Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Духовито мора да се признае. Само уште да дополниш каква врска има Бајо (Баевски претпоставувам) со тоа што го напишав. Или можда копнеете за времињата со Илиќ на гол кој заврши кариера, Филип Петковски кој не е меѓу први 25 у Гостивар, Вилдан Керим и Даре Стојанов исто,или оние децана суперталенти кои не играат ни во Локомотива и Слога Виница. Е таков тим имавме лани....

Не знам зошто упорно ги браниш, кога критиките се апсолутно на место. 2 пати игравме со посериозен противник, 2 пати бевме послаби и не успеавме да победиме. Такви оправдувања како 2 лига е, ваков или онаков бил теренот и слично, може секогаш да наоѓаме, Силекс лани покажа и докажа како може и како треба. Нормално е дека ќе се крене галама при кикс, и нормално дека ќе биде мирно кога ги добиваме Беса, Борец и остала компанија, зарем треба некои посебни честитки и пофалби? Реалната слика е дека играме слабо, дека се мачевме и со екипи кои многу полесно требаше да ги решиме и дека имавме прилично лесен распоред, а ситуацијата на табелата не е сјајна, знаеме што се случи лани и знаеме колку лесно може да избега од контрола ситуацијата и годинава, па после пак ќе бидат судии, ффм, Воска, Нефи и не знам кои други криви.
Овој пораз дефинитивно оди на душа на Грне, апсолутно непотребно поради 1 отсуство направи хаос со составот на екстремно важна утакмица. Можеше да го игра Велковски или евентуално Ристевски на десен бек, да не го чепка средниот ред и да жртвува еден од Христов/Десниќ на сметка на Парталко ради у-21 правилото, без да игра Јовче принудно бек и да направи други безсмислени ротации во одбрана и среден ред. Се согласувам и јас дека редно време е Жоглев да добие шанса во први 11, ниту Христов ниту Десниќ покажаа доволно за да бидат незаменливи. Со Воска утакмицава доаѓа во доста лош момент, евентуален кикс тука ќе створи дополнителна нервоза и ќе ја искомплицира работата.
 
Па кога можев да бидам Слободан пред некое време зашто да не можам да бидам и Бајо сега, иако по пишувањата можда најблиску до Грне сум :D

Дај узобилете се малце, тука на времето можеа да се прочитаат конструктивни коментари (како оној на Forza Vardar пример погоре) а не будалаштини слични на оние фан странички по фејсбук кој мислат дека се релевантни. Секој си има право на свое мислење, некој мисли дека сме лоши, некој добри, некој гласа за Гача за најдобар у досегашен дел на сезона иако на негов гол е шутнато 3 пати во 9 кола итн, итн...Нека поминат уште овие 6 кола па да правиме резиме дали било добро, дали можело подобро, кој иде, кој останува, ваљда на сите ни е желба Вардар да го видиме у 1 лига догодина....
 
Дајте му на Мицевски пола саат да дига топки у петок жити се. И Христов тргајте го од крило дур е време.
 
Едно е сигурно, нашите комплет од управа до играчи треба да отидат со желба и намера да им се изнаебат мила мајка сељачка у нивна куќа после све што се деси лани. Ако не биде така нека престанат да се бават со фудбал....
 
Дајте стварно малку сериозност со муабетиве, а не дали Мет бил Бајо, Петко или Станко. Дечкото си праи сосем конструктивни муабети, а се глеа дека и добро е запознаен со случувањата во ФК Вардар. Кога сме веќе кај Бајо, човекот сосем коректно си ја врши работата. Кого повеќе да довлечка во Втора лига, а плус и оние што потпишаа се свесни за проблемите со нередовноста на платите. Да го оставиме спортскиот на страна, што праиме со тие над него во клубот!? Играчите се 4 месеци оставени без пари, додека од друга страна во Гостивар им била ветена премија од 25.000 евра за победа и уште одма им е исплатена по утакмица. Дали е некој свесен какви маки си има стручниот штаб за да ги мотивира своите фудбалерите. Како многу да се занемарува тој момент од сите. Најлесно е да се удри на играчите, а они се единствена позитива во клубот, со навивачите.
 
Не е оправдување тоа, ама баш ич. Се' е тоа за почит што играат во вакви услови, ама кај повеќето ќе стекнат поголем респект ако јавно излезат и ја кажат каква е ситуацијата во клубот.
Две години без пари играат, па нека не играат, нека излезат и нека кажат каква е реалната ситуација. За што ни глумат сите дека е розова ситуацијата, снимаат таму некои емисии, Вардар ќе бил оваков, онаков, збратимувања со турски клубови, не знам какви спонзори...
Нека се распадне подобро клубот, отколку вака да се мачиме и да се лажеме. Која е поентата да глумиме лудило? Демек ќе влеземе прва лига и проблемите сами ќе се решат?
Луѓето најчесто имаат став дека со овој состав Вардар требало да се бори за титула во прва лига, а ние немаме ниту едно дерби каде што сме го надиграле тотално противникот во овие две години. Или некоја мачна победа со еден шут кон гол или некој мачен пораз, никаква игра константно. Огромна е фрустрацијата од начинот на играње, нема врска какви се резултатите. Да, убаво е што победувавме, ама се' е тоа на стаклени нозе.
Значи, луѓето се фрустрирани затоа што овие играчи имаат многу позавидни кариери од голем број од противничките играчи, биле потенцијални репрезентативци, голем дел се и млади, а не играат ништо.
Лично сум пренервозен што за најважен натпревар, почнавме со измешан состав, кога никако не смееше да си дозволиме да загубиме.
И наместо да губеа време да носат играчи кои немаше шанси да дојдат во Вардар или да носат играчи кои очигледно немаат мотивација за игра, можеа да се фокусираат на составување екипа која ќе ја истуркаше сезонава во втора лига. Па се знаеше дека сме куси на стоперска позиција, дека немаме многу опции за У-21 (играчи кои мораме да ги имаме двајца на стартот на натпреварот), дека немаме крила, дека немаме напаѓачи...
Ете како еден Жоглев се погоди како солиден играч, како мотивирано игра, затоа што сака да се пробие и од него не беа големи очекувањата. Еден куп играчи се набројани во темава кои можеа да ги земат, затоа што не беа интересни за прволигашите, а нас ќе ни завршеа голема работа.
Ама не, они Аврамовски ќе го носеле, Спировски ќе го враќале. Донесоа некои играчи со демек прволигашко искуство, во екипи што биле распад систем во тој момент. Не можеа да донесат покорисен дефанзивец од Папули, кој не е ни У-21? Па на кој натпревар ќе добие шанса он?
 
На крајот на краиштата што кур го земал Вардар ако не може да го води, што очекуваше кога го зема со 3 милиони долг. Најубаво ќе беше Вардар да прогласеше банкрот и од ново да си почнеше се. Ова вака не се знае како ќе тера. Многу пати сум кажал ќе кажам и сега, ситуацијата во Вардар поточно долговите може да се решат само политички или ако имаме некој човек патриот од дијаспора со многу пари што би го платил долгот и би инвестирал во Вардар (ова е научна фантастика за нас). Ако не се лажам ФК Сараево исто така бил во долгови, дошол некој Босанец милионер/милијардер го исплатил долгот и оставил уште 2 милиона евра за да може да функционира клубот. Ама како што реков тешко ова кај нас.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom