Саем на книгата

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ми се допадна понудата од Бегемот, лани ги немаа сите книги од Мрачната серија, се надевам дека оваа година ќе им остане по некоја книга. Плус ако најдам нешто од тие по 50-100че. Арс Ламина, Памук. Од Сакам книги и Антолог по едно трилерче. Од Магор ќе земам 2-3 нобеловци. Од Или-Или не знам, навистина не знам. Проблемот е во тоа што од нив скоро и ништо немам читано. Ќе разлистам низ темиве, од препораки до предизвици, може некој коментар ќе ми биде инспиративен да купам некоја книга. Лани така ја купив "Битлси". Чека да биде прочитана. :noze:

Полица, скоро секоја година, има класици по 100че. Мислам дека не ги ставаат во каталогот, па така прошарајте кога ќе одите, може и оваа година ќе не изненадат.

Севкупно, не сум задоволен од понудата! :noze:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.764
Поени од реакции
36.679
Како и што очекував, 0% попуст за Хари Потер во Арс Ламина.

Screenshot_20220501-131834_Adobe Acrobat.jpg

Сега би требало = 0 денари од мене за нив и да ги рипнам како лани, ама имаат среќа што го реиздадоа творечкиот опус на Оливера Николова, па ќе ја купам конечно Куклите на Росица, по толку години барање. ММЕ капиталистичко!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Ја зедов Куклите на Росица уште пред 2 недели знаејќи дека нема да имаат никаков попуст.

Интересно е што оние Ѕвезди од светска книжевност пак им се повеќето по регуларна цена, а поминаа околу 10 години од тој проект. Тежок бојкот заслужуваат.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Или-или уште немаат каталог?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.764
Поени од реакции
36.679
Ја зедов Куклите на Росица уште пред 2 недели знаејќи дека нема да имаат никаков попуст.

Интересно е што оние Ѕвезди од светска книжевност пак им се повеќето по регуларна цена, а поминаа околу 10 години од тој проект. Тежок бојкот заслужуваат.
Дефинитивно! Има само нешто интересно што видов во каталогот, што ми привлече внимание: Баудолино на Еко е на 50% попуст, од 500 на 250 денари. Со оглед на обемот и квалитетот на четивото, сметам дека е тоа можеби најисплатливата книга од кај нив во историјата на саемите. Инаку, не знам кога им е, ама имаат и тие некој нивни саем каде само дел од книгите им се на попуст, и обично попустот е многу поголем од овој сега. Лани на Филип Пулман трилогијата ја зедов за 500 денари, ако не сум грешка, може и за помалце, не се сеќавам. Сега е 250 книга, мислам. Само ме нервира дека она што привлекува внимание никогаш не го ставаат на попуст.

Реков: лани ги бојкотирав, годинава со затворени очи ќе појдам до местото кај што им е Куклите на Росица, ќе ја земам, пак со затворени очи ќе појдам до каса, ќе ја платам и со затворени очи ќе излезам. Можеби истото ќе го направам и со Баудолино, и да не ги видам веќе! Хари Потер последни 3 ќе чекаат. Првиот попуст, макар и за 10 денари да се намалени, ќе ги купам. Вака не.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Уште Три/Магор не извадија каталог или грешка сум?

Нема некој попусти. Една ми е сигурна за земање, друго ако ептен ми западне за око.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Уште Три/Магор не извадија каталог или грешка сум?
Магор не ни ставаат каталог, вообичаено го праќаат, по барање, во инбокс. Истата табела ја вртат 5+ години наназад.
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.810
Поени од реакции
2.600
Дали излезе каталог од Антолог?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom