Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Инаку, сосема ОК филмче, забавно, интересно, уникатно... Одлична сатира на (не)времето од кое сме дел. Крајот никогаш нема да го заборавам.Oва е дефинитивно најдобриот филм на Адам Меккеј кој сум го гледал до сега. Уште го имаше тој неговиот печат со неповрзаните „сликички“ но овојпат не ме нервираше тоа, туку напротив, ми одеше во прилог и уживав, но фала-богу, недостасуваа зум-ин и аут игричките што толку ме нервираат кај него, па може затоа ми се допадна повеќе од претходните негови.
Конечно и јас го изгледав, без било какви претходни познавања, освен имињата на куќите и планетата (ова дека 2 пати го имам пуштено филмот на Линч додека го имаше на Netflix, и 2 пати не успеав да стигнам ни до 30 минута). Јас немав проблем со разбирање на целиот универзум, иако верувам дека е тоа многу поупростено разбирање од некој кој ги читал книгите, нормално. Инаку се согласувам со првото мислење на @Io Sono Interista дека во денешно време скоро сите серии и филмови ги прават вака: in medias res, без да ни направат некој build up. Ама, ете, тука јас немав толкав проблем со разбирање како што имав во (на пример, зашто најтазе ми е гледана таква) Shadow and Bone. Таму човече, до пред крај стигнав на сезоната а уште поим немав кој е кој и што е што. Слично ми беше и со The Witcher. Сега споредбиве може се неумесни зашто сепак тоа се серии, а ова филм, но штом во серија каде дејството може да го развлекуваат во недоглед они се одлучуваат да започнат од нигде никаде, во филм каде се далеку поограничени, сигурно дека ич нема да им смета.
За жената во црно веднаш сфатив дека е некоја архи-вештерка, или господин господин вештерка, сеедно, ама со кутијата да, не го сфатив филмот.
Инаку, цело време имав впечаток ко да сум го гледал филмов, а тоа е така зашто на некој начин, барем по визуелниот момент, го доживеав како трет дел од трилогијата на Вилнев: Arrival - Blade Runner - Dune. Особено визуелно наликуваше на вториот, но и значително послаб беше. Се согласувам и дека смета отсуството на емоции и дијалози во филмовите на Вилнев, или барем во овие три, но мене тоа не ми смета толку, посебно не во Blade Runner и Dune, зашто го доживеав како природен тек на еволуцијата на човештвото: по десетици илјади години од сега некако нормално ми е луѓето да се отчовечени, да се без емоции, налик роботи, и да ја изгубат потребата од интензивна комуникација (процес кој и ден денес е почнат, со целата оваа технологија, мобилни телефони и компјутери... На Рекорд дури и семафори на земја поставија за да можат тие кои главата не ја креваат од мобилниот да видат дали свети црвено светло, побогу).
И тоа.
The Power of the Dog навистина одличен! Моментално дури и го презеде првото место на листата фаворити за Оскар. Многу ме посеќа на There Will be Blood. Убаво раскажана, тивка драма која на крај се претвора во. Гледајте го, мислам дека ќе биде hate it or love it филмот на годината, и претпоставувам ќе го ставиме следен на тапет во темата со спојлери.хорор
Идејата на режисерката сигурно била:И voilà!how to make gay movie without gayish things in it?
Ова беше првиот од сите кои го гледав. Малку спласна впечатокот со текот на времето, но уште сметам дека е прекрасен филм!CODA одличен! Официјално оскаровската сезона може да ја прогласам за отворена, со еден од најсериозните кандидати за номинација. Може ќе ви изгледа крајно клишеизиран, но за мене беше прекрасен!
Оу, каков филм! Потсетува многу на филмовите на Нури Билге Џејлан, кој е еден од моите најомилени режисери - и по должината, и по дијалозите кои му се стожерот. Нема некакво дејство, всушност ништо и не се случува. Само дијалог, дијалог, дијалог... Сценариото - masterpiece! Плус, провејува духот на Мураками тука (филмов е направен според расказ / новела на Харуки Мураками, со истиот наслов), што е уште еден голем плус, зашто и Мураками е еден од авторите кои многу ги сакам. Го има тој меланхоличен сензибилитет, типично муракамиевски, кој навистина многу ми се допаѓа. Прекрасно! Штотуку видов дека и покрај тоа што еден Фархади и еден Сорентино се во истата конкуренција, баш овој филм е главен фаворит за Оскарот, пред нив. A Hero не сум го гледал, но во споредба со другиот, секако дека доколку овој освои, би било позаслужено. @Shawn Spencer погоди дека овој филм најмногу ќе ми се допадне. До сега, заедно со германскиот (погоре), во топ 2 фаворити! 9/10
И уште една препорака!
(NOTE: филмов е ептен slow burner, па така - стоп за оние кои сакаат дејство - тука нема да го најдат)
Ова е мислам мислење на сите, освен на некои хардкор фанатици на Dune.Дебел, црнец, жена
Body positivity, racial diversity, sexual diversity
сите квадратчиња ги штиклирале, при изборот на водители
напредно, нема што
Автоматски споено мислење:
IMO, Dune и Dont Look Up не се за Оскар уопште. (освен можда Dune во некои технички категории)