Euphoria

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Навистина е штета што втората најгледана HBO серија на сите времиња нема своја тема. Всушност, забележав дека многу понови серии немаат свои теми на форумов, иако знам дека имаат гледачи, па ќе се потрудам тоа да го смениме.

1668539444596.png

Euphoria е американска тинејџерска драмска серија креирана и напишана од Том Левисон за HBO, инспирирана од истоимена израелска ТВ серија. Ги следи последните години од средношколските денови на Рут Бенет (Зендаја), тинејџерка која се опоравува од зависноста од дрога. По овие две реченици прво што ви паѓа на памет е дека ова би било екстремно клишеизирано, веќе видено американско срање, но верувајте, многумина кои така мислеле а отпосле и дале шанса на серијата, го смениле мислењето. Меѓу нив и јас. Серијата а снимана во средно училиште во Лос Анџелес, Калифорнија. И правата и втората сезона поминаа одлично и кај гледачите и меѓу критиката, најчесто фалејќи ја кинематографијата, музиката, глумата (особено на Зендаја!) и пристапот и детабуизирањето на некои сериозни теми. Она што, пак, најчесто и замеруваат се самоповредувањето, екстремната употреба на наркотични средства, голотијата и приказот на експлицитна сексуалност која за некои е несоодветна и претерана зашто се работи за тинејџерска серија. Премиерата ја имаше на 16 јуни 2019, а втората сезона излезе на 9 јануари 2022. Во меѓувреме имаше 2 едночасовни специјални епизоди во декември 2020 и јануари 2021. Заработи многу награди и номинации за ЕМИ. За нејзината глума Зендаја освои меѓу другото и 2 ЕМИ награди за најдобра актерка во драмска серија, правејќи ја истовремено и најмладата освојувачка на таа награда во историјата. За првата ЕМИ награда Зендаја ги победи едни Оливија Колман за The Crown, Џенифер Анистон за The Morning Show, Лора Лини за Ozark и Џоди Комер и Сандра О за Killing Eve.

Освен Зендаја, во серијата глумат и Мод Апатоу како Лекси, најдобрата другарка од детството на Рут, Ангус Клауд како Фез, локален дилер на дрога и близок пријател на Рут, Џејкоб Елорди како Нејт, средношколец-спортист со многу психички проблеми и сексуална несигурност, Алекса Деми како Меди, девојката на Нејт и популарна девојка во училиштето, Ерик Дејн како Кал Џејкобс, строгиот татко на Нејт кој води двоен живот, Барби Фереира како Кет Хернандез, дебела девојка - борец за body positivity и многу други. Како и секаде, неизоставен дел е woke-ингот и тука, но замаскиран зад реалистичниот приказ на многу аспекти од современиот живот на тинејџерите во Америка, не смета премногу.

1668539637234.png

Премиерата на серијата ја следеле само околу 550 000 гледачи, но бројката е дуплирана веќе за втората епизода. Првата сезона е најгледана HBO сезона на серија во историјата кај гледачите помеѓу 18 и 49 години, со некои епизоди гледани од 6,6 милиони гледачи. На крајот од втората сезона го добива епитетот - втора најгледана HBO серија во историјата (по Game of Thrones) со просечна гледаност по епизода од 16,3 милиони гледачи. Според Variety, Euphoria е најтвитаната телевизиска серија на декадата во САД, со преку 30 милиони твитови за серијата.

Euphoria е обновена за трета сезона, која претпоставувам ќе го задржи трендот на претходните две и ќе урива многу рекорди.

За тие што ја гледале / гледаат, еве место каде може да дискутираме за истата. За тие што не ја гледале, од мене огромна препорака да ја пуштат. Ве уверувам дека нема да ве разочара. А ако не сакате...

zendaya-euphoria.gif
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Јас изгледав 7-8 епизоди и ја прекинав, премногу мрачна серија за мене.
Дроги, хистерии, варања, секој со секој, депресии, плачки, врескања...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.980
Јас изгледав 7-8 епизоди и ја прекинав, премногу мрачна серија за мене.
Дроги, хистерии, варања, секој со секој, депресии, плачки, врескања...
Реалноста на секој тинејџер на запад а се почесто и кај нас. После тоа се претвараат во интроверти и snowflakes и се погодна цел за манипулирање од социјалниот инженеринг.
Самоубиствата веќе не им се чудо туку окончување на горенаведениве работи.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Реалноста на секој тинејџер на запад а се почесто и кај нас. После тоа се претвараат во интроверти и snowflakes и се погодна цел за манипулирање од социјалниот инженеринг.
Самоубиствата веќе не им се чудо туку окончување на горенаведениве работи.
Еми арно де, мене не ме бендиса :)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.980
Еми арно де, мене не ме бендиса :)
Уживај. Ни јас ја немам гледано а според твојов опис не ме ни привлекува зошто многу добро ги доловува срањата во коишто живееме како цивилизација.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Дефинитивно е различна од сите тинејџерски драми, многу повеќе го доловува ова ново време.

Зендаја реално искина со глумата, ги заслужи сите награди.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
Јас изгледав 7-8 епизоди и ја прекинав, премногу мрачна серија за мене.
Дроги, хистерии, варања, секој со секој, депресии, плачки, врескања...
jas samo zirnav 1-2 epizoda prevrtev nabrzina, i od istite pricini, bataliv
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Мислев дека ова е уште една од грото тинејџерски серии што величат насилство, секс и дроги и уште од 2019 викав дека не ме интересира и никогаш нема да ја гледам. Е арно ама, кога ќе ти ја пофалат луѓе чие мислење го цениш, а плус се дел од филмска фела, нешто те голицка да ѕирнеш дали цела еуфорија за Еуфорија беше оправдана. :D

Ја изгледав во рекордно време, 3-4 дена и уште ми се свежи впечатоците. Најогромен плус на серијава е визуелната естетика што ја нуди, кинематографијата и монтажата, но и саундтракот. Би рекла, формата односно надворешноста е перфектна 10/10 за стилот и техничките решенија во сцените.

Содржински очекувано прототип тинејџ ликови, иако на моменти хиперболизирани (не сакам да верувам дека до ова ниво е стигната денешната младина и дека секако има претерувања for drama-sake). Ама и покрај ова сите ликови некако прираснуваат за срце и живееш со нив додека трае серијата ти си целосно во нивниот свет. Ќе пишам поодделно за сите ликови, кој не ја гледал нека застане тука, ќе има спојлери.

Ру - главниот протагонист и наратор во 90% од времето е еден од најреалните ликови во серијата (да, за жал познавам луѓе што се навлекле на тешки наркотици уште на 13 години). Точката од каде тргнува надолно ликот на Ру е моментот кога татко ѝ ќе умре од рак и веќе не може да си најде смисла во животот, единствен спас ѝ се таблетите и опијатите кои ѝ „помагаат“ да преживее. Тука серијата доби доста критики дека ја глорифицира зависноста од дроги, ми се чини многу неоправдано бидејќи емотивната состојба при кризирањето и апстинирањето ги доведоа до крајност, прикажувајќи ги скроз брутално ко да ни плеснаа „сакате да се дрогирате? еве гледајте што ќе ви се случи!“ Зендаја блесна посебно во S02E05 и заслужено си земала Еми. Јас како гледач заборавив да дишам на таа епизода. Па девојката ги победи Џоди Комер и Оливија Колман, што треба повеќе да се коментира?

Џулс - на почетокот ми беше интересен лик, после ми стана некако досадна. Посебно што во нејзините сцени преовладуваше некое иритантно шепкање и slow motion што ми одеше на нерви. Исто така со обременето минато, Џулс е ликот што треба да ѝ даде некаква свежина на серијата, што делумно успева само во првата сезона.

Нејт, Кеси, Меди - овој триаголник беше забавно да се следи и покрај целото сапунесто клише. Сите со daddy issues, сите желни за внимание, а длабоко несреќни. Читав дека во 2 сезона била планирана врска меѓу Нејт и Џулс, но сценариото било променето поради несогласувања на актерите што ги играат. Ова според мене ќе беше многу поинтересно дејство и делува многу непрофесионално што дозволиле приватни глупости да го загрозат развојот на серијата. Но, во сета нивна интеракција најболна беше сцената кога Кеси лежи во када на забавата, а Меди кога ќе чуе дека „некоја онесвестена девојка лежи таму“ реагира као who cares? Тие неколку секунди и тој недостаток на емпатија и егоизам како да се коренот на цела нивна несреќа. А воедно и отсликуваат едни цели пропаднати генерации кои единствено се грижат само за себеси.

Кет - трансформација од невина девојка до бестрашна жена. Кет требаше да биде симбол на "loving your body is the best trend" и цела таа машинерија што се занимава со бидете дебели ама среќни, независни и моќни, до степен што ќе се претворите во бесчувствителни кучки. Типката наместо да се загрижи што секс-видеото ѝ стана вирално, она го изманипулира и директорот на школото и цел тој момент го искористи да заработи пари. Е, тука веќе може да се зборува за глорификација на неморал, а не во наркоманскиот аспект. Добро е што во 2 сезона ја сведоа на ниво на статист, а најверојатно во 3 нема ни да се појави.

Фез и братот Еш - кога локален дилер и неговиот мал брат се најнормални од цела серија знаеш колку се другите отидени во неповрат. Нивната наративна линија беше најмотивирана, со минато кое им ги оправдува постапките, така морале, не знаеле за друго и така се снаоѓаат во животот. Убава тензија изградија на крајот од нивната приказна, очекувано беше до негде оти нема туку-така да се извлечат.

Лекси - ликот во сенка што издоминира на крај. Не знам колку е морално да правиш претстава во која ќе ги „искористиш и исмееш“ сите околу тебе, без да им кажеш дека се ликови во истата. Но да го оставиме тоа, од каде бе на едно обично средно школо буџет за таква сценографија, осветлувања, костими ко да е Бродвеј? Не е ваљда дека сите средни школи во Америка имаат толку спремни драмски секции.

Родителите на тинејџерите - ко и во секоја таква серија многу занемарени, а највиновни за постапките и изгубеноста на нивните деца. Нејт целосно осакатен од Кал (неговата приказна исто така брутално реална), а и мајка му ништо подобра, Ру без татко, но барем со нормална мајка, мајката на Кеси со посебна забеганост, ја поддржува со абортусот, па по краток период среде ноќ оди да живее кај друг дечко, оваа само си седи и ја гледа. Важи дека мајка на 17 годишна девојка ќе ја пушти само така лабаво да си замине од дома знаејќи низ што сѐ поминала претходно.

Друго, знам дека HBO се познати по голотија, вулгарност, еротика, ама ќе мрчам дека во секоја епизода го имаше ама буквално скроз непотребно во крупен кадар, апсолутно невкусно само за да се уништат некои табуа, демек еве не ги објективизираме само жените затоа ќе ви лупаме во фаца машки полови органи во секоја можна епизода.

Серијата содржински има еден куп недостатоци, но ликовите се предобро напишани и можам да кажам дека ми е guilty pleasure и дека едвај чекам да видам како ќе ја завршат.

За тие како мене, што мрчат и се мислат дали да ја гледаат, дајте ѝ шанса. Гледав и неколку сезони од Elite пример (една од ретките што сум ја прекинала, буквално ми се згади), ама апсолутно нема споредба.

Од оваа перспектива само сфаќам колку наивно си гледавме Rebelde Way како тинејџери и сите овие „сериозни драми“ ни беа непозната именка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
нешто те голицка да ѕирнеш дали цела еуфорија за Еуфорија беше оправдана. :D
Баш ми е милоооооо... :vozbud:
Содржински очекувано прототип тинејџ ликови, иако на моменти хиперболизирани (не сакам да верувам дека до ова ниво е стигната денешната младина и дека секако има претерувања for drama-sake). Ама и покрај ова сите ликови некако прираснуваат за срце и живееш со нив додека трае серијата ти си целосно во нивниот свет. Ќе пишам поодделно за сите ликови, кој не ја гледал нека застане тука, ќе има спојлери.
Искрено, и мене ми делуваше дека е се хиперболизирано, но ме поправија дека можеби е и преблаго претставено. И последниве неколку години, гледајќи ги тинејџерите во моето опкружување, мислам дека сум бил грешка и навистина е реално се. Кога во Скопје се случува, пред твои очи, 90% од тоа во серијата, не можеш да продолжиш да веруваш дека е хиперболизирано. Изгледа ние сме заглавени во времето и веруваме дека многу работи не се смениле од наше време, но очигледно не е така.

А инаку, мене ми се допадна отсуството на едно клише што обично го има во тинејџ-сериите и филмовите: немаше bullying, т.е. го немаше оној добро познат arc во таквите серии и филмови каде еден лик е исмеван, омаловажуван и неприфатен од друштвото зашто е поинаков од останатите. Не дека таквите работи се нереални, само што кога се повторуваат како дел од приказната во речиси секоја една тинејџ-серија или филм, стануваат клише чие отсуство како во случајов, барем за мене, внесе свежина. Во „нормална“, клишеизирана тинејџ драма, девојка како Кет ќе беше по дифолт неприфатена од друга како Меди. Или дури и Ру / Лекси од Меди. Јас паралелно со Euphoria ја гледав и Sex Education на Netflix - колку овој момент го има таму, тоа е ужас невиден!

Кет - трансформација од невина девојка до бестрашна жена. Кет требаше да биде симбол на "loving your body is the best trend" и цела таа машинерија што се занимава со бидете дебели ама среќни, независни и моќни, до степен што ќе се претворите во бесчувствителни кучки. Типката наместо да се загрижи што секс-видеото ѝ стана вирално, она го изманипулира и директорот на школото и цел тој момент го искористи да заработи пари. Е, тука веќе може да се зборува за глорификација на неморал, а не во наркоманскиот аспект. Добро е што во 2 сезона ја сведоа на ниво на статист, а најверојатно во 3 нема ни да се појави.
Оваа ми беше и мене најодвратен лик и максимално најисфорсиран. Таа е олицетворение на woke културата во серијава, според мене, а не Џулс!

За тие како мене, што мрчат и се мислат дали да ја гледаат, дајте и шанса. Гледав и неколку сезони од Elite пример (една од ретките што сум ја прекинала, буквално ми се згади), ама апсолутно нема споредба.
Elite е сосема друг жанр, според мене, не е драма, туку некој шпански трилер, ама таков кој требаше да заврши по втора сезона некаде. Повторливоста на настаните потоа ја направија да изгледа тотално нереално, а случките - целосно невозможни. Плус и Карла ми ја тргнаа, bastards! :(
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.864
Поени од реакции
34.908
Јас изгледав 7-8 епизоди и ја прекинав, премногу мрачна серија за мене.
Дроги, хистерии, варања, секој со секој, депресии, плачки, врескања...
Секоја чест, јас само 2 издржав.:LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom