GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.821
Поени од реакции
1.574
Можеби несакам ваков жарн ама сакам да ми го вратат залудно потрошеното време. Поглуп филм немам гледано во последно време.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
@Zlatikevichius кога го читам твоево мислење звучи многу поубаво од чувствата што ми ги пренесе филмот.

Не велам дека филмот не го прикажува сето тоа што ти го кажа, ама едноставно не кликна кај мене, можеби зашто знаев дека за Сара да го доживее сето тоа уби млада мајка, го уби мажот на таа жена со што остави бебе сираче, уби куче и млад човек, можеби зашто ме нервираше што не ја разбирав многу Сара со дијалектот, па зјапав во преводот, можеби ми фалеше некој Х фактор за да ја доживеам магијата што ти си ја приметил.
Не знам, али нешто ми фалеше.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.856
Јас секако ќе го репризирам наскоро. И мене ми бегаше дел од преводот. Ете, тоа заборавив, но и заради преводот е дополнително тежок за гледање. На моменти ми идеше и да враќам назад за да слушнам и прочитам пак, но не гледав сам, па оставав така.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
You won't be alone
Ме збуни филмот: на почеток ми беше бавен и досаден, ама како се развиваше приказната, стануваше поинтересен. Мислев дека е македонски, дека Macedonian пишува на торентот, ама ме збуни дијалектот на кој зборуваа: на моменти разбирлив, па малку тетовски дијалект, па звучеше како српски, за да има и сосема неразбирливи зборови кога зборуваше со старата вештерка. Морав да го вклучам англискиот превод, иако на моменти ми личеше дека преводот не ја дава суштината.
Ама па...
Откако го изгледав филмот прочитав за него: многу шаренолико друштво, глумци од цела Европа, режисерот иако Македонец, Австралијанец бил, кој пишувал сценарија на англиски, а јазикот е наречен стар македонски дијалект.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
You won't be alone
Ме збуни филмот: на почеток ми беше бавен и досаден, ама како се развиваше приказната, стануваше поинтересен. Мислев дека е македонски, дека Macedonian пишува на торентот, ама ме збуни дијалектот на кој зборуваа: на моменти разбирлив, па малку тетовски дијалект, па звучеше како српски, за да има и сосема неразбирливи зборови кога зборуваше со старата вештерка. Морав да го вклучам англискиот превод, иако на моменти ми личеше дека преводот не ја дава суштината.
Ама па...
Откако го изгледав филмот прочитав за него: многу шаренолико друштво, глумци од цела Европа, режисерот иако Македонец, Австралијанец бил, кој пишувал сценарија на англиски, а јазикот е наречен стар македонски дијалект.
Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.
Јазикот на кој Сара зборува е македонски, ама некој стар тетовски дијалект. Јазикот на кој зборува во главно вештерката Марија (актерката е Романка) е влашки со по некој збор на македонски (ми текнува крв го изговараше на македонски).
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.
Овде така вели, дијалект:
The witch will be played by different actors and the film will include an old Macedonian dialect.
влашки со по некој збор на македонски
И мене ми заличи на влашки, ама не знам за сигурно :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.856
Не може јазикот да е наречен дијалект. Едно е јазик, друго е дијалект.
Јазикот на кој Сара зборува е македонски, ама некој стар тетовски дијалект. Јазикот на кој зборува во главно вештерката Марија (актерката е Романка) е влашки со по некој збор на македонски (ми текнува крв го изговараше на македонски).
Кога се обраќаше на некој од нашиве, зборуваше македонски, пример во сцената на почетокот со Камка, кога сакаше да и го земе бебето. Исто и со Сара кога разговараше. Нејзиниот внатрешен монолог, пак, беше целосно на влашки.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.065
Најинтересно ми беше да следам како ги преведуваа:
леле, леле, леле, леле
(oh my, oh my, my, my)
бре, бре, бре,
море, море, море
и она со кое заврши филмот:
ама па ...
:D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Кога се обраќаше на некој од нашиве, зборуваше македонски, пример во сцената на почетокот со Камка, кога сакаше да и го земе бебето. Исто и со Сара кога разговараше. Нејзиниот внатрешен монолог, пак, беше целосно на влашки.
Не баш, збореше влашки и со Сара.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Солиден филм што ми го задржа вниманието до крај, ама некако ми фалеше нешто во него, поголема длабочина, ептен плиток ми беше. Може и ја очекував премногу.
Искрено ја не видов ништо визионерско/револуционерно во филмов.
Скрос го имав истиов впечаток од кога го изгледав филмов, додека не го прочитав мислењето на @Zlatikevichius. Не знам дали тое е стварно поентата или ти така си го истолкува, ама како и да е ми го направи за дупло подобар впечатокот.
Искрено колку и да беше квалитетен филмот, а тоа се гледаше и не може никој да го оспори, но веќе ми е смачено од вакви филмови за Македонија. Немав ништо прочитано знаев само дека го хајпаат, појма немав што треба да се дешава и уште од старт кога видов планинско село, жена завиена во црно се изнервирав и знаев што филм пак ќе гледам. Некако веќе ми е исцедена тематика, вештери/сенки/духови, пештери, беден живот, секс сцени, монолог филмови. Милчо Манчески веќе ги има само неколку такви.
Сепак на крај ќе кажам дека ми се свиѓаше филмот, иако повеќе успеа да ми го задржи вниманието, мачејќи се да разберам што се зборува на дијалектот, пошо преводот немаше врска со тоа што се зборуваше. Ама според мене треба се потрудат да извадат нешто ново, урбано, има и друг живот во Македонија после неколку века од приказнава и испразнетите села по планините. Инаку за дијалектот мене ми звучеше на некој југо-западен дијалект од селата на Јабланица, ама и се менуваше, како што се менуваа и локациите на дејството. Во тие последните сцени повеќе и звучеше на српски дијалект, отколку македонски.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.856
Не знам дали тое е стварно поентата или ти така си го истолкува, ама како и да е ми го направи за дупло подобар впечатокот.
Не знам ни јас тоа. Ако не ни каже Столевски која му била замислата, никогаш и нема да дознаеме. Јас така го видов филмов.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
You won't be alone​

Првите 15-тина минути ги гледав низ призната на "Алегорија на пештерата". Таа пештера е целиот нејзин свет, некој зрак светлина и нејзината мајка се единствените надворешни посетители. Дури и кога излегува од истата и треба време да ги привикне очите на драстичната промена на светлина, што е еден од есенцијалните елементи на оваа алегорија.

Невена, првите 16 години, е скриена во планинската пештера/црква. Видов дека на ѕидовите имаше бледи икони, плус и обележје (крст) додека мајка ѝ ја носеше, како бебе, во пештерата. Се крие од Марија (волкокрадачка мислам дека ја нарекоа) која доаѓа да ја земе уште како бебе, но по преколнувањето на нејзината мајка, го пролонгира тоа до нејзината 16-та година.

При првата сцена, со мачката, мислев дека ќе гледам досаден филм, во селска идила, за мрачниот и досаден живот на македонскиот селанин под турско! Ама не! Дури и подоцна ми падна жетонот дека мачката е всушност Марија. :icon_mrgr:

Ова е приказна за осознавањето, за животот. Цикличноста додека, Невена, не научи да го осознава светот, што се тоа чувства, семејство, љубов, и го зема обликот на Билјана, каде се вклопува во заедницата, започна нов животен циклус како девојче, жена, сопруга и на крај мајка.

Дури и кратката позадинска историска приказна за Марија е интересна. Копнеела по дете, "умрела" со тој копнеж. Па и од далечина цело време ја набљудуваше Невена, овој момент од приказната многу ме потсети на "Злорада".

Нешто ново, нешто интересно. Има неколку слични филмови, за шејпшифтери, со индијански фолклор, ама ова е наше!

Филмот не го оценив затоа што го гледав без превод, со дијалектите немав некој голем проблем, но влашкиот не го разбирам, иако баба ми е Влаинка. Ќе си го репризирам, во блиска иднина, со превод.

Глумата беше одлична, а Сара ми е преслатка. :love:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Добар е и шпанскиот God's Crooked Lines на Пауло. Класична мистерија у негов стил, овојпат без класичен плот твист. Еден куп сплетки, мистерии, не знаеш на кого да веруваш.

Јакото кај неговите филмови е што има многу мистерии и сплетки што е многу тешко да се памтат на долго време и после извесен период можеш да ги репризираш исто како да гледаш нов филм. :D

Не се од оние мистерии коишто со еден збор може да ти го поебат цел филм. Ќе ти кажам кој е Кајзер Созе и оди после глеј го филмот да те видам.

Мене Invisible Guest сеуште ми е број еден негов филм, пошто во моментот кога го гледав се имав малце тргнато од оние плот твист филмови, па тој ми дојде ко освежување и шок.
The Body е истотака добар филм.
Серијата е океј, само многу развлечена и некако премногу ми се виде целата таа приказна.
Мираж некако сум го испуштил, не знам како и зошто.

Глејте го новиов ај, малце да праиме муабет.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129

Kajgana Shop

На врв Bottom