Убаво освежување беше за мене серијалов. Го имав запустено светот на Толкин и елфчињата, така да океј ми се виде. Не беше пет од пет фала богу. Така е увек кога се адаптира дебел сорс материјал. Ама искрено повеќе (барем мене) ме иритираа карактерните недоследности и напињањата на Галадриел и тоа што иступија претупија во Нуменор цели три епизоди, него ли да скратеа од таму епизода-две и да се задржеа повеќе на клучните збиднувања во Ерегион и манипулациите на Саурон. Тука мораше да се посвети повеќе внимание на кувањето на прстените и да се подобјасни повеќе лорот на кралската Елф раса. Кои се тие елфови таму шо дефилираат, зошто баш Калабримбор е главна наковална, кој е тој Гил Галад и од каде он крал, шо значи Нолдор елф, каква врска има Галадриел од претходниве и колку е уствари битен Елронд во сево ова. Па и една мапа со пинови на дешавките и протагонистите ќе беше од голема помош за тие шо незнаат каде се и шо се Линдон, Ерегион, Казад Дум, Југот и сл.
Од друга страна, серијава беше пик во сите сцени на Елронд и малиот Дурин. Конверзациите кои ги водеа, односот, заебанциите и се по ред. А и приказот и убавината на самиот Свет беше топ ноч, капа доле, прекрасотија.. Посебно Нуменор.
Во вторава сезона се надевам дека ќе се подобрат во доследноста и развојот на ликовите (читај Галадриел). И шо направија со идентитетот на Саурон - направија. Ама искрено се надевам дека Метеор типот нема да биде Гандолф. Не му е ни место ни време нему таму во таа доба од приказните, така да се надевам дека ќе се најде некој да им каже и ќе го претстават како еден од сините волшебници бидејќи ќе можат буквално шо сакаат и како сакаат да прават со него. Широко вам поље, не прајте глупости..