J
joli1
Гостин
Па да бидеме реални не се ни малку.Аман, го плашите детето ко милион евра да се во прашање.
@MladiotPropagant ако можеш оди каде било во странство, ќе отвориш нерезиденска сметка во банка, така да нема да можат да ти зимаат пари. Глеј стегни се додека си таму, како ќе зимаш пари така префрлај им на тие што им дужиш, за да нема камата. И логично после не се коцкај, особено не на апарати, а не ни на спортска ако не те бива.
На 19 години, најверојатно работи или пак опциите му се да работи за минималец (дур не стекне вештини, познанства, заврши факс, итн), што значи дека би му требало отприлика две години или пак година и 10тина месеци да работи без ниту еден денар да потроши за да си го врати дугот, што не е лесно, поготово кога си млад и живееш у вакво време на двоцифрен процент инфлација. Сумата што ја должи реално е животопроменувачка за многу деца на тие години, буквално со таа сума можеш скоро сите животни елементи да си ги средиш за поубав живот понатаму, автомобил, возачка, факултет и уште кусур би ти останал.
Најдобра опција му е странство, мада и цела сезона да работи тешко дека би ги извадил сите тие пари, но би извадил солиден дел што би му дозволило да работи тука, да плаќа една рата и да си продолжи со животот.
Сега за сега, ако планира тука да остане, не гледам друга опција освен да работи две работи, разговор со неговите (ако се во можност барем нешто минимално да му помогнат) и што подалеку од кладилници/казина.