Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не е црн трансродов маж, ама е бела машка лезбејка. Исти курац. :toe:
Па исто ко куклата де. :pos: Само што Гослинг е многу грд за да личи на кукла. :pos:
 
Каква кафеава бе? Оригиналниот Кен на Мател си е со плава коса. Секогаш бил.

Screenshot_20220616-152609_Chrome.jpg
 
Конечно гледав филм после толку долго време, па со себап го запишав датумов на летербоксд, кој ми го подобри блам скорот од 4-5 изгледани филмови годинава.

The Batman

Ми текна дека плаќав HBO GO и ја гледам фактурава од т-хоме и си викам чекај бе плаќам со месеци а не постои веќе, па long story short, сум плаќал за HBO Max сега. Ја симнав апликацијата, се логирав, пиво и чипс пред мене ко некој тинејџер и си мислам заслужив да се опуштам 3 саати, и јас сум чоек.

Филмот ме извози од почеток до крај. Уште во првите 10 минути знаев дека ќе ми се допадне. Отвори доста впечатливо и ме освои, и иако дејствието се развиваше доста бавно, си држеше некој ритам цело време, со точно измерени осцилации. Генерално, би го опишал како филм кој би бил режиран од Денис Вилнев по инспирација на Аркам серијалот игри - цело време ноќ, ноар стил, костумот (не беше wow, но беше суптилно акцентиран цело време), синематографијата и музиката. Исто така, ми се допадна концептот и тоа што филмот имплементираше комбинација од жанровски елементи. Бетмен цело време зборуваше како со шепотење, и односите помеѓу него и Гордон, и Кетвоман беа како стилизирани за нијанса. Истото важи и за Ридлер.

Имаше некои недостатоци и слабости кои би ги забележал на прва, на пример Алфред, кој воопшто не беше лик, туку беше идеја за лик што сме го гледале во претходните серијали. Исто така имам замерки околу внатрешниот конфликт на Бетмен и неможноста на приказната да го вклучи Брус Вејн повеќе (Патинсон како Брус Вејн искина, иако не уживаше баш screening time), како и скромната минутажа на Ридлер и фактот дека Бетмен ги решаваше сите загатки лесно.

Се на се, не би го споредувал филмов со ниту еден друг, затоа што е сосема различен. Функционира самостојно (со исклучок на слабостите кај градењето ликови, односно Алфред и backstory-то на овој Бетмен), и поради тоа се надевам дека ќе видиме уште делови од серијалов. Баш онака ми легна филмов, заборавив на сите проблеми во животов за миг, затоа што ме потсети како беше да се ужива 3 часа без да погледнеш во телефон или да имаш било каква дистракција.
 
Подумре малце темава... :/

Во саботата го ѕирнав A Bronx Tale, малце underrated мафијашки филм. Глумата на младичот ептен ме нервираше, нула од глума, само ради него би му дал слаба оценка на филмот.
 
8555c6a07912ca7c2589ed201e34f1b6

Марго е најпопрекрасна! Верувам дека филмов ќе го биде :)
 
Јас само се прашувам дали ќе има секс сцена, зашто нели без гениталии се. :P
 
Ама глуп филм е овој Saw односно Пила.

Мислев кујзне каква поента има на крај. 245672457 нелогични безвезни ствари за да ти каже дека треба да си го цениш животот.

ОКККККККККККККККККККК
 
Џони Деп не би требало да се уздржава и да не ја притисне Амбер секаде каде што може. 10 милиони не е доволно за штетата која Џони ја претрпе поради обманите на Амбер.

РИП Сони Корлеоне, предобар актер :(
што?
Џејмс Кан умрел?

wtf
сега дознавам

Значи он е глумецот кој има најмногу пропуштено у кариера.

После Ролербол бил ептен високо. Сите проценки биле дека е он новиот Џемс Дин. За него тогаш била обезбедена позицијата која, на пример, денес ја има Бред Пит. Број еден.

Но, како и во многу други случаи, дрогата и алкохолот си го направија своето, како и психолошкиот притисок на славата и неговата кариера не се вивна, така како што очекуваа сите.

Така, он не го искористи потенцијалот кој го имаше.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom