- Член од
- 28 јуни 2022
- Мислења
- 9
- Поени од реакции
- 15
bi sakala nekogas citanjeto na natalni karti da mi stane profesija, pa ako saka ovde nekoj moze da mi pise datum vreme i mesto koga e roden i da vidam na natalna karta dali ke mu pogodam nesto
Ајде за мене кога ќе имаш време...bi sakala nekogas citanjeto na natalni karti da mi stane profesija, pa ako saka ovde nekoj moze da mi pise datum vreme i mesto koga e roden i da vidam na natalna karta dali ke mu pogodam nesto
Ајде за мене кога ќе имаш време...
Роден сум во Скопје на 28.09.1980 г. во
15ч.
[/
QUOTE]
Tvojot znak, podznak i mesecina se site vo 3te vozdusni znaci, sto ima golemi sansi da si niven stereotip. Cesto ne te faka mesto, na poveke mesta si vo isto vreme, sakas druzba so interesni i humoristicni luge kako tebe, i tvojot mozok cesto leta vo oblaci.
Podznakot ti e vo vodolija, sto do nekade go opisuva tvojot nadvoresen izgled koj verojatno e poinakov od drugite lugje i tuka sigurno ima nesto na tvoeto lice sto te pravi poseben, a mozebi i tvojata obleka.
Najmnogu planeti i asteroidi imas vo tvojata 8ma kuka vo vaga, sto moze da pridonese mnogu vo tvojot seksualen zivot i si ponesen od planetata na ljubovta i ubavinata-venera koja ti sluzi vo tvojata harizma.
Tvojata mesecina e vo tvojata 4ta kuka vo bliznaci, sto moze da znaci golema privrzanost kon tvojata majka, nasleduvanje nekoe bogatstvo od familijata, no neprisurnost na tvojot tatko ili ednostavno ne si bil blizok so nego vo ranite godini.
Tvojata najvisoka tocka na kartata, karierata, reputacijata ti e vo strelec sto znaci deka sekogas si sakal vo tvojata rabota da ima nekakvi avanturi i patuvanja. ima sansi i da si spirituelen covek koj e privlecen od nadprirodni raboti i sakas da zboruvas za univerzum filozofija i takvi nekoi stvari.
mozebi te privlekuvaat profesii kako fotograf, turisticki vodic, dizajner, pisatel ili nesto sto te stava vo rizik bidejki od toa dobivas adrenalin.
Vo tvojata 10ta kuka na karierata go imas i Neptun, koj oznacuva priroden iscelitel i terapevt, no blisku se Mars i Uran, koj oznacuvaat avtoritetno lice vo svojata rabota sto lesno go koristi svojot glas i e dobar manipulator.
Venerata na ljubovta ti e vo lav, toa znaci deka te privlekuvaat kreativni, sofisticirani i avtoritetni partneri koi se mnogu samouvereni i samostojni.
Ljubovta ti e eden golem prioritet vo zivotot i tuka sigurno imas lesnotija, bidejki tuka ti e pisana srekata, no moze da ti dojde do sudir so tvojata potreba za konstantno menuvanje i brzo zdosaduvanje i moze da pridonese toksicni vrski. Tuka treba da se prizemjis i stabiliziras sto moze tesko da ti padne poradi nedostatok na zemjeni znaci vo tvojata karta.
Cuvaj se od seker bidejki moze da imas problemi so dijabetes, no se na se zdravjeto najverojatno ti e super.
Asteroidot na ranata Chiron vi e vo bik. ova oznacuva strav od gubenje na nesto. Bilo toa da se lugje, pari, materijalni pozesii, ili stabilnost. Isto taka strav od promeni i strav od smrt. Bidejki ti e vo treta kuka, vo ranoto detstvo mozebi si bil maltretiran od tvoite vrsnici ili si imal los odnos so brat/sestra ili nivno otsustvo.
No zatoa pak, imas darba da mu pomagas na lugjeto so zboruvanje so niv, i zatoa mozebi cesto doagjaat lugje da te prasaat za sovet bidejki koga zboruvaat so tebe se cuvstvuvaat sfateno i komotno poradi tvojata neosuduvacka energija i otvoreno razmisluvanje.
Asteroidot na tvojata temna ili skriena strana - Lilith, ti e vo vaga. Ova go poddrzuva toa sto go kazav do sega za toa deka sakas balans, no ti e tesko da go odrzis. Isto taka indicira cuvstvo na dupka vo tvoeto srce, kako da si gladen za ljubov i ne mozes da se nasitis bez razlika kolku nekoj te saka.
Isto taka cesto se soglasuvas so lugjeto samo za da izbegnes konflikt i kolku i da ti preci nesto retko ko iskazuvas toa.
Saturn vo tvojata 8ma kuka ukazuva deka imas golema mok vrz mozocite na drugite lugje.
Mars vo tvojata 9ta kuka te pravi golem debater, obozavas da go iskazes svoeto mislenje i drugite lugje cesto toa go gledaat kako napadno i toa doagja do konflikti za koi si nemal namera.
Cesto si zainteresiran vo nekoi dlaboki temi za koj najgolemiot del od lugjeto nemaat interes kako na primer teorii na zagovor, astrologija, duhovi angeli i sl.
Tvojata srodna dusa moze da ima energija na devica ili rak, organizirana, stabilna, emocionalna i sredena.
Spored astrokartografijata naj pogodni mesta za ziveenje ti se New York, Los Angeles, Osaka, Rio De Janeiro, Lisbon i ako te interesira po tocno za nekoj grad slobodno prasaj. Blisku do Makedonija ti e linijata na mesecinata sto znaci tuka se cuvstvuvas kako doma isto i vo Sofija i Atina.
Ako imas nekoi konkretni prasanja kazi ke probam da najdam odgovor. I kazi iskreno ako pogodiv pogolem del i kade imam zgreseno.
...штом не ги пишуваш споено „најпогодни“ и „поточно“ туку „по точно“ и „нај погодни“ губиш од сериозноста и способноста за натална карта да ти побара човек,naj pogodni mesta za ziveenje ...po tocno za nekoj grad slobodno prasaj ...
Партиски сум неопределен и дека не сум ни за Курто ни за Мурто... Батали го Миленко ако сакаш оди ти кај него гостувај наместо мене.Исполнуваш 2 од 3 критериуми за те викнат кај Миленко. Сега да кажеш дека си и тврдокорен Вмровец би било комплетно.
Ај сеа не цепидлачи. За натални карти се плаќа. Немора до толку сега да сме прецизни и официјални. Рилекс малку хани......штом не ги пишуваш споено „најпогодни“ и „поточно“ туку „по точно“ и „нај погодни“ губиш од сериозноста и способноста за натална карта да ти побара човек,
...инаку ако ги прочитаме коментарите и постовите на дотичниот член лесно може да се погоди и да се напише сето тоа што е демек „прочитано“ од наталната карта, требаше да ја нацрташ наталната карта да ја постираш тука, па да искоментираш на нацртаното или скицираното, а не вака причам ти причу на воздух!
Znakot e sonceto, fakticki tvojot opst karakter, egoto, a podznakot vlijae na nadvoresniot izgled i na vpecatokot sto im go ostavame na lugeto, toj e kako "maska".Фала многу на исцрпниот одговор. Немам зборови. Може да се каже дека повеќе од 90% точно го опиша мојот карактер. Само ќе те замолам да ми пишеш дали знакот навистина влијае до 25-та година за карактерот а после 25-та подзнакот? Дали знакот е изгледот а подзнакот е карактерот или има и нешто друго? Не ми е јасно за знакот и подзнакот. Кога имаш време пиши...
П.С
Кога пиша за сродна душа дека би можела да биде девица или рак малку сум скептичен за тоа. Зар не би ми одговарале воздушни или огнени знаци? Парадоксот е во тоа што во мојот живот сум имал често жени со знак Риби во хороскоп. Ако можеш нешто и за ова да ми подобјасниш би бил презадоволен.
nejadigomna...штом не ги пишуваш споено „најпогодни“ и „поточно“ туку „по точно“ и „нај погодни“ губиш од сериозноста и способноста за натална карта да ти побара човек,
...инаку ако ги прочитаме коментарите и постовите на дотичниот член лесно може да се погоди и да се напише сето тоа што е демек „прочитано“ од наталната карта, требаше да ја нацрташ наталната карта да ја постираш тука, па да искоментираш на нацртаното или скицираното, а не вака причам ти причу на воздух!
Презадоволен сум од одговорот освен ако не ми текне уште нешто да те подпрашам ако немаш ништо против. Фала многу и се најдобро !Znakot e sonceto, fakticki tvojot opst karakter, egoto, a podznakot vlijae na nadvoresniot izgled i na vpecatokot sto im go ostavame na lugeto, toj e kako "maska".
Toa do 25 godini smetam deka nema vrska so podznakot, tuku so saturn return (koga saturn se vraka tocno na pozicija kade sto bil koga sme se rodile) se slucuva na sekoi 27-29 god od ragjanjeto, togas najcesto na site im se menuva zivotot a vo tvojot slucaj toa e od 7mi Noemvri 2009 do 1vi avgust 2010, a sledniot return e 12ti Septemvri 2039.
Toa za srodnata dusa go gledav po asteroidot na brakot i ljubovta Juno, koj ti pagja vo devica na stepenot od rak 28°.
Sto ne mora da znaci deka partnerkata ke ti bide bas toj znak, no moze da gi ima tie karakteristiki.
A toa sto privlekuvas ribi nemam drugo objasnuvanje osven toa deka nivnoto sonce e vo tvojata 1va kuka i tuka sekogas ima ogromna privlecnost od dvete strani. Toa e eden od najsreknite synastry pozicii bidejki tie se cuvstvuvaat komotno so tebe a ti se cuvstvuvas sfaten i viden od nivna strana.
Eve ti ja i natalnata karta
Free Birth Chart, Astrology Online | Astro-Seek.com
www.Astro-Seek.com - Seek and meet people born on the same date as youhoroscopes.astro-seek.comАвтоматски споено мислење:
nejadigomna
... браос, ти личи, продолжи само така, далеку ќе догураш!nejadigomna
Prasaj slobodno. Milo mi beseПрезадоволен сум од одговорот освен ако не ми текне уште нешто да те подпрашам ако немаш ништо против. Фала многу и се најдобро !
Фала многу @bijons срце сиПрегледај го приврзокот 343739
Сонце во Вага
-ова личност има потреба да биде дел на група, сака да биде во друштво и секогаш бара партнерство, ја сака правдата и ја почитува истата и држи до општествени вредности, може брзо да се прилагоди во секое друштво и знае да ја оправда секоја зададена задача.
-слабост на ова личност е дека не размислува доволно, е несериозна, понекогаш дилетант во љубовта и лесно понекогаш може да потпадне под влијание од другите.
Сонце во VIII
-финасиски проблеми се намалуваат после венчавање.
61 Сонце - Месечина
- ова личност е многу витална, обожава јавен живот, популарна е и ценета во друштво, уравнотежена и ненасилна и е во добри односи со своите родители.
58 Сонце - Сатурн
- ова личност сака да работи сам во тишина има смисла за детаљи, сериозна, внимателна, издржлива за тешки задачи што сигурно ќе реши.
25 Сонце– Асцендент (подзнак)
Сонце во Близнаци
-строг интелект, личност која сака книжевност која лесно се адаптира на сите ситуации и различно друштво, обожава работа со јавност, патувања, а понекогаш и литературни обиди.
- недостаток на подзнакот да личноста не е доследна на своите идеи често првртлива во одлуки.
Месечина во IV
- личноста сака фамилијарен живот, мир и тишина, сака да остане во домашен амбиент опкружен со љубов на ближните, посебно акцент на позитивно влијание од мајката.
129 Месечина - Сатурн
- ова личност ги контролира своите чувства, има осеќај на должност, самопочитување, претпазлива, може да се концентрира на долгорочни задачи било да се физички или интелектуални задачи, а посебно сериозна кон тие задачи кои ќе ги прифати.
12 Месечина- подзнак
-личноста има добро влијание од семејството кое посебно го сака и го помага, сака патувања, движење и промени, сака да се договара и е отворена према другите луѓе.
Меркур во Вага
- Меркур преставува комуникација, ова личност со размислување проценува и ги поврзува работите, а со тоа знае добро да се изразува и пред да си го искаже своето мислење прво ги ислушува туѓите мислења, споредувајќи ги со сопствените, па потоа си го искажува своето мислење.
- слабости на ова личност во ова поле е тоа што е безбрижна и флегматична, како сопруг може да биде неверен, а партнерските односи неефективни и неконзистентни.
Меркур во VIII
- ова личност понекогаш има страв од смрт, ама истовремено некако ја проучува, па дури и навечер понекогаш знае да се уплаши, инаку личноста сака да истражува и инвестира, а и добро учи.
109 Меркур - Плутон
- има голема моќ на запазување и брзо проценување на ситуацијата, вешт, суптилен и критичен.
Венера во Лав
- поле за чувства, вредности на размена на чувства и делење со други, личноста има отворени и топли емоции, полна е со нежности, многу очекува од љубовта, сака да живее и да ги задоволи своите страсти и задоволства до крај, склон кон нови пријателства кои истите ги негува и често му излегуваат корисни и ефективни.
- слабости на личноста е дека претерува во задоволствата и забави, понекогаш знае да биде злобна, претенциозна и фалбаџиска личност што понекогаш е извештачена, па понекогаш се докажува на самиот себе дека е атрактивен.
Венера во VII
- судбина на ова личност многу зависи од бракот, се мажи од љубов поради децата има емоцијонални живот.
119 Венера - Марс
- личноста не само што е верна на страстите, сака сензуални и сладострасни задоволства пред се друго, склона е и на ексцеси, неверства и често е незадоволен, па може во иднина да има сериозни семејни кавги.
96 Венера - Уран
- ова личност бара нови сензации во љубовта и често е незадоволна од афери кои наскоро се претвораат во чисто конвенционални односи, сака новости, авантури, ексцентричности му се : несериозност, нестабилност и неверност, па доколку иде кон тој правец бракот не е за оваа личност и ако се впушти во таква авантура, најчесто завршува со отпишан развод како „грешка на младиот човек“, како резултат на многубројните љубовни врски.
61 Венера - Нептун
- професионалниот живот на оваа личност е нестабилен, има чувство за уметност, сонувач е и лесно е под влијание, романтичен, чувствителен и многу сензитивен.
107 Венера - Плутон
- емоционалниот и сексуалниот живот на оваа личност е моќен и богат, навистина живее вистински страсни љубовни врски.
Марс во Шкорпион
- Марс преставува желба за акција и физичка енергија, агресивноста може да ја наведе да се бори против општеството, семејството, неправдата воопшто, а понекогаш може да стане и многу насилна личност, таа е способна да биде лидер на организација или заедница, но агресијата може да се претвори во самоуништување ако нема соодветен излез, но тоа е последното нешто на што ќе размисли ако се најде во неволја или пукне филмот.
- слабости во ова поле, страст, бес, фанатизам и караници.
Марс во IX
- длабоко вкоренети мислења кои можат енергично да се бранат, во одреден период од животот, човекот може да се бори за одреден идеал, но може и целосно да го напушти, станувајќи помалку убеден отколку на почетокот на неговата посветеност, бидејќи сфаќа дека тоа е изгубена битка, можни се и конфликти во странство или со странци.
62 Марс- Јупитер
- личноста има добро чувство за организација, весела е, отворена и искрена, полн е со динамика и невоздржана и изобилна енергија, го сака животот и зема се што и нуди, сака спорт и живот на отворено, успешна е професионално и емотивно, обично има многу деца.
399 Марс - Уран
- личноста има исклучителна енергија, таа е импулсивна, но храбра, се занимава со ризични истражувања за благосостојбата на општеството со сета енергија што ја поседува има голема потреба за независност и сака да дејствува слободно.
Јупитер - во Девица
- Јупитер претставува експанзија на убавина и софистицираност, личноста е методична и практична, сака ред, организација и хармонија и може лесно да поврзе сè.
слабости: има тенденција да се сомнева во околината, не им верува на луѓето.
Јупитер во VIII
- личноста е заинтересирана за окултизмот, може да работи на поле поврзано со смртта, на пример како директор на погребално, бракот му помага финансиски, брачниот другар обично има пари или тоа е некој дарежлив мираз.
103 Јупитер - Сатурн
- личноста е сериозна, внимателна, чесна, достојна за добро владеење, расудување е добро и размислува двапати за работите ги следи своите цели до крај, секогаш знаејќи да го избере вистинскиот момент, доблесна е и го почитува законот.
88 Јупитер - Уран
- оваа личност брзо знае што навистина се случува, жедна за знаење и добар организатор, многу независна, сака да дејствува слободно и е неконформист, со задоволство прифатена во општеството и секогаш е барана.
17 Јупитер - Нептун
- личноста е под влијание, сонувач која дозволува да биде заведена со убави зборови кои не се секогаш искрени, не гледа корупција и често е измамена од луѓето.
Сатурн во Вага
- Сатурн претставува контракција, ограничување и напор, личноста препознава сериозни работи, има морални квалитети, почитувана и свесна личност.
слабости: не е отворен за нови идеи.
Сатурн во VIII
- личноста не е финансиски просперитетен, платата му е просечна, а и брачниот другар не е богат, постои мала можност за наследство што многу би помогнало, личноста ќе има долг живот и природна смрт, ако другите аспекти не велат поинаку.
Уран во Шкорпион
- самиот Уран преставува индивидуалната слобода како и она помалу егоистичната, личноста е фина и интелегентна, обожава да истражува, да се распрашува и открива и е многу сензуална.
Уран во IX
- личноста е заинтересирана за хуманост, а и е хуман, високо интелектуална, многу патува, умот е секогаш буден, дури и кога спие, па за тоа време најчесто ги решава проблемите од претходниот ден.
Нептун во Стрелец
- Нептун преставува обратно од Шкорпион, трансцендентална слобода, како и неегоистичка слобода, личноста сака патувања, странски работи и вода.
Нептун во XI
- пријателствата на ова личност се искрени и несебични.
49 Нептун - Плутон
- Плутон преставува трансформации, мутации и елиминиации.
Плутон во Вага
- носи промени, а куќата е куќа на сопствен идентитет, знакот покажува како личноста постапува во животот, сликата на личноста видена низ очите на другите, како и односот што поединецот го има кон животот.
Подзнак во Водолија
- личноста сака да запознава луѓе и да разговара до раните утрински часови, сака да му се допадне и радосно да вее наоколу, заинтересиран за политика, членува во младински организации или во оние кои се борат за човекови права.
Втората куќа ја претставува областа на материјалното обезбедување и приходот што човекот го заработува со сопствени напори.
II куќа во Риби- личноста лесно успева во професионалниот живот благодарение на неговата интелигенција, генијалност и со помош на неколку пријатели, внимателен со парите, но не е скржав, туку подарежлив.
Третата куќа е област на социјални и интелектуални определби и учење, комуникација и кратки патувања и односи со непосредната околина и роднините.
III куќа во Бик - сепак никаде не е толку добро како дома, нема многу патувања или ненадејни и неконтролирани иницијативи, се е пресметано, а мотото е: „полека, но сигурно“.
IV куќа е област на дејствија и емоции, како и семејната средина од каде што доаѓа личноста, како и односот со мајката.
IV куќа во Близнаци - невозможно е да се остане на едно место, личноста има чести промени на живеалиштето, ако неговата работа е монотона, личноста често ќе ја менува фирмата, идеалната професија ќе биде онаа која нуди низ промени, движење наоколу, запознавање многу нови луѓе, може да се очекува подеднакво чуден или залутан љубовен живот.
V куќа е областа на личните убедувања, љубовта на децата и младенците, спортот и забавата и сцената.
V куќа во Близнаци - сака да им се допадне на другите, може да поминува часови во бањата подготвувајќи се да излезе и надевајќи се дека ќе сретне некого и ќе го шармира со својот изглед, сака бескрајни дискусии со пријателите.
VI куќа е дом на учење низ областа на работа и услуга, а воедно е и дом на секојдневните животни навики и грижа за здравјето и исхраната.
VI куќа во Рак - личноста сака работни места поврзани со јавноста, слаба точка: стомак.
VII куќа е област на социјално и интелектуално дејствување и односи со другите, особено со партнерот или брачниот другар.
VII куќа во Лав - љубовен брак заснован на доверба, искреност и искреност.
VIII куќа е област на емоционална и ментална сигурност и онаа која ја покажува способноста за обновување, страста и силата на еротскиот живот, тоа значи и наследство или туѓи инвестиции.
VIII куќа во Девица - мали наследства, среќна старост, природна смрт.
IX куќа е дом на учење што го обликува идентитетот, како и областа на религијата, филозофијата и возвишеното знаење и далечните патувања.
IX куќа во Шкорпија - личноста сака долги патувања, особено оние по море, да учествува на регати, сака ризик и спорт.
X куќа е област на материјално дејство, зенитот или врвот на хороскопот ја претставува работата што личноста ќе ја постигне во својот живот и местото што ќе го заземе во општеството, тој статус станува поважен како што личноста старее.
Х куќа во Стрелец - работа која вклучува патување, особено во странство и ако е можно, со одреден ризик, уникатна професија.
XI куќа е област на истражување за социјална и интелектуална безбедност и ги претставува пријателите, пензионирањето, како и плодовите на работата на една личност.
XI куќа во Стрелец - повеќе од се сака секакви патувања, авантури и пријатели кои често се од странство.
ХII куќа е областа на образованието и емоциите, како и скриениот свет и сè затскриено и мистериозно, особено потсвеста.
ХII куќа во Јарец - личноста разочарувањата тешко ги поднесува, огорченоста може да трае долго, пред да може позитивно да реагира.
... браос, ти личи, продолжи само така, далеку ќе догураш!
Ти може не ни веруваш ни во себе судејќи според твојот коментар...Nishto ne veruvam u ova horospkopive. Gluposti zhivi.
Не знам какви извори користиш ама Astro-Seek.com е прилично кредибилна страна,така да гледај нејзе преферирај ја кога се работи за било што во врска со хороскопот.zosto horoskopot ne mi e konstanten?
na edna strana mi pisuva da gi izbegnuvam kolegite za rucek,
a na druga da investiram vo kola i odelo.
neli e jasno kako se postaveni zvezdite, ili moze razlicna interpretacija da ima?