Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Пред некој месец учествував на една од најубавите треил трки Lavaredo Ultra Trail, мојата беше пократката 82К со 4600м D+/-.
Не бркав време, сакав да уживам во глетките :) , посветив саглам време да сликам и снимам.

16h 48m⏱
Live trail tracking: bib 2812

Strava activity

Слики:
⛰Ultra Dolomiti 2022- Album
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Да даде некој совет за патики за почетници, ги бидува ли овие?

Ги бидува. Јас сакав овие да ги земам но за жал ги немаше во Sport Vision па земав Gel Sonoma но сум задоволен и од овие.
Лесни се, меки се, дишат, супер лежат на нога, се немам повредено а многу брзо накачив километража :) Ни плускавец не ми е излезен а 2 пати ме фати дожд.
Со Asics не можеш да згрешиш, златна @Ilumious одамна ги препорачува.
Ја како ретард си трчав со Саломон за хајкинг и кога ги облеков овие се препородив.
 
Последно уредено:
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ги бидува. Јас сакав овие да ги земам но за жал ги немаше во Sport Vision па земав Gel Sonoma но сум задоволен и од овие.
Лесни се, меки се, дишат, супер лежат на нога, се немам повредено а многу брзо накачив километража :) Ни плускавец не ми е излезен а 2 пати ме фати дожд.
Со Asics не можеш да згрешиш, златна @Ilumious одамна ги препорачува.
Ја како ретард си трчав со Саломон за хајкинг и кога ги облеков овие се препородив.
Читам за овие сега и пишува дека се trail running shoes. Прави некоја разлика ако се трча на асфалт или само за трчање по trail патики ги кориситш?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Читам за овие сега и пишува дека се trail running shoes. Прави некоја разлика ако се трча на асфалт или само за трчање по trail патики ги кориситш?
Јајкс. Па само на асфалт трчам со овие, хаха. Очигледно не сум расчитал добро пред да ги купам.
Нишо, ќе мора да почнам на Водно да ги трчам.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Дечки како ја чистите мрежата на патиките за трчање?
Особено ако е бела патиката ...
Некако со влажни марамчиња не се чистат целосно па дајте некој совет ...

Однапред благодарам ;)
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Обично не ги чистам :) ептен ретко ... у машина на ладно и без центрифуга со улошките извадени.
Врвките посебно у лавабо.
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Случајно ја најдов темава. Нов сум во трчањето ова е мојот најдобар резултат. Трчам на рамно и на Водно се качувам. Некој совет за тренинг за подобрување на перформанси? Тренирам како си го чуствувам телото, не се водам по програма дури незнам дали е добро да комбинирам планина и рамно, но тоа го правам зошто е многу загадено доле. Било кој совет е добредојден
 

Attachments

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Случајно ја најдов темава. Нов сум во трчањето ова е мојот најдобар резултат. Трчам на рамно и на Водно се качувам. Некој совет за тренинг за подобрување на перформанси? Тренирам како си го чуствувам телото, не се водам по програма дури незнам дали е добро да комбинирам планина и рамно, но тоа го правам зошто е многу загадено доле. Било кој совет е добредојден
Здраво Бојан!
Многу ми е мило што си влегол во светот на трчањето. Зараза е, прекрасна зараза :)

Еве едно мое трчање од 24 август
1673285552598.png

Еве едно мое трчање од 30 декември
1673285633249.png

Колку време трчаш? Колку често трчаш? Како се чувствуваш по истрчани 7 километри со оваа брзина?

Не треба да се грижиш воопшто за подобрување на перформанси, тие ќе си дојдат сами по себе ако си consistent. Знам како е чувството да сакаш побрзо да трчаш но не брзај никаде :)

Колку и да изгледа чудно, 80% од тренингот треба да ти биде easy runs, односно трчање со кое, како што велиш, „си чувствуваш на телото дека ти е океј“, без особени задишувања и слично.

Колку си висок? Колку си тежок? Секое килце минус е добредојдено и го олеснува трчањето. И тоа многу.

Се надевам дека правиш истегнувања ПО трчањето (не се тегни ПРЕД) и се надевам дека првите километар-два ги трчаш поспоро или ги поминуваш со брзо одење (warm-up). Ова се три основни истегнувања што треба да ги правиш по трчање:
Качувањето на Водно ти е одлично! Тоа ќе работи на твојот core (стомачните мускули) кој е од екстремна важност за трчањето.
Внимавај да не правиш overstriding затоа што е една од најчестите причини за повреда
Хидрирај се прописно пред, и по трчање.

Не претерувај. Ако осетиш средно-значајна болка при трчање, запри, и оди.

Се надевам имаш соодветни обувки за трчање. Многу значат.
Одвреме-навреме не е лошо и да правиш cross training (односно наместо трчање да возиш точак или пливаш на пример). А не е лошо и во теретана да одиш, еднаш/два пати неделно.

Обиди се еднаш да истрчаш еден километар најбрзо што можеш, па внеси го времето овде
за да знаеш кој вид на тренинг, со кое темпо би било добро да го трчаш.

Со среќа понатаму во сите тренинзи, се гледаме на некоја трка ;)
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
@Anon Ти благодарам на исцрпниот одговор.
Јас пешачам подолги релации над 10 км дневно веќе 4-5 години, со трчање почнав пред една година но престанав поради обврски но пред 3-4 месеци решив да продолжам и ете ова е моето најдобро време истрчано дури и сам не бев свесен дека сум успеал да истрчам 7 км без пауза со време под 6 мин односно 5.55 по километар. Овој резултат на другариве им реков дека е чудо не верував дека толку долга релација ќе истрчам и дека тоа ќе биде под 6 минути, уште сум под инпресии од овој резултат.

Е сега околу мене и треининзите. Висок сум 187 тежок 89 кг имам 41 година. Во животот никогаш ништо не сум тренирал, напротив водев доста нездрав живот. Тренирам без некој посебен план, што мислам дека не е добро но речиси е невозможно да одам по некој план зошто не знам кога ќе сум слободен, кога е загадено итн. Затоа комбинирам може да се случи 3-4 пати или пак 1-2 зависи кога како да се качам до врв на водно во неделата а ни еднаш да не трчам. Се качувам од рамотор до самиот врв за 1 час и 30 минути што всушност е 800 м надморска висина разлика и е 6.5 км должина што доаѓа 14 мин по километар.
И овие перформанси на качување ми се подобрија на почеток бев многу полош.
Тренирам обично интензивно зошто кога нешто правам сакам да имам некој разултат но и да си подобрам перформанси, тренирање без да сум во фаза на интензивно оптеретување за подобрување на перформанси не правам зошто имам чуство дека ми е потрошено време. Но од друга страна почнав да чуствувам болки во колената па престанав да трчам надоле зошто се исплашив да не повредам рскавица.
Мислам дека ми недостигаат вежби за издржливост и мускулна маса, така да планирам деновиве да почнам по програмата на
Caroline Girvan мислам дека овие нејзини тренинзи мене би ми одговарале, многу се интензивни и се концепирани да траат 20 минути без непотребни вежби кои според мене се бесцелни. Искрено ја препорачувам на секому.

План ми е да внесам и пливање барем еднаш неделно во тренингов но и да почнам да одам по некој план но многу ми е тешко да составам план, оние што можат да се најдат планови за тренирање лично не ми одговараат така да планирам да составам некој комбинира со мои активности но искрено незнам дали тоа ќе биде добар план. Затоа и овде пишав ако има некој да ми даде некои насоки.

Искрено мене најголеми дилеми ми се, дали пливањето или качувањето на планина ја подобрува должината при трчање, дали го подобрува времето. Дали вежбите за мускулна маса влијаат на перформансите за трчање, дали претерувам со тренирање итн. Тие ми се нај големите дилеми. Мојата професија е тесно поврзана со тренинзи но речиси никогаш не сум работел во оваа бранша но имам познавања.

Искрено нешто што најдов квалитетно да се гледа на интрнет за тренинг и исхрана се овие неколку видеа на Јовица Спаиќ но сепак он е професионален ултра треил маратонец и тешко дека може да се споредува со него, сепак кажува многу квалитетни работи што може секој да ги примени. Исто ме интересира каде има во Скопје Тркачки клубови или луѓе што трчаат би сакал во некој да се зачленам.

Во кратки црти тоа е мојата моментална кондиција, се надевам дека со време ќе ја поодобрувам. Многу голем страф имам да не случајно престанам да тренирам затоа гледам да не пропуштам ден, но ќе морам да почнам да правам паузи зошто осеќам претерувам, а стравот од не тренирање ќе го победам со дисциплина.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
@bojan81

Пешачењето ти има создадено одлична основа на зглобови/коски/мускули/рскавици whatever и веројатноста да се повредиш е многу мала.
Имаш тука некои 10-ина килограми простор за намалување, многу полесно ќе ти биде трчањето. Само пази да не се напраиш ко мене, 183/65 xD

Не мора да имаш план, верувај. И јас немам никаков план.

Секој прогрес е чудо.
Се сеќавам од Обединети Нации мостот до Палас кога ќе сум истрчал (2.7км) како сум се чувствувал дека ќе умрам, со 5:50 темпо, а сега можам 15км релативно лагано да истрчам со 5:30 темпо.

Ако целта ти е ептен врзана со побрзо и полесно трчање, тоа би требало да го правиш 5 пати во неделата а 1-2 пати да правиш cross training.
Моментално најголем бенефит ќе ти даде намалувањето килограми.

Штом си запнал ептен со некој тренинг план, еве ти од r/running.
Веројатно 10k beginner ќе биде за тебе.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Меѓу 5:20 и 5:50 пејс е најдобро за рекреативци и аматери, све под тоа ќе те носи у повреди. Мислам дека не ти треба таков луксуз со оглед на тоа што тераш и планина односно успони и ако се префорсираш ќе ги поебеш колената.

Терај си 10км на пејс што ти одговара да ги истрчаш тие км без да ти е тешко.

После тоа можеш да убациш некои интервали рецимо, 2км загревање на најспоро темпо, со одмор, па после поединечно по 1км на брзо темпо.

Да речеме ако 5:55 пејс ти одговара, трчај ги интервалите на 5:20.

2-3км загревање на околу 7 минути.
Одмор 2 3 4 5 минути зависи колку ќе ти треба. И после 1х5:30 2 мин одмор, 1х5:30 2 мин одмор, 1х5:20 2мин одмор, 1х5:20 2 мин одмор и последниот можеш да се издуваш колку можеш и на крај последните 2 3км на најлабаво темпо растрчуваш истегаш и чао.

Јас вака си темпирав на секои 10 дена по еден интервален тренинг.
Само јас побрзо ги трчав пошто на побрзо темпо трчав 10км.
Еве еден тренинг, 2 6 2 кога 10км трчав на пејс измеѓу 5:00 и 5:20.
Ова се малце пребрзи интервали морам да признаам.
IMG_20230110_130719.jpg

Тешки се и не форсирај. Не сум професионалец, ова сам си го измислив читајќи совети на интернет.

На крј краева убаво ти вика Анон, не се оптеретувај со програми и напредок. Гледај да можеш да истрчаш 10км што се вика у секое време. Минимум 40 минути трчање е најдобро.
Резултатите и прогресот сами со себе ќе си дојдат.

Не ти треба пејс под 5:00, ќе се повредиш.
Мислам дај боже со тек на време да се ујачаш и да напреднеш, ама не ти треба да се оптеретуваш толку пошто ќе се умориш и презаситиш.
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Можеш да го побараш Александар Кираџиев, мислам дека би ти бил од корист и би ти дал одлични совети.
Јас кога почнував да трчам многу ми значеа неговите размислувања и ми помогна да напредувам.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.408
Може секако, ќе ти даде совети, ќе ти наплати, секундата кога нема да му платиш нема ни да те познава :D

Се чудев како воопшто постои човек шо пари може да му дава. Таман му реков доволно е, ми вика познаникот, после месец дена му пратив како сум трчал неделава дали е во добра насока, ни seen не му напраил на пораката. :icon_lol:
 
Член од
19 март 2014
Мислења
570
Поени од реакции
862
Може секако, ќе ти даде совети, ќе ти наплати, секундата кога нема да му платиш нема ни да те познава :D

Се чудев како воопшто постои човек шо пари може да му дава. Таман му реков доволно е, ми вика познаникот, после месец дена му пратив како сум трчал неделава дали е во добра насока, ни seen не му напраил на пораката. :icon_lol:
Па нормално дека знаењето ќе го наплати, само ние во Македонија сме научени за без пари да добиваме ствари.
Учел, се трудел, пробувал на себе методи кои функционираат и сега нас ни текнало од утре да трчаме и ај ќе гњавиме народ.
Како и да е, реално човек кога почнува со одреден спорт, подобро е да плати тренер да го насочи и да му прати прогрес па и тоа да се само неколку месеци него ли сам да пробува и да тапка во место или недај боже да се претренира и повреди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom