Добро бе љуге шо ви стана лом се правите на темава.Да прашаш просечен Русин или Украинец не ни знаат кај е Македонија. Секој има свое мислење ама до толку со емоции и омраза?Мене ми е криво шо нашиве словенски браќа се колат меѓу себе.Работите ќе беа многу подобри за сите да не дојдеше до проклетава војна.И ние скапо ја плаќаме преку невидена инфлација особено во поглед на храната.Само да се надеваме шо побрзо да заврши лудилово.
Сериозно веруваш дека цената на храната во Македонија се должи на крвопролевањето во Украина ?
Македонија најголемиот дел од храната ја увезува од Србија и соседните држави, а не од Украина и/или од Русија.
Да, цената на нафтата игра огромна улога во завршната цена на храната, но уште пред 24 февруари 2022 во Македонија цените на храната полетаа кон небото и никако да се симнат.
А за потсетување токму за време на пандемијата на корона вирусот цените на нафтата масовно паднаа низ целиот свет што едно време нафтените компании работеа со загуба бидејќи плаќаа повеќе за складирање на готовите нафтени деривати отколку што заработуваа од нивната продажба. Тоа кратко време траеше, но цените на храната во Македонија само си растеа.
Украина и Русија ниту малку не се виновни за цените на храната во Македонија, виновни се само македонските трговци кои си ги гледаат своите профитерски интереси на прво место, исто како што и градежните компании и агенциите за недвижности ги напумпаа цените на становите до небо, а десетици илјади станови низ Скопјево зјаат празни.
Лом не се прават членовите на темава, туку општо Македонците меѓу себеси.
Едни ги има кои велат дека Македонија ќе ја снемало без НАТО и/или ЕУ, иако современата македонска држава е формирана во 1944 година кога ниту НАТО ниту ЕУ не постоеле, други ги има кои велат дека ако НАТО и/или ЕУ некого го етикетираат како душман - Југославија, Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, еве сега по ново и Русија, тогаш логиката на здравиот ум и разум налага дека Македонците како уште еден народ жртвуван на олтарот на глобалистичкиот империјализам треба да го поддржува тој нов душман бидејќи од НАТО и/или ЕУ немаме ништо добро дочекано, а од нивен евентуален пораз против тој нов душман можеби нема да имаме никаква корист, но барем нема да имаме никаква штета.
Слично како шпанските републиканци кои ја изгубиле шпанската граѓанска војна против националистите на Франциско Франко кои биле поддржани од страна на Нацистичка Германија и Фашистичка Италија во втората половина на 1930-те години, но сепак сигурно им било мило кога 6 (ШЕСТ) години после шпанската граѓанска војна дознале дека Нацистичка Германија среде Берлин во урнатини потпишала безусловна капитулација во корист на Советскиот Сојуз и анти-фашистичките сојузници.