен а воедно како што и „напаѓав“ некој лик толку вешто и го бранев, ставајќи се во чевли. Тука потфрлив и се предадов на барањата на филмот и навистина е тажна разврска за Лео. Тематски одличен филм како за во клуб и иако си поминав накај мизерно, не ми легна на енергија, сепак му оставам висока оцена. Нека биде 7 од 10.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548
Според мене, главната линија не е дека ги исмеваа во школо, тој дел не беше толку силно прикажан, Реми не се уби заради тоа, туку затоа што Лео се оддалечуваше од него: на одмор во школо веќе не стоеја заедно, на спиење, Лео му рече да си оди во другиот кревет...
Јас имав впечаток дека Реми беше тој што почна да се оддалечува од Лео, затоа што Лео многу лесно се вклопи во новото друштво, почна да оди на хокеј, да создава нови другарства и со тоа да го губи ексклузивитетот кај Реми.
Реми беше тој што го сакаше Лео само за себе, а не можеше да го задржи и почна да го избегнува, а со тоа и да искажува нетрпение кон Лео.

А можеби впечатокот ми е погрешен, а не ми се гледа уште еднаш да проверам :)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Фала @Zlatikevichius на објаснувањето.

Willow (1988)
6.5/10

Со филмов се вратив 15 години назад кога бев детиште и гледав вакви филмчиња:D

Фантазија авантура, бебе кое е избрано да го урне владеењето и теророт од злобната кралица пристигнува преку реката до заедницата Нелвин (џуџињата). Тие се исплашени бидејќи е Даикини (голема личност) и му заповедаат на Вилоу да го врати бебето на неговиот вид… и оттука започнува авантурата и патувањата.

Океј е, лесен филм особено за помалата публика, позната содржина, се пресмеав на моменти. Бебево преслатко не можев да престанам да го гледам. Инаку кога видов колку многу џуџиња има во филмов бев као втф, па стопирав да изгуглам и прочитав дека имало меѓу 225 и 240 глумци џуџиња и го имале најголемиот кастинг на џуџиња досега во филмската историја (y)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.571
Поени од реакции
34.968
Fiddler on the Roof (1971)

Првично малку должината ме исплаши, ама како што течеше, се повеќе уживав :icon_mrgr:
Генерално ги сакам мјузиклите како жарн.
Една топла приказна, за традицијата, вербата, љубовта, промените кои се случуваат, генерацискиот јаз кој се јавува. Ми се допадна Тевје и целата актерска екипа. Одлична костимографија, сценографија.
Музичкиот дел буквално уживав :love:
Одличен предлог 9/10

Песнава не ми излегува од глава :vozbud:


Close (2022)

Филмов го гледав на рати. Едноставно не ми легна, не се поврзавме од старт.
Повеќе работи ми беа не нормални, можеби затоа што го гледав со предрасуди. Ми недостасуваше емоција во филмов. Ако веќе бараат да ме фатат на емоција како гледач, тогаш првично очекувам да ми ја дадат. Ужасно ми пречи ЛГБТ пропагандата што се турка како новото нормално.
Реми и Лео, одлична глума и толку.
6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom