@Anon Ти благодарам на исцрпниот одговор.
Јас пешачам подолги релации над 10 км дневно веќе 4-5 години, со трчање почнав пред една година но престанав поради обврски но пред 3-4 месеци решив да продолжам и ете ова е моето најдобро време истрчано дури и сам не бев свесен дека сум успеал да истрчам 7 км без пауза со време под 6 мин односно 5.55 по километар. Овој резултат на другариве им реков дека е чудо не верував дека толку долга релација ќе истрчам и дека тоа ќе биде под 6 минути, уште сум под инпресии од овој резултат.
Е сега околу мене и треининзите. Висок сум 187 тежок 89 кг имам 41 година. Во животот никогаш ништо не сум тренирал, напротив водев доста нездрав живот. Тренирам без некој посебен план, што мислам дека не е добро но речиси е невозможно да одам по некој план зошто не знам кога ќе сум слободен, кога е загадено итн. Затоа комбинирам може да се случи 3-4 пати или пак 1-2 зависи кога како да се качам до врв на водно во неделата а ни еднаш да не трчам. Се качувам од рамотор до самиот врв за 1 час и 30 минути што всушност е 800 м надморска висина разлика и е 6.5 км должина што доаѓа 14 мин по километар.
И овие перформанси на качување ми се подобрија на почеток бев многу полош.
Тренирам обично интензивно зошто кога нешто правам сакам да имам некој разултат но и да си подобрам перформанси, тренирање без да сум во фаза на интензивно оптеретување за подобрување на перформанси не правам зошто имам чуство дека ми е потрошено време. Но од друга страна почнав да чуствувам болки во колената па престанав да трчам надоле зошто се исплашив да не повредам рскавица.
Мислам дека ми недостигаат вежби за издржливост и мускулна маса, така да планирам деновиве да почнам по програмата на
Caroline Girvan мислам дека овие нејзини тренинзи мене би ми одговарале, многу се интензивни и се концепирани да траат 20 минути без непотребни вежби кои според мене се бесцелни. Искрено ја препорачувам на секому.
План ми е да внесам и пливање барем еднаш неделно во тренингов но и да почнам да одам по некој план но многу ми е тешко да составам план, оние што можат да се најдат планови за тренирање лично не ми одговараат така да планирам да составам некој комбинира со мои активности но искрено незнам дали тоа ќе биде добар план. Затоа и овде пишав ако има некој да ми даде некои насоки.
Искрено мене најголеми дилеми ми се, дали пливањето или качувањето на планина ја подобрува должината при трчање, дали го подобрува времето. Дали вежбите за мускулна маса влијаат на перформансите за трчање, дали претерувам со тренирање итн. Тие ми се нај големите дилеми. Мојата професија е тесно поврзана со тренинзи но речиси никогаш не сум работел во оваа бранша но имам познавања.
Искрено нешто што најдов квалитетно да се гледа на интрнет за тренинг и исхрана се овие неколку видеа на
Јовица Спаиќ но сепак он е професионален ултра треил маратонец и тешко дека може да се споредува со него, сепак кажува многу квалитетни работи што може секој да ги примени. Исто ме интересира каде има во Скопје Тркачки клубови или луѓе што трчаат би сакал во некој да се зачленам.
Во кратки црти тоа е мојата моментална кондиција, се надевам дека со време ќе ја поодобрувам. Многу голем страф имам да не случајно престанам да тренирам затоа гледам да не пропуштам ден, но ќе морам да почнам да правам паузи зошто осеќам претерувам, а стравот од не тренирање ќе го победам со дисциплина.