- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.164
- Поени од реакции
- 4.728
- Возраст
- 29
Духовито мора да се признае. Само уште да дополниш каква врска има Бајо (Баевски претпоставувам) со тоа што го напишав. Или можда копнеете за времињата со Илиќ на гол кој заврши кариера, Филип Петковски кој не е меѓу први 25 у Гостивар, Вилдан Керим и Даре Стојанов исто,или оние децана суперталенти кои не играат ни во Локомотива и Слога Виница. Е таков тим имавме лани....
Не знам зошто упорно ги браниш, кога критиките се апсолутно на место. 2 пати игравме со посериозен противник, 2 пати бевме послаби и не успеавме да победиме. Такви оправдувања како 2 лига е, ваков или онаков бил теренот и слично, може секогаш да наоѓаме, Силекс лани покажа и докажа како може и како треба. Нормално е дека ќе се крене галама при кикс, и нормално дека ќе биде мирно кога ги добиваме Беса, Борец и остала компанија, зарем треба некои посебни честитки и пофалби? Реалната слика е дека играме слабо, дека се мачевме и со екипи кои многу полесно требаше да ги решиме и дека имавме прилично лесен распоред, а ситуацијата на табелата не е сјајна, знаеме што се случи лани и знаеме колку лесно може да избега од контрола ситуацијата и годинава, па после пак ќе бидат судии, ффм, Воска, Нефи и не знам кои други криви.
Овој пораз дефинитивно оди на душа на Грне, апсолутно непотребно поради 1 отсуство направи хаос со составот на екстремно важна утакмица. Можеше да го игра Велковски или евентуално Ристевски на десен бек, да не го чепка средниот ред и да жртвува еден од Христов/Десниќ на сметка на Парталко ради у-21 правилото, без да игра Јовче принудно бек и да направи други безсмислени ротации во одбрана и среден ред. Се согласувам и јас дека редно време е Жоглев да добие шанса во први 11, ниту Христов ниту Десниќ покажаа доволно за да бидат незаменливи. Со Воска утакмицава доаѓа во доста лош момент, евентуален кикс тука ќе створи дополнителна нервоза и ќе ја искомплицира работата.