Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
ај ваљда ќе напишат нешто поинтересно од кецот. Чиста депресија ми беше тој филм. Настрана од тоа што беше рип оф од 3-4 различни филмови. Кога ќе му ја видам оценката на имдб ми иде да се смеам ко Артур Флек.
 
ај ваљда ќе напишат нешто поинтересно од кецот. Чиста депресија ми беше тој филм. Настрана од тоа што беше рип оф од 3-4 различни филмови. Кога ќе му ја видам оценката на имдб ми иде да се смеам ко Артур Флек.
Кратка содржина, ќе му најдат жена во вториот дел и ќе се досјеби скроз.
 
па имаше швалерка у првиот дел

Немаше. Само си фантазираше дека има...

Одличен филм беше првиот ама не гледам искрено потреба за продолжение. Ако успеат пак да направат одлично сценарио и уште еден екстра филм секоја чест. Ама се надевам нема да забегаат во друг правец и да ја расипат приказната.
 
Каде можам да симнам филмски постери во JPG со добра резолуција? Да може да се испечати, да се стави во рамка 60x80cm или така нешто и да се закачи на ѕид.
 
Каде можам да симнам филмски постери во JPG со добра резолуција? Да може да се испечати, да се стави во рамка 60x80cm или така нешто и да се закачи на ѕид.

Poveli ljubavi, mozes life size ako sakas ne 60x80


Edit linkot e do textless posteri ama veruvam ke se snajdes na sajtot, 100% ima i obicni, imam ja od the thing, alien etc
 
Не е црн трансродов маж, ама е бела машка лезбејка. Исти курац. :toe:
Па исто ко куклата де. :pos: Само што Гослинг е многу грд за да личи на кукла. :pos:
 
Каква кафеава бе? Оригиналниот Кен на Мател си е со плава коса. Секогаш бил.

Screenshot_20220616-152609_Chrome.jpg
 
Конечно гледав филм после толку долго време, па со себап го запишав датумов на летербоксд, кој ми го подобри блам скорот од 4-5 изгледани филмови годинава.

The Batman

Ми текна дека плаќав HBO GO и ја гледам фактурава од т-хоме и си викам чекај бе плаќам со месеци а не постои веќе, па long story short, сум плаќал за HBO Max сега. Ја симнав апликацијата, се логирав, пиво и чипс пред мене ко некој тинејџер и си мислам заслужив да се опуштам 3 саати, и јас сум чоек.

Филмот ме извози од почеток до крај. Уште во првите 10 минути знаев дека ќе ми се допадне. Отвори доста впечатливо и ме освои, и иако дејствието се развиваше доста бавно, си држеше некој ритам цело време, со точно измерени осцилации. Генерално, би го опишал како филм кој би бил режиран од Денис Вилнев по инспирација на Аркам серијалот игри - цело време ноќ, ноар стил, костумот (не беше wow, но беше суптилно акцентиран цело време), синематографијата и музиката. Исто така, ми се допадна концептот и тоа што филмот имплементираше комбинација од жанровски елементи. Бетмен цело време зборуваше како со шепотење, и односите помеѓу него и Гордон, и Кетвоман беа како стилизирани за нијанса. Истото важи и за Ридлер.

Имаше некои недостатоци и слабости кои би ги забележал на прва, на пример Алфред, кој воопшто не беше лик, туку беше идеја за лик што сме го гледале во претходните серијали. Исто така имам замерки околу внатрешниот конфликт на Бетмен и неможноста на приказната да го вклучи Брус Вејн повеќе (Патинсон како Брус Вејн искина, иако не уживаше баш screening time), како и скромната минутажа на Ридлер и фактот дека Бетмен ги решаваше сите загатки лесно.

Се на се, не би го споредувал филмов со ниту еден друг, затоа што е сосема различен. Функционира самостојно (со исклучок на слабостите кај градењето ликови, односно Алфред и backstory-то на овој Бетмен), и поради тоа се надевам дека ќе видиме уште делови од серијалов. Баш онака ми легна филмов, заборавив на сите проблеми во животов за миг, затоа што ме потсети како беше да се ужива 3 часа без да погледнеш во телефон или да имаш било каква дистракција.
 
Подумре малце темава... :/

Во саботата го ѕирнав A Bronx Tale, малце underrated мафијашки филм. Глумата на младичот ептен ме нервираше, нула од глума, само ради него би му дал слаба оценка на филмот.
 
Back
На врв Bottom