Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Алелуја тепавме глатко :D

Сите што ги пофалив досега, денес беа камења. Жоглев дрво, Гача 0.
Каков само пенал им подари Гача и ги врати во живот. Ако не тепавме, требаше да се симнеме и да го обесиме на трибина. Прави добра хемија во тимот, ама како еден од поискусни не смее да си дозволи онаков кикс.
Прво полувреме зема да дрибла, му украдоа топка и среќа утнаа празен гол.
Нафрлена топка, никаква опасност, му оди директно во раце и зема му ја избоксува на Мишковски во рака...
Воска имаше уште 1-2 добри прилики по лоши дефанзивни поставувања на нашите странични бекови.

Остатокот, доминација. И пред првиот гол ги потиснавме целосно, ама реализација катастрофа. Конечно Десниќ даде одличен гол откако доби топка во празно, странично излезе со голман и му ја поткопна.
И додека беше еуфорија од голот, промашив еврогол на Мицевски.
Му ја откина мрежата на голманот на Воска. Не го видов убаво голот, пошто беше хаос кај нас.

Топ навивање, преполн стадион, прекрасно време и атмосфера.
Требаше работата да се заврши тука, ама утнавме неколку шанси. Жоглев ја утна најголемата, а на 2-1 и Јовче требаше да ги матира еднаш.

Мицевски искина денес, ме демантира за критиките. Многу важна победа за кревање на моралот.
Мора да се истера јако полусезонава затоа што и конкурентите фатија залет.
 
Панта и Симе денес изгазија… Симе денес убедливо најдобар на терен, 80 минути не застана, спринтови и напад и одбрана…Можеше и мораше да ја решиме многу порано, да ги напуниме, а не да ги враќаме у живот… Се на се, многу битни 3 бода…
 
Шуќур нема критики денес :P Ги изгазивме у секоја смисла на зборот. Панта, Јаневски, Христов, Моцарт и Мишко дробеа. Само благодарение на наши пропусти, не си отидоа со 5 комада во мрежата, а гнидата Ставрев ги држеше во живот. Ваљда се уверија и најголемите скептици дека сме тим за Прва лига.
Само колку за инфо, Воска со ветени премии од околу 1000 евра по играч во случај на победа, нашиве ни абер, а денес гризеа ко невидени...
 
Инаку, при постигнатиот погодок се повреди и Десниќ.
Со оглед на тоа што и Демир не е спремен да настапи, ќе имаме потешкотии со крилните позиции.
Веројатно Симе ќе игра крило, а Жоглев напад или пак Парталко ќе биде крило, а Симе ќе си остане ко единствен напаѓач.
Туку, не спомнавме дека Кире Маркоски влезе во второ полувреме, значи се уште е во тимот... Утна една шанса и тој при крајот, господ знае во каква форма е.
 
Десниќ нема 5 минути вкупно у сезоната одиграно на крило, ниту Христов у шпиц
 
Десниќ нема 5 минути вкупно у сезоната одиграно на крило, ниту Христов у шпиц
Па ротираат константно, немаат некои фиксни позиции. Се движи Десниќ по крило, а Симе најчесто е најнапред во формацијата и обратно, Христов кога оди на крило, овој од позиција на полушпиц се уфрла.
Поистурени играчи од нив немаме, двајцата покриваат и на двете позиции, за разлика од Жоглев кој со конституцијата нема шанси да се влече на крило.
 
Јас не сум многу во тек со настаните околу прославата,но сајтот кој објави е на човек во управата на Вардар така да сигурно не е фејк инфо ,може го тргнале бидејќи е реагирано од Комити,таа информација официјално треба да ја објават први они.
 

Ova najdov na FB


Ustvari bas na FB stranata kaj ovie ide u zivo prenosot

 
Последно уредено:
Карчооооооооооооо!!!
Караорман-Пелистер 2-1 со гол во 96та, како му ја тртна од 20 метри.

Слога - Вардар 0-3
Воска - Кожуф 2-2
Караорман - Пелистер 2-1

Не бев во можност да одам денес, нека даде некој извештај од Виница, го фатив само второ полувреме при крајот. Видов дека Симе даде гол по грешка на голманот. Доминиравме и на 0-3, ваљда лагана победа било.

Воска губеше и изедначи при крај. Во 90та и 92 минута утнаа две чисти шанси. Какви само 2 изгубени бодови на домашен терен.
Пелистер напаѓаше за победа ама на крај го попија, само продолжениетп го гледав.

Гостивар тепаше, али разбирливо, Арсими се нивен тим.

Сега бегаме 1 на Гостивар, 4 на Воска, 6 на Охрид и 8 на Пелистер.
Мора да се добие Беласица во сабота, па во Велес за две недели ќе биде лудило против Тетекс, а ако дадат гостување во Битола, тек тогаш што ќе биде :D
Одлична бројка денес за гостување браво за сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom