Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа ај ако се покаже Лукаку и ова што си набројал за играчите на Интер тогаш и јас ќе пишам кој е фаворит.

До тогаш ќе чекам конкретен одговор односно оправдување за потенцијален неуспех на Милан.

Интер немал сјајна иднина пошто го позајмил Лукаку и ете не намалил на плати (ова изгледа на памет ти е) но затоа Милан е во прекрасна ситуација коа треба да ги оправда парите потрошени летово со целиот 0 евра приход.
Коа треба да продужува договор со Леао, коа треба да купува десно крило, 2 шпица, ситуацијата со Дијаз и сл.

Сме немале храброст бе хахаххаха
Да му го пишеш тоа што сака да го пишеш ќе ти рече се курчиш.
А он со освоена титула се гзачи. Невидено нешто, демек објективен сум јас дечки не се залетувам со Скудетото, сепак Милан не треба да го одбрани сега, ама за некоја година да коа ќе созрее тимот што у просек е за 1 година помлад од тој на Интер.
Ова една година помлад тим е малце лажна слика. Не викам дека Интер се престари ама во прв тим Најмлад играч им е Бастони со 23 години. Другите се сите скоро 25+. Додека кај Милан е малце подруго. Просекот на Милан го креваат ептен резервните голмани и Ибра кој скоро никаков играчки удел немаат во тимот.

На крајот од денот Милан беше граден да освојува во иднина, а не сега. Тоа беше и планот на управата. Додека Интер е изграден за сега да освои. Плус и самите цело време форсирате појак тим имате, се чудите како Милан со Пиоли и Салемекерс, Месијас и команија освојува титула и сеа се чудите зашто некои фанови на Милан не го сметаат за прв фаворит. Додека Интер го има истиот тим од лани на кој плус го додаде Лукаку. И сите знаеме што значеше Лукаку за Интер.

Е сега за мене лично сезонава тимовите повеќето, дури и они послабите со исклучок на Кремонозе и Монца се подизрамнети. Нема некоја огромна разлика и сезонава ќе биде многу многу потешко да се освои титула него ли лани. Интер, Милан и Јуве на сите им давам подеднакви шанси да освојат титула, додека пак Рома и Наполи ги очекувам од позадина доколку избегнат повреди и они можат нешто да кажат во таа борба иако сметам сепак сеуште се позади другиве тимови. После ги имаме Лацио, Фиорентина и Аталанта кој сите се солидни екипи. Видовме и Лацио што му направи на Интер. Така да сезонава ќе биде доста интересна за гледање. И ко што кажав се испод 1-2 место за Милан и 1/4 финале во ЛШ ќе биде неуспешна сезона за мене.
 
Не е една година, три се. Просечната возраст на Милан е 25.3 (четврт најмлад тим во лигата) додека просечната возраст на Интер е 28.2 (втор најстар тим во лигата).

Друго, точно е дека Интер ги намали платите во споредба со минатата сезона (од 91м на 75м) и моментално е трет тим со највисоки плати во Серија А после Рома со 85м и Јуве со 100м нето, но тоа е сеуште цели 20м повеќе од Милан (55м).

Ништо од ова горе не е страшно реално, договорите на Интер се нешто што би рекол дека е загрижувачко, и затоа до негде го разбирам муабетот на Хм дека сезонава им е шансата да освојат пред да дојде лето 23 коа практично би ја изгубиле цела одбрана, а со оглед на тоа во какви финансиски гомна се ќе биде многу тешко да се замени адекватно или да се апгрејдне.

Screenshot-1.png
 
Што е тука загрижувачко ?

Шкриниар ќе продужи сега до 2025, а Лукаку ако се покаже ќе биде уште една год во позајмица кај нас, овие новиве Аслани и Беланова најверојатно веќе се откупени, другите сите можат да одјебат од клубот безкорисни сушества, за Ханда имаме веќе замена, босанецот нека се пензионира, Галјардини нека се убие, и така натака...
 
Плус и самите цело време форсирате појак тим имате, се чудите како Милан со Пиоли и Салемекерс, Месијас и команија освојува титула и сеа се чудите зашто некои фанови на Милан не го сметаат за прв фаворит. Додека Интер го има истиот тим од лани на кој плус го додаде Лукаку. И сите знаеме што значеше Лукаку за Интер.
Три страни со Џонтра сакам-кажам-не-знам-речам муабет. Еве ти изјасни се, кој има појак тим сезонава, Интер или Милан?
 
Ова што сега го зборат миланезиве, да им го зборевме ние или јувенташите, имаше на глава да ни се качат со хехенца. Не дека форумов не е длабоко заглавен у хехе муабети ама ај, у реду е добро е што вака малце држиме некое ниво на муабет.

Се до вечер коа ќе се распукаме ко Мариупол.

Нека е фаворит Интер за Скудето, не ми смета, ја сум се курчел при очигледна бантер ера а не па сеа.

Работата е што стварно Калчото моментално е изедначено и сезонава ќе биде најинтересно првенство од сите лиги.
Интер у играчки кадар е посилен од Милан, ама на пример го имаш Инзаги кој сеуште има ментална кочница и се грчи против посилни противници.
Милан од друга страна и нема некој уау состав да речеш, ама Пиоли ги наостри како оси и немаат респект према никого.
Ова најубаво се виде лани.
Ова се виде и сега у Рим пред 2 кола.

Јувентус нема некој супер квалитетен тим, на тоа додај го и Алегри зихерашот, додај на тоа што и покрај овие забелешки имаат капацитет да врзат 7-8-10 шугави победи кои на крајот од денот носат 3 бода.
Наполи исти курац, имаат океј тим, ама имаат и Спалети на клупа. Способни се за серија од 10 победи у низа ама способни се и за 3 икса по ред дома против селата.

Е сеа, ако почнеме со хипотетички ситуации има да заглавиме бајаги.

Се гледаме у 8 саат вечер со наострени ножеви.
До душа може и да не се видиме ако ремизираме без голови.
 
Да ми је да знам што кур гледа управава на јувентус во меккени и оној жив мртовец локатели...
Кога и да го гледам јувентус убедливо најлоши се на терен.
Disclaimer:
И еврогол да дадат денес пак стојам на муабетот :D

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Ди Марија главниот играч у Јувентус.

Изваден на полувреме на сметка на Де Шиљо. :kafence:
 
Ди Марија главниот играч у Јувентус.

Изваден на полувреме на сметка на Де Шиљо. :kafence:
Па се врати од повреда пред 3 дена, не можи повеќе од 60 мин.
Автоматски споено мислење:

Е сега што го кладе Де Шиљо то е друга работа, болен тренер.
 
Малку е да се каже дека Јувентус е очаен. Ги гледав Фиорентина со Удине, ми се видоа најслаби на цел свет, Јувентус не може половина да помине против нив. И не знам како Квадрадо и Сандо можат сеуште да играат професионален фудбал, нема зборови за нив.
 
Три страни со Џонтра сакам-кажам-не-знам-речам муабет. Еве ти изјасни се, кој има појак тим сезонава, Интер или Милан?
Пишав ја горе доле Милан, Интер и Јуве имаат изедначени тимови. Нема некоја разлика во тимовите. Се зависи како ќе се снајдат со густиот распоред и како ќе поминат со повреди.
 
Јувентус има страшен проблем со средниот ред.
Ја гледав и со Специја пред некој ден, буквално од 70та до вториот гол на Јуве, Специја доминираше а и денес се гледа дека им фали организација и малце агресивност во средина. Паредес не е лошо засилување ама нив им требаше креативец. Паредес, Меккени, Локатели, Рабио ми се сите исти калап играчи.
Еве и второ полувреме со Фиорентина 67-33 посед досега(75та минута) и без ниту една посериозна шанса за Јуве.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom