Мислење машко Бик и женско Стрелец?
... штом машко е бик... тивок, верен, во позадина инаџија, но во него се крие голема и вистинска љубов, прецизен сака да биде точен, планираното никогаш не го одложува, најчесто човек од збор, чесен и другарчина, ама не сака да има многу пријатели, обожава темница и сам во свој свет, ретко има порок можеби некое пиво плус и занесен во своја професија знае да се изгуби, знае да се облекува внимава на хигиена, но има често краток фитил и знае да избувне и да боде со роговите спомнувајќи све што му лежи на душа иако тоа не го мисли за сериозно,
...женското стрелец како партнерка е сосема спротивно што опишав за бикот, авантурист, сака да патува да се дружи, знае да флертува, да одложува работи за утре, ако треба нема ниту да се избања ако не расположена, не е многу по готвењето, ама тоа што ќе го направи од срце го спрема, таа знае да попушта, да прости, да се смее и да ја држи хармонијата во семејството,
...доколку има толеранција и вистинска љубов, ваков пар ќе функционира безпрекорно, надополнувајќи се взаемно!