Zaglaven vo dolgovi

Ф

Флеш

Гостин
Прочитај го мојот пост тука, како и следните на наредната страна за да ти станат некои работи појасни, а се во врска со коцкањето во Македонија.
Проповедај ми мене чедо божјо ,дај ми лекција :LOL:
 
Член од
2 март 2016
Мислења
507
Поени од реакции
510
Сиромаштијата си го прави своето, колку поголема општа сиромаштија, толку повеќе и се игра - тоа што го имам увидено како некој што работал во кладилници од свои 17 години, до пред година.

Игра голема улога и околината, мислам дека малку ја downplay-ате нејзината улога во адикцијата, но и во апстиненцијата од зависности.

Рулет и слот се единствените опции кои што ги има во државава (со искључок на казиното Фламинго кај што по мои информации има и блекџек и останато), мнозинството ,,казина" во државава не се казина, туку електронски слот клубови, поради тоа што сите игри им се електронски (вклучувајќи го и рулетот), а блекџек, покер и останати card games воопшто и нема.

Тука ај, делумно ќе се сложиме. Од една страна се сложувам дека казина во ниту еден случај не би требало да бидат отварани во населени места или пак до школи, но од друга страна државава немаше никаков закон во врска со локациите на казината пред нивното отварање, па сега е малку нефер истата да се меша во таа проблематика кога казината и кладилниците имаат десетина години унапред платено големи пари за кирии.

Истотака, оваа индустрија запослува огромен број на луѓе моментално, од кои мнозинството се млади луѓе, секое затворање ќе резултира во тоа стотици, ако не илјадници фамилии да останат без егзистенција.

Решението за нашата ситуација во државава е едноставно - ги тргаш сите државни апарати од кладилници, воведуваш лимит на тоа колку смее да има кладилници и казина во секој град и од секоја фирма, правиш нов закон со кој што ги обврзуваш сите нови кладилници и казини да се дистанцирани од училишта, а на старите им дозволуваш да останат каде што се одреден број години (поради тоа што имаат платено кирии унапред, итн), воведуваш можност за самобанирање од кладилници/казина, како и начин за идентификување на дегенерични коцкари, креирање на специјална инспекција (нешто како Nevada Gaming Commission) која што ќе ги регулира казината и кладилниците, ќе пази дали малолетници се коцкаат и каде, ќе ги посетува објектите, ќе казнува и ќе одзема лиценци.

Не дека ова ќе го искорени дегенеричното коцкање у државава, ама ќе помогне со регулирање на индустрија која што е детриментална и деструктивна за целото општество.
Порано кладилниците беа спорт - кафичи, стрикно само се кладеше на спорт и се служеше кафе, сокови итн., денес кладилниците се мини казина, нема кладилница да нема слот машина, разликата со казино е што во казино има слот и рулет.

Инаку и кај нас има блекџек, покер и останати card games само таму не може секој да игра и се игра со голема сума на пари, еден комшија така заглави со лихвари, едвај се одглави бѕквално 2 стана прокоцка, инаку и тој започна онака прво во кладилница на слот, па се префрли во казино на рулет и како ,,напредуваше во тој свет" влезе и тие места со card games, па почна ,,магичниот круг" па почна со лихвари да има работа али вистински лихвари, не овакви финансиски друштва, и заглави човекот извади луда среќа се извади од калта, му дојде умот сега ни 20 ден. не става на ливче во кладилница... Страшна работа е коцкањето поопасен порок нема...
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.216
Поени од реакции
941
Да се преименува темава во “Општа дискусија за долгови“, ве молам. :confused:
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Zdravo na site, Imam edno prasanje i ve molam ne so glupi komentari. Momentalno dolzam 200,000 denari na banka i okolu 250,000 na finansikite drustva. Imam 19 godini mi stigaat zakani so izvrsiteli, moeto prasanje e
Dali mozat nesto da mi zemat ako nemam na moe ime nisto, i ako otidam vo stranstvo moze da mi se desi nesto?
Како ти одобриле толку голем износ на кредит ? На 19 годишник тие износи тешко да ги дадат, посебно кај финансиските друштва, освен ако не си бил вработен и си земал висока плата. Имаше и претходно исти теми од еден концкар, да не тролаш случајно ?

Решенија има, ама освен дека си 19 години и дека немаш имот, друго инфо не си пишал.

Еден човек, исто коцкар, имаше долгови над 2м денари, исто од кредити и брзи кредити, кога дојде време да наследи имот, му го решивме проблемот привремено, го наследи имотот и веднаш го продаде, а дали го подмири долгот со парите од продажбата незнам, од тогаш се нема вратено во канц.

Конслутирај се со некој адвокат, законски има можности и решенија, а тука на форумот можеш да добиеш само глупи коментари од поздрав еден топол.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.297
Поени од реакции
13.183
Zdravo na site, Imam edno prasanje i ve molam ne so glupi komentari. Momentalno dolzam 200,000 denari na banka i okolu 250,000 na finansikite drustva. Imam 19 godini mi stigaat zakani so izvrsiteli, moeto prasanje e
Dali mozat nesto da mi zemat ako nemam na moe ime nisto, i ako otidam vo stranstvo moze da mi se desi nesto?
Пасошот у џеб бато,и кидавела
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Порано кладилниците беа спорт - кафичи, стрикно само се кладеше на спорт и се служеше кафе, сокови итн., денес кладилниците се мини казина, нема кладилница да нема слот машина, разликата со казино е што во казино има слот и рулет.

Инаку и кај нас има блекџек, покер и останати card games само таму не може секој да игра и се игра со голема сума на пари, еден комшија така заглави со лихвари, едвај се одглави бѕквално 2 стана прокоцка, инаку и тој започна онака прво во кладилница на слот, па се префрли во казино на рулет и како ,,напредуваше во тој свет" влезе и тие места со card games, па почна ,,магичниот круг" па почна со лихвари да има работа али вистински лихвари, не овакви финансиски друштва, и заглави човекот извади луда среќа се извади од калта, му дојде умот сега ни 20 ден. не става на ливче во кладилница... Страшна работа е коцкањето поопасен порок нема...
Тие "луѓе" кои прокоцкуваат 2 стана на коцка јас не ги сметам за луѓе туку за ненормални фрикови!
2 стана да ги ренташ ќе имаш солиден месечен приход од кој ќе можеш да си идеш до некое езеро,море или некоја убава дестинација,сум слушнал за страшни примери,дома децата му плачат за млеко а будалата оди у казино и цела месечна плата ја прокоцкува за 2 часа....Што да се каже повеќе за овие модерни растурачи на семејства и домови? Ама и државата е крива пошто е под контрола на сатанистичкиот запад кој дозволува вакви работи,јас да сум моќен и на власт ќе ги преселам сите казина и коцкарници у поле,надвор од град,па кој сака нека повели
Автоматски споено мислење:

 

sleekmakeup

Queen of the South
Член од
14 ноември 2014
Мислења
117
Поени од реакции
39
Само Македонија е коцкарска држава и со самото тоа што ќе појди во друга држава да работи веќе нема да биде коцкар?
Знам еден така заглави со брзи кредити и кредит земени за коцкање, замина странство за да ги врати долговите, и таму одма се искоцка со брзи кредити. :coffee:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237
Не е ништо страшно, душата неможат да ти ја земат ниту пак за долгови се оди во затвор.... нека се секира тој што има за земање. И да, треба секогаш навреме да се консултира адвокат исто како што треба навреме да се оди на стоматолог... Имаш неколку опции или варијанти за проблемот.
Прва опција, ако не си вработен и немаш имот, е да не правиш ништо, си кулираш и игнорираш писма, извршители.... Никој ништо не ти може. Само ке имаш блокирана сметка. Лошото во оваа опција е што ке ти се соберат многу трошоци и камати а хартијата не сака ниту леб ниту вода и еден ден ке мора сето да го платиш ама зголемено за многу пати и може би баш во невреме, женет, деца... Исто лошо е и тоа што сите писма ке ти стигаат на домашна адреса па твоите секако ке дознаат за твоите долгови. Доброто е тоа што ке плаќаш кога ке бидеш во состојба за тоа.
Втора опција, ако си вработен, кога ке дојде работата до извршител ке ти запираат 1/5 од платата, редоследно како доверителите ке пуштат налози кај работодавецот, најпрво за првиот па откако тој ке се исплати за наредниот... и така до последниот. 4/5 од платата ке си ги земаш без проблем и нема да имаш блокирана сметка. Лошо е што со 1/5 само ќе плаќаш камати а никогаш нема да стигне до плаќање на главниот долг.
Трета опција е странство. Немаш гајле, таму ке бидеш слободен и никој нема да ти блокира сметка ниту да ти наплати на било кој начин. Ке имаш време да заработиш паричка и потоа да се раздолжиш. Ова ти е исто со првата опција.
Четврта опција, според мене и најдобра, ако си вработен (ако не си, итно вработи се) побарај кредит од банка за плаќање на претходните долгови и сите долгови собери ги во еден кредит кој ќе го отплаќаш со административна забрана од плата, околу 1/3. Така ке заштедиш голема сума на трошоци и казнени камати. Можеш да подработуваш и нешто на страна па побргу ке се раздолжиш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m
Член од
20 февруари 2024
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ми треба еден совет дали уште тригодини да плаќам кредит 12 000 и брзи дел по дел последен 2025 октомври или да земам нов само за да затворам и да плсќам рата околу 8000 денари ? Јас мислам да стегнам заби подобро скроз да се исчистам потешко но поисплатливо јас до 3 год би затворил се а вака би плаќал уште 10 години .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom