94 американски филмски награди (Оскари 2021)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2021?

  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
И во мое опкружување гледам како мажи се жртви на емоционални терористи кои ги уништуваат до срж и ги менуваат до непрепознавање, па мора некаде сиот тој отпор да го пренасочат. Ова на Вил Смит е резултат на долгогодишно трауматизирање од кое очигледно не може да се спаси. Секоја чест на Крис Рок, сега ми е уште појак типот, сиот лажен морал го извади на површина, особено дека пет минути после тоа овој плачеше посакувајќи да живее во подобар свет.

А и јас најверојатно се претопив во сивилото на просечноста. Не гледав ниту еден од номинираните филмови за оскар, ниту ја гледав манифестацијата, ама утрово успеав да исчитам се и да ги превртам сите мемиња со случкава, што очигледно говори за тоа колку очајно му требаше ваков „настан“ на Холивуд и академијата.

Да се надоврзам од тоа погоре - ради некојси лингур со фаца на газиран глушец наречен Вил Смит кој од животот направи шоу, а е сосема просечен актер ако не и потпросечен, јас требаше да давам рапорт на жена ми дали би ја одбранил нејзината чест како тој за жена му. Во понеделник, ден (како и секој друг) во кој животот ми е срање и морам да 'рмбам со 120% сила за да врзам крај со крај.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.618
Поени од реакции
18.885

И ? Би ја одбранил ? :kafence:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129

И? Дали?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.843
Поени од реакции
36.894
Нема понесмешно и поантипатично створење од оваа кравава...
:pov::sramezliv:

Ама ситуацијата кога ја стана Кирстен Данст и ја нарече - seat filler или како и да е, е смешна, зашто навистина на шоуто постојат seat filler-и. Гледај ги интервјуата на Тамара Котевска и Самир Љума после Оскарите 2020, и ќе ти стане појасно. Tl/dr - додека трае шоуто не смее ни едно столче да биде празно, затоа кога некој ќе стане за да оди во тоалет (смее да стане само за време на прекините) или ако има некое интервју во бекстејџот (обично добитниците на Оскар), веднаш влегуваат платени луѓе, т.н. seat filler-и кои им седнуваат на местата на овие кои станале, само за да нема празни столчиња. Замената на столчињата се прави на следниот прекин за реклами.
Интересно што никој овде не го гласаше Кода како можен победник. :)
На анкетата не се гласаше за можни победници, туку за наши фаворити. Јас гласав за филм за кој бев 100% сигурен дека е невозможно да земе Оскар и за кој бев сигурен дека при гласањето за номинација освоил 10 место, т.е. бил последен од сите 10.
PotD зашто не доби, која е причата?
Членовите на Академијата се поделени во бранши според тоа на која група припаѓаат. Така има бранша документаристи, има бранша костимографи, бранша монтажери... режисери, актери, продуценти... Секоја од тие бранши си гласа во сопствената категорија: пример - актерите и само актерите бираат најдобар актер, режисерите најдобар режисер и т.н. Но, за најдобар филм гласаат СИТЕ членови од СИТЕ бранши.

Е сега, секоја од тие бранши пред Оскарите си има сопствени награди. На пример, организацијата на режисери си има Directors Guild of America Awards (DGA Awards), и на нив за најдобар филм беше избран The Power of the Dog. Повеќето од останатите бранши исто го избраа The Power of the Dog за најдобар филм...

Но, двете најбројни бранши, со најмногу членови во Академијата се актерите и продуцентите. Обично тие пресудуваат кој ќе освои Оскар. Актерите ги организираат SAG наградите (Screen Actors Guild Awards) и обично секогаш тие награди се најголем предвесник на тоа кој ќе добие Оскар за најдобар актер, актерка, спореден, споредна, па и филм. На тие награди не се доделува награда за најдобар филм, но има награда за најдобар каст, или најдобар ансамбл во филм. И годинава наградата ја освои CODA. Но кога сите други бранши (добро, не сите, но скоро сите) го избраа The Power of the Dog, CODA стана само втор фаворит, зашто јасно беше дека сите останати освен актерите го сакаат повеќе The Power of the Dog. Но, на една недела пред Оскарите се случија последните Guild награди сезонава - на продуцентите (PGA Awards), каде за најдобар филм победи CODA. Тоа беше пресвртот кога стана јасно дека CODA е всушност најголем фаворит за Оскар за најдобар филм, зашто двете најбројни бранши од членовите на Академијата го избраа него за најдобар, и тогаш за прв пат сезонава го презеде лидерското место и на обложувалници и по сајтовите кои предвидуваат за Оскарите.

Така, ова и не беше баш изненадување, скоро и да беше јасно дека CODA ќе го освои Оскарот. Имам и мислење за ова, напишано пред околу недела дена, еве, се самоцитирам:
Откако CODA ја освои наградата за најдобар филм на PGA наградите - награди на продуцентите, кои се исто како актерите, една од најбројните групи гласачи во Академијата, на само неколку дена пред доделувањето на Оскарите, за прв пат сезонава The Power of the Dog не е веќе број 1 фаворит за Оскар за најдобар филм, туку баш CODA е.

Прегледај го приврзокот 326047
Се надевам сега е малку појасно. ;)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.146
Поени од реакции
83.827
А замислете колку во јавноста сега ќе се збореше за оскарите да не се десеше шамарот.
Дај шта даш им е политиката. На организацијата на оскарите им е битно вниманието на јавноста. Како и да било индуцирано.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
А замислете колку во јавноста сега ќе се збореше за оскарите да не се десеше шамарот.
Дај шта даш им е политиката. На организацијата на оскарите им е битно вниманието на јавноста. Како и да било индуцирано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.843
Поени од реакции
36.894
Сега мое видување за овогодинешните Оскари. За декаденцијата на шоуто нема што да се говори, тоа и врапчињата го знаат, па така и оваа церемонија се согласувам дека беше далеку под нивото на доделувањата од повеќе од 10-15 години. Но, ако го гледавте дебаклот од лани што беше снимен во студио помало од студијата на Сител телевизија, не ни имаше водител, не беше ни смешно, ни интересно, ниту пак некој некого зашамари, ќе знаете дека ова беше светлосни години подобро! Ако ништо друго, барем немаше глупави ковид протоколи што попречуваа да се одвива се нормално. Ми се допадна и тоа што малку го убрзаа, па не траеше 100 саати како во минатото, хемороиди да фатиш гледајќи го. Значи, во тој поглед, од мене има прелазна двојка годинава! Реков: далеку подобро од лани, и од дебаклите со згрешениот коверт и погрешното објавување на La La Land за најдобар филм, и сл.

За CODA - последниве нешто повеќе од десетина години филмови како Winter's Bone, Precious, Beasts of the Southern Wild, Whiplash и Minary - сите освојувачи на Grand Jury Prize на Sundance им успеа да бидат номинирани за Оскар. Sundance го сакам зашто е фестивал за малечки филмчиња, такви кои не се продуцирани од големите студија и кои се деби-филмови (или втори) на режисерите кои ги снимиле. Значи филмови кои се правени со малку пари, а многу љубов. CODA беше освојувачот на Grand Jury Prize на Sundance 2021, и е првиот таков на кој му успеало не само да биде номиниран, туку и да освои Оскар за најдобар филм годината. Затоа не да не е веќе мал, туку е еден од најголемите кои освоиле Оскар во историјата! Не беше мојот најголем фаворит, ама беше еден од тие кои најмногу ги сакав, првиот од сите номинирани кој го гледав и дефинитивно тој за чија награда најмногу се радувам. 3 номинации за Оскар, 3 Оскари. The Power of the Dog на „големите“ Netflix - дури 12 номинации за Оскар, а само 1 Оскар! Значи, мој став е дека CODA е еден од најдобрите и најзаслужните освојувачи на Оскар во последните десетина години! Поправете ме ако мислите дека грешам. Филмот може не е којзнае што, но е филм кој има душа, филм кој ако ништо друго, барем предизвикува емоции, и филм во кој навистина секој еден актер изглуми маестрално! Сосема заслужен и Оскарот за Трој Котсур - најемотивниот момент вечерта. Марли Матлин е актерка (исто глувонема) која веќе има освоено Оскар за главна улога за Children of a Lesser God, со неодамна починатиот Вилијам Харт. Девојчето - Емилија Џонс, исто сосема солидно си ја долови улогата. За мене ќе остане филм кој ќе го паметам. И дефинитивно ќе го репризирам деновиве.

Друг момент кој морам да го спомнам а ми се допадна - Оскарот на Џесика Частеин за The Eyes of Tammy Faye. Ис-ки-на! Буквално искина. Освен таа, единствена која исто сосема заслужено ќе го добиеше Оскарот беше Кристен Стјуарт, и малку ми е мака за неа, но млада е и извонредна актерка (овие од Twilight сепак се многу повеќе од Twilight), па не се сомневам дека ќе освои Оскар многу скоро во иднина. Џесика заслужи мноооогу Оскари последниве години. Прекрасна беше и во Zero Dark Thirty, во Molly's Game, Miss Sloane, The Help... Па и во Interstellar, The Tree of Life... Овој Оскар го гледам не само како Оскар за The Eyes of Tammy Faye (ама ако го гледате ќе сфатите дека е 100% заслужено), туку како почесен Оскар за една цела декада одлични перформанси на филм. Еден од најзаслужените Оскари последните години!

Една работа што ми е жал: ова беше година на Ендрју Гарфилд! Гарфилд е еден од актерите кои најмногу ги сакам (знаете: Never Let Me Go, нормално :P). Годинава растури во tick, tick... BOOM! Одличен беше во The Eyes of Tammy Faye. Па дури и емотивното враќање во Spiderman: No Way Home беше за поздрав. Можеби е ова повеќе навивачки, но сметам дека го заслужи Оскарот повеќе од било кој друг (иако знаев дека нема шанси да го освои).

И за крај, за шамарот: Крис Рок ја претера, Вил Смит уште повеќе. Значи не правете жртви ни од едниот ни од другиот. И првиот си заслужи шамар, и на вториот не му требаше тој сељачки блам. За мене тоа е крај на муабетот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.146
Поени од реакции
83.827
Се извини само. ништо не кажа за подршка на Украина. :(

Енивеј, океј им беше ова, пошто стварно никој кур немаше да го боли за тоа кој дегенерик вечер на цел свет му одржал лекција за етика од бината. Ќе беа запамтени само по тоа што PotD не доби. Тоа ќе беше главниот настан. Задутре, веќе никој немаше да си спомнува за манифестацијава. Сепак, не знам дали е тоа доволно. мислам дека треба на сите Оскари, од сега па натаму, барем по едно две тепачки да има. Тоа, ако сакаат да ни задржат внимание. И женска тепачка да има. Мора диверзитет. Оноа, да се ваљаат по црвенион тепих, со измачкани шминки и раскубани коси.
Така евентуално, би се дошло до добитна формула за ултимативна гледаност, кај што се тепаат у арена за оскарите. До задњи. По категории.

Шо знам, другачие не гледам како би ме занимало да го глеам ова креативно и етички банкротирано друштво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom