Фала Дедо Мраз што ми даде оваков позитивен филм, во овакви убави времиња за време на празниците!
Мизери(1990)
Базиран на истоимената книга, се работи за еден писател кој доживува сообраќајна несреќа. Животот му е спасен од една мила женичка, која го носи во нејзиниот дом, го негува и се грижи за него додека не закрепне. Жената случајно споделува дека е негова голема обожавателка и нејзините книги ѝ помогнале да преброди дежок период од животот. Дали ова ќе прерасне во една голема љубов, или не, ќе дознаете откако ќе го изгледате филмот.
Топло ви го препорачувам, особено во овој студен период, за да ви ги стопли срцата и да ви го разбуди новогодишниот и божиќниот дух.
10/10
Кога станува збор за Кети(Kathy) Бејтс, нема потреба да дискутираме за глума.