Специјален поздрав за селекторот кој од првиот ден на секоја катастрофална одлука, замена, утакмица и резултат одговараше со "Добро, сепак јас градам тим за ЕП 2024, не е тоа лесна работа, Лигата на Нации ја користам за подобро да се спремиме за главната задача - пласман на ЕП"
Супер, еве му одлична шанса да ни покаже што работел овие години.
Тешко му било да се квалификува во група со Бугарија и Грузија, можеби се чувал за со Италија и Англија?
Значи секој кикс беше оправдан со "Ова е само дел од процесот, нема простор за паника, главното доаѓа во квалификациите"
Еве, ова е финале.
Ако усепе да заврши топ2 во групава, може сите заедно да го прогласиме за најдобар тренер во историјата на Македонија бидејќи успеал и со младите и со сениорите и тоа во јака група и тоа кога се изгледа тешко и невозможно. Засекогаш ќе го сметам за најдобар тренер на репрезентацијата. Ако после Боби дојде Мурињо и стигне до 1/2 финале на ЕП? Пак ќе кажам "Ама добро, Боби успеа и со младите да се пласира, ипак е малце бољи..."
Ама ако не успее. Макар и да заврши трето место иако им зел поени на Италија и Англија? Дефинитивно ќе го прогласам за најлош менаџер во нашата историја.
Бидејќи ниту еден селекетор до сега не наследил тим што играше на ЕП и ја победи Германија во Германија. Бидејќи ниту еден селектор не заебал 5 години од репрезентацијата велејќи "Eве, сега, се чуваме, ќе биде кај и да е..."
Сите селектори пред Мрме велеа "Тоа е, толку ни е силата, јбг"
Ниту еден не велеше "Се чуваме за квалификации, ова е проект, полека, има време, јас сум задоволен..."
Подобро после поразот со Грузија да кажеше "Јбг, срање сме, не сум јас Мрме па да ја победам велесилата Грузија во Грузија!" отколку тоа дека е задоволен и дека му се допаѓа играта. Подобро против Бугарија да кажеше "Тоа е, јас сум задоволен што не примивме 2 гола, ептен срање ова Македонциве биле бе, ја се нафатив на тешка задача..." отколку да биде задоволен, среќен и да не гледа нешто ептен проблематично бидејќи "Сега доаѓа она јакото!!!"
Е па еве.
Ќе го чекаме јакото.
Се освен топ 2 пласман во групава е за разочарување и отказ. Во моментот кога математички нема да може да бидеме топ 2 (ако се случи тоа, нели) треба да си даде оставка.
За ова се чуваше Боби од ден 1.
Еве, со среќа нека му е, ја има целосно мојата поддршка.
Не сакам ни збор да чујам од типот на "Ок е, го немаме Пандев, стар е Адеми, Алиоски не е брз како што беше...еве извадивме реми со Италија, има потенцијал иако сме четврто место, сепак немавме среќа, тешка е групата, имавме посед на пар утакмици, сепак ова не е "
Не, не.
Ако "Тешко е да и извадиш нерешено на Бугарија дома пошто се чуваме за квалификациите"... тогаш ајде, да видиме за што се чуваме.
Не сакам да чујам "Не игра пола репрезентација.."
Ристовски тренираше со Спротинг Б, Пандев играше еднаш на три утакмици, Трајковски ни на клупа не беше, Несторовски играше исто како и сега... Мрме успеа со полоша ситуација да се пласира на ЕП.
И да, успеа да се пласира на ЕП со победи против Ерменија, Косово и Грузија.
Боби не успеа да заврши топ 2 во комбинација со Бугарија и Грузија.
Тука завршува таа споредба за лигата на нации.
Мрме ја победи Германија во Германија.
Не гледам зошто на Боби треба да му се прости ако изгуби од Италија и Англија на гостински терен.
Нема оправдувањa.
Боби ја има целата моја поддршка.
Или ќе биде најдобар тренер во историја или ќе биде најлош.
Нема помеѓу.
Ако успее, ќе го почитувам засекогаш.
Ако не успее... тури му курот, се враќаме во времето кога бевме срање у фудбал, срање у кошарка, просек у ракомет и вмро е на власт.
Јбг, сме преживеале еднаш, ќе преживееме и втор пат... ваљда.
Ќе одам да читам сега изјави од ФФМ и селекторот, очекувам Боби да каже "Да, да, ги победивме Италијаните, Англичаните ги знаеме, Украинците исто ги знаеме, пола држава ни е во Малта, стандард овдека или прво или второ место, сепак за ова работев јас од ден 1, нема разочарување, одиме даље, ќе видите сега чија мајка црна волна ќе преде!", не сакам уште од сега да гледам "Eте, немавме среќа, можеше подобро, ќе пробаме трето место, ќе пробаме да не се посрамотиме, ете, играчите не играат, ете..."
Никогаш не сум бил олку разочаран поради ждреб, исто како утакмица да сум гледал се осеќам.
