The Straight Story
Имам над 1200 филмови во вочлиста, овој беше еден од нив и фала на
@Anon (по пораката мислам ти си) што ми го донираше филмов, место да чека на листа.
Многу ми се допадна од секој аспект. Едноставен филм, неочекувано за Линч, но преполн со емоции и хуманизам.
Алвин, човек во 70тите, вдовец, татко на ќерка со одредени потешкотии, преживеани трауми од втора светска, со влошено физичко здравје, решава да го посети брат му првпат после 10 години.
Филмов е всушност роуд филм, си има одредени ситуации стандардни за таков тип на филмови, ама во сржта е многу емотивна и искрена драма, која многу лесно постигнуваше тоа што сакаше да постигне, особено поврзување со гледачот и емпатија. А за тоа многу помогна маестралната глума Ричард Фансворт, преубавото сценарио и прекрасниот саундтрак на Бадаламенти(со Финч се исто и во Твин Пикс)
8,5/10