Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
14 јули 2017
Мислења
670
Поени од реакции
1.352

Воа го имам одамна гледано и сега ми текна кога го почнате виа муабет, кажува за играчите порано, ама интересното е на 5:55, каде шо кажува како и преку судиите се местат утакмици.
 
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Не ми е веродостојно тоа 42 коша на полувреме е многу разлика,Монтепаски беше бр 1 во Италија,добар аматерски тим ќе ја одбрани таа предност не па Монтепаски,може биле 24 коша,тоа е веќе достижно.
42 коша беше, немам никаква причина да измислувам. Полувреме беше нешто како 62-20, 64-22. Со години имав кошмари од натпреварот. Многу ми е криво што не можам да го најдам сега, не знам како да побарам на гугл.
 
B

BigMac

Гостин
Оваа 2023 сум се уште мирен немам тикет уплатено ,да се надевам дека до крај на годината ќе биде така.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.142
Поени од реакции
2.250
42 коша беше, немам никаква причина да измислувам. Полувреме беше нешто како 62-20, 64-22. Со години имав кошмари од натпреварот. Многу ми е криво што не можам да го најдам сега, не знам како да побарам на гугл.
Па нека ти текне која година беше утакмицата и пребарај ги сите од таа сезона.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.782
Поени од реакции
44.021
Кога сме кај глупо паѓање на ливчиња, може имам плачено тука, ама и јас имав една скоро невозможна ситуација.

Пред некои 10тина години ја чекав Ивановиќ - Квитова +21,5 гејма. Прв сет зема Ивановиќ 6-3, значи ми требаа 13 гејма до крајот на мечот. Квитова отвори одлично во втор сет, 1-0, 2-0, 3-0, 4-0 и тука веќе му објаснувам на цимерот дека готово, фатив.

Единствен начин да ме заебат беше или Ивановиќ да го сврти вториот сет и да го освои со 6-4 или 7-5 (тајбрејк ми вршеше работа), или двата сета да завршат со по 6-0.

И нормално дека Квитова победи 3-6; 6-0; 6-0.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.122
Поени од реакции
4.125
5D66923A-CE4F-475F-B37A-83B6DCEA03DC.jpeg

ова е единствен меч помеѓу Сиена и полска екипа со пресврт шо го најдов. Само не е 42 туку 24 разлика. Сите останати 8 меча помеѓу овие екипи тепалаСиена.
 
B

BigMac

Гостин
Прегледај го приврзокот 361343

ова е единствен меч помеѓу Сиена и полска екипа со пресврт шо го најдов. Само не е 42 туку 24 разлика. Сите останати 8 меча помеѓу овие екипи тепалаСиена.
Убаво пишав, направил грешка пермутација на бројки место 24,вика 42 коша што е невозможно
Автоматски споено мислење:

Најглупо паѓање на тикет,го ставив Надал против Содерлинг 1.02 роланд гарос ,за да имам услов да изиграм од супер тип меч со појака квота и ме заеба само таа
 
Последно уредено:
Член од
10 ноември 2022
Мислења
299
Поени од реакции
880
Искрено, сега ме ставивте на мисла. Дури е можно да беше овој меч, бидејќи се сеќавам дека беше полска екипа, и дека победија во продолженија. Од друга страна овде коеф на Монтепаски бил 1.06, јас се сеќавам како на 1.30.

Може ми се имаат измешано работите, старост грдост.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom