Знам дека не збориш во име на цела фан база, али се почести и почести се таквите мислења од фановите на Милан.
Примети и во темава, мнозинското мислење е дека не сте фаворити, дека успех е топ 4 и да бидете конкуренти за Скудетото.
Дека не сте вие фаворити, туку Интер и Јуве се пред вас дека направиле подобри трансфери од Милан.
Не знам какви биле коефициентите пред почнување на првенствово, али не верувам разликата помеѓу Милан и Интер за освојување да била толку голема во коефициентите како што ја прикажувате вие тука на темава.
Не има различни, јас сум таму оптимистот, затоа што има група која се' гледа лошо, иако конечно живнавме, дури и титула освоивме.
Не кукам јас дека Милан е лош, црно ни се пишува, тимот пропаѓа, катастрофални трансфери...
Да не биде дека лажам, земи со резерва, ќе проверам, изгледа и тука беа постирани, но мислам дека според обложувалниците Интер имаше двојно поголеми шанси да освои титула него Милан, па можеби и повеќе.
И не знам што е толку страшно, лузерско, плачипичкарско, да очекуваш клубот за кој навиваш да се бори за титула, но дека има друг фаворит?
Мене сезонава Интер навистина ми делува дека оди на се', па од следната сезона којзнае што ќе биде. Кој ќе остане, од сопственик до фудбалери.
Па да, колку и да ти звучи смешно за мене Реал секоја сезона е фаворит за ЛШ и секое неосвојување на ЛШ е неуспех во тоа натпреварување за таа сезона. Исто и за Ла Лига, исто и за шпанскиот куп.
Види ова се убави општи муабети, но немаат некоја голема реалност. Ако буквално се следи твојата логика, излегува дека само еден клуб мора да освојува домашно првенство и ЛШ и доколку тоа не се случи, тогаш тој клуб има катастрофална сезона.
Секако дека ќе ме изнервира ако Интер, а не Милан освои титула, но тоа не менува кој е фаворит и дека може една сезона да не биде катастрофална и доколку стариот шампионот не ја одбрани титулата.
Па баш Џонтра, а и доста други, тврдеа дека Интер немал катастрофална сезона иако не освои титула, а дури беа големи фаворити во однос на Милан!
И сега прочитав пак што сум напишал. Најпроблематично може да биде тоа дека за Милан би се нашло некое оправдување доколку не освои, а за Интер не.
И од ова го однесовте муабетот во крајност.
Амбициите се да се одбрани титула, но фаворит е Интер