Secret Movie Santa 2.0

  • Креатор на темата Креатор на темата Corvus
  • Време на започнување Време на започнување
Јас од мојот not so secret Santa го добив
https://www.imdb.com/title/tt11655202/
Данска акција со примеси на комедија. Филмот пробува да покаже како низа од случајности влијаат на настаните. Почнува со несреќа во која главните ликови(татко и ќерка) ја губат својата жена/мајка, и како они се носат со загубата. Приказната се заплеткува кога се умешуваат неколку гик научници кој имаат теорија дека не е несреќа туку намерно исцениран настан, и таткото тргнува во одмазда.
Тешко ми беше да се внесам во приказната зашто да постои таква криминална група во Данска е sci-fi.Да беше мексички картел веројатно поинтересно ќе ми беше. Малце го затупеа со менталното здравје на татково, али вајда тоа е тренд сеа во светот. Дури и украинец азилат има, а филмот 2020 :D

Се на се интересно филмче, не е баш класична брза акција, за тој што нејке таква.
 
The Handmaiden (2016)

Се извинувам што дури сега го изгледав филмот, сега најдов прилика за тоа.
Добар филм. Не знам што да напишам рецензија за ваков филм.
Му давам 7,8/10.
Благодарност до предложувачот, ми беше во watchlist, вака добив можност да го изгледам порано.
 
The Best Offer

Предвидлив и досаден. Уште на почетокот кога го дознаваш дејството знаеш како ќе заврши. Знаеш дека стариов ќе се заљуби и на крај ќе биде заебен. Да завршеше среќно тогаш ќе речев дека е нереален и психопатски филмов, вака е досаден.
Уште од самиот почеток ми беше исцртано дека ќе биде досаден и така и беше.

4/10
 
Јас малку со закаснување, немав баш време, ама да пишам. Ми го препорачаа "Forgotten". Филмов ми беше и во вачлист, ама за жал ме разочара. Тотално нереално, амнезија и хипноза не работат на тој начин, а дури и да работело така, братот ќе ги памти барем лицата на родителите и брат му. Друго не може амнезија на последните 20 години да има. На крај и преку се ова да прогледаме низ прсти, ќе види дека е сменет светот, нови коли, нова технологија или пак самиот ќе се види во огледало дека е старо магаре и ќе погледне бе календар некаде. Ужас, не знам зашто сте му давале високи оценки. Претенциозно срање што се труди да изгледа паметно и вау, ама не оди ни блиску до тоа.
2/10
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom