Не е оправдување тоа, ама баш ич. Се' е тоа за почит што играат во вакви услови, ама кај повеќето ќе стекнат поголем респект ако јавно излезат и ја кажат каква е ситуацијата во клубот.
Две години без пари играат, па нека не играат, нека излезат и нека кажат каква е реалната ситуација. За што ни глумат сите дека е розова ситуацијата, снимаат таму некои емисии, Вардар ќе бил оваков, онаков, збратимувања со турски клубови, не знам какви спонзори...
Нека се распадне подобро клубот, отколку вака да се мачиме и да се лажеме. Која е поентата да глумиме лудило? Демек ќе влеземе прва лига и проблемите сами ќе се решат?
Луѓето најчесто имаат став дека со овој состав Вардар требало да се бори за титула во прва лига, а ние немаме ниту едно дерби каде што сме го надиграле тотално противникот во овие две години. Или некоја мачна победа со еден шут кон гол или некој мачен пораз, никаква игра константно. Огромна е фрустрацијата од начинот на играње, нема врска какви се резултатите. Да, убаво е што победувавме, ама се' е тоа на стаклени нозе.
Значи, луѓето се фрустрирани затоа што овие играчи имаат многу позавидни кариери од голем број од противничките играчи, биле потенцијални репрезентативци, голем дел се и млади, а не играат ништо.
Лично сум пренервозен што за најважен натпревар, почнавме со измешан состав, кога никако не смееше да си дозволиме да загубиме.
И наместо да губеа време да носат играчи кои немаше шанси да дојдат во Вардар или да носат играчи кои очигледно немаат мотивација за игра, можеа да се фокусираат на составување екипа која ќе ја истуркаше сезонава во втора лига. Па се знаеше дека сме куси на стоперска позиција, дека немаме многу опции за У-21 (играчи кои мораме да ги имаме двајца на стартот на натпреварот), дека немаме крила, дека немаме напаѓачи...
Ете како еден Жоглев се погоди како солиден играч, како мотивирано игра, затоа што сака да се пробие и од него не беа големи очекувањата. Еден куп играчи се набројани во темава кои можеа да ги земат, затоа што не беа интересни за прволигашите, а нас ќе ни завршеа голема работа.
Ама не, они Аврамовски ќе го носеле, Спировски ќе го враќале. Донесоа некои играчи со демек прволигашко искуство, во екипи што биле распад систем во тој момент. Не можеа да донесат покорисен дефанзивец од Папули, кој не е ни У-21? Па на кој натпревар ќе добие шанса он?